Среда, 17 Јуни 2020   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (58)

9.9

Мане Јаковлески е еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ и има големи заслуги за развојот на партијата и шерењето на нејзината мрежа, како во земјата така и во дијаспората. Како на свое чедо, тој на секој можен начин ја помагал партијата и ги спроведувал најтешките задачи. Тој бил иницијатор, организатор и активно учествувал во формирањето на општинските комитети. Истовремено со лични средства ги помагал овие активности. За својот огромен партиски ангажман некои од ветерани сметаат дека Мане требал да има видно место во паријата.

1.7.4

Во кабинетот на поглаварот на МПЦ-ОА, од лево на десно седат Гојко Јаковлески, митрополитот г. Кирил, г.г. Стефан, Делче Ицков и Манојил Јаковлески

Во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески, од авторот Киро Кипровски, бизнисменот Делче Ицков, вели дека „Мане заслужува да биде потпретседател на ВМРО ДПМНЕ. За своето познаство со Мане и за неговите партиски ангажмани при формирањето на општинските комитети на партијата во Гостивар, Тетово, Кичево, Дебар и во други општини тој ќе напише:

„Со Мане Јаковлески се запознавме во далечната 1988 година, во неговиот ресторанот „Солун“ во Гостивар, кој во тоа време под кирија го имаше мојот другар, Љупчо Билбиловски.

За првпат тогаш, сретнав повозрасен човек од Гостивар, со кој можеше отворено да се зборува за слободна, независна и обединета Македонија. Со него разговорите секогаш беа долги, искрени и полни со жар и љубов кон Македонија, а посебно ме исполнуваше кога разговаравме за обединување на Вардарска, Пиринска и Егејска Македонија.

Со формирањето на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија, природно беше јас, Цветан Личковски и Љупчо Билбиловски, да се ангажираме за формирање на огранок на партијата во Гостивар, да работиме на ширење на вмровската идеја меѓу младите, да бидеме дел од ВМРО-ДПМНЕ.

Мане Јаковлески беше носителот на сите активности, за формирање на Општинскиот комитетет на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар. Исто така, можам да потврдам, дека тој, заедно со нас, неколкумина вмровци, учествувавме во формирањето на општинските комитети на партијата во Тетово, Кичево, Дебар и во други општини. Не само што беше иницијатор, организатор и двигател на активностите во формирањето на општинските комитети, туку со лични средства ги покриваше организационите трошоци. Долги години, финансиски го помагаше и го поддржуваше Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар. Многу пати бев сведок, кога Јаковлески со свои пари, ја помагаше и централата во Скопје.

Заедно со Мане успеавме, Општинскиот комитет од Гостивар, да се вброи меѓу најуспешните и најактивните комитети на ВМРО- ДПМНЕ во Македонија. Во овој контекст, морам посебно да напоменам, дека авторот на монографијава, Киро Кипровски, истакнат новинар и публицист, кој во тој период беше уредник на Радио Гостивар и дописник на дневниот весник „Нова Македонија“, беше еден од ретките во Македонија, кој придонесе на најпрофесионален начин во Гостивар да се воведе плурализам и демократија, покажа и докажа како треба непристрасно и професионално да се информира. Всушност, тоа беше и почетокот на демократските процеси во Македонија.

Кога велам дека ВМРО-ДПМНЕ Гостивар е еден од најуспешните комитети, го поткрепувам со фактот, дека неговото раководство придонесе на најдиректен начин, партијата на првите повеќепартиски избори во Македонија, да освои 38 пратенички мандати.

На денот на гласањето од првиот круг на изборите за пратеници, на гласчко место во населба „Циглана“, кое се наоѓаше во дворот на Туланата во Гостивар, дојде до проблеми. На голем број гласачи, кои ни беа наклонети, не им беше дадена можност да го искористат своето гласачко право. Во дворот на Туланата бевме јас, Цветан Личковски, Љупчо Билбиловски и Боге Илиевски, како и членови на претседателството на Општинскот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар. Откако видовме дека многумина гласачи се онеправдани, се договоривме на оваа измама, да одговориме со земање на гласачките кутии од гласачкото место. Така и направивме. Колоната ја предводеа Љупчо Билбиловски и Боге Илиевски со гласачките кутии враце, а зад нив на излезот од дворот на Туланата беше создадена колона од над 150 луѓе, кои не гласаа и се упатија кон центарот на Гостивар. Од стотици грла ечеше „ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО- ДПМНЕ ....“Извиците ги прифаќаа и луѓето кои се наоѓаа на улиците. Како што се приближувавме кон центарот на Гостивар, колоната стануваше се поголема и поголема и во еден момент, слободно можам да кажам, броеше неколку илјади гостиварци, кои во еден глас извикуваа ВМРО-ДПМНЕ.

Подоцна беа организирани граѓански митинзи во Гостивар, Тетово и Скопје и на сите митинзи најзначајно за ВМРО–ДПМНЕ беше, што за цело време се извикуваше името на партијата. Овие настани придонесоа во Македонија да се промени сликата и мислењето за ВМРО-ДПМНЕ. Како резултат на тоа, во вториот круг освоивме 38 пратеници.

Слободно можам да кажам, дека бројката од 38 пратеници е во голема мера заслуга на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар. Мане Јаковлески, кој во тој период цело време беше со нас и нескриено ја покажуваше гордоста и задоволството што членовите на гостиварското раководство на партијата и македонските патриоти од населбите „Циглана“, „Дутлок“ и од другите реони на Гостивар, беа на чело на настаните.

Мане Јаковлевски, од основањето на ВМРО – ДПМНЕ па се до денес, беше и остана столбот и моторот на партијата во Македонија и во дијаспората. Од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, беше именуван за претседател на Задграничниот комитет за дијаспората и според мое длабоко уверување и мислење, тој е најзаслужен што ВМРО е единствена партија што има организарана дијаспора.

Ако се направи детална анализа на 27-годишното постоење на ВМРО-ДПМНЕ, и ако се види придонесот и активноста на личностите кои продефилирале на одговорни партиски функции, нивниот ангажман и потрошено време и пари, ќе се дојде до констатација дека е направена голема неправда кон Мане Јаковлески, што не му се доделија оние функции, кои ги заслужуваше. Најмалку, тој требеше да биде избран за потпретседател на ВМРО- ДПМНЕ.

Зошто ова го велам и го тврдам? Време е ВМРО-ДПМНЕ своите искусни, проверени и подготвени кадри, да ги позиционира на високи функции во партијата. Само на тој начин, директно ќе можат новите кадри да учат, како се раководи партија. Во секоја организација, претпријатие, фирма или др. сите вработени почнуваат како почетници, но со текот на времето, со добиеното искуство полека напредуваат и добиваат унапредувања, а стекнатото искуство подоцна го пренесуваат на помладите кадри.

Истото мислам дека треба да се случува и во ВМРО ДПМНЕ, каде постарите и искусни кадри, ќе можат со непосредна работа и комуникација, да ги подучуваат помладите кадри и да им го пренесуваат своето искуство. Од овие добронамерни причини, тврдам дека Мане Јаковлески најмалку што треба да биде во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е функцијата потпретседател.“

(продолжува)

 

На прво место

News image

Коалициите на СДСМ траат само неколку часа

Коалициите на СДСМ траат само неколку часа се додека тие самите не се демантираат

Историја

News image

Русинот Бурич од Историската Конференција на Малта 1989: Без Македонизмот паѓа и целата цивилизација!

Осврт кон делото на рускиот мислител Владимир Бурич базиран на разговорите водени со него од макед...

Иселеници

News image

ПАРАКЛИСОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА И СПАСИТЕЛОТ ИСУС ХРИСТОС“ ВО ЗУБОВЦЕ (24)

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС...

Култура и туризам

News image

ЗБИРКА ПОЕЗИЈА ОД ОЛИВЕРА ЈОВАНОВСКА

Деновиве, во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј, излезе од печат првата зборка поезија под ...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (33)

ПРАИСТОРИСКИОТ КРИТ И КИКЛАДСКИТЕ ОСТРОВИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.