Среда, 29 Јули 2020   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (64)

1.0.6

Во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески, од авторот Киро Кипровски, објавени се повеќе текстови објавени и во Македонска нација. Меѓу нив е патеписот за посетата на Мане Јаковлевски на Ерусалим. Имено во ноември 2011 година на покана на владата на Израел, како член на Фондот на Холокаустoт на Евреите, Јаковлевски го посети Израел.

Во денешно време, да се посети Витлеем, родното место на Исус Христос и да се посетат светите места во Ерусалим е сон на секој верник. Аџилакот е посебно доживување за секој кој тргнал по стапките на синот Божји.

Мане Јаковлевски беше на аџилак и пренесувајќи ги своите прексрасни спомени од посетата на родното место на Исус и Ерусалим, тој ќе напише:

„Во ноември 2011 лето Господово на покана на Министерството за надворешни работи на Израел, членовите на Еврејската заедница и на Фондот на Холокаустoт на Евреите во Македонија, бевме нивни гости во официјална посета.

Престојот го искористив и да го минам патот низ кој минувал Исус Христос, од неговото родно место Витлеем до Ерусалим, каде што се наоѓа неговиoт вечен дом, и каде е изградена црква. Со патувањето ми се исполни мојата голема животна желба, за која долго сонував, да станам аџија.

Витлеем родното место на Исус Христос

За да се стане аџија треба да се помине целиот пат, од Витлеем родниот град на Исус Христос до неговиот гроб во Ерусалим. Патувањето го започнав од Витлеем (Bethlehem) град на Западниот Брег, кој се наоѓа блиску до Ерусалим, а во негова чест изградена е базилика Рождество Христово.

Маслинова гора или гетсиманска градина

Пристигнав на врвот на Маслиновата Гора – Гетсиманската градина, од каде се овозможува прекрасен панорамски поглед на Стариот Град, Сионскиот Рид и новиот дел од градот.

На Маслиновата гора (планина), се наоѓа Гетсиманска градина, каде има осум маслинови дрвја, кои се стари над 2000 години. Маслиновата гора е местото каде Исус Христос ги одржувал повеќето од своите молитви и каде често пати ги собирал своите ученици - апостоли.

Маслиновата гора е и местото каде Јуда Искариотски дошол со војниците и со бакнеж на левиот образ на Исус, го предал на Кајфа.

Прекрасен спомен ми остави посетата на Кармелискиот манастир, кој се наоѓа над Елеонската Гора во Ерусалим. Тука ги видовме сите поставени плочи, 161 на број, со текст од молитвата на различни јазици. Меѓу нив, ја забележав и македонската, која е 155 по ред. Таа, молитвата “Оче наш“ на македонски јазик, се наоѓа од десната страна на ѕидот, пред самиот влез во храмот. Со гордост и задоволство можам да кажам, дека зазема почесно место и невозможно е, а да не се забележи тоа.

Стариот град во Ерусалим

Стариот град (Ерусалим) е особено доживување. Карактеристично е дека во него може да се влезе од 7 различни порти од градот, а најпознати се: Јафа и Сион. Стариот град е место, каде се наоѓаат некои од клучните религиозни знаменитости на трите религии во градот: Ерусалимски храм заедно со Ѕидот на плачот – за евреите, Светиот Гроб – за христијаните, и џамиите Кубат Ал Сахра и Ал Акса – за муслиманите. Секоја од нив, кај нас предизвика интерес и восхит.

Патувањето во државата Израел го започнавме од Витлеем, град што се наоѓа на 765 метри надморска височина, со 20.000 жители, а од Ерусалим е оддалече дваесетина километри. Градот е познат по тоа што во него е роден Исус Христос, а во негова чест изградена е базиликата Рождество Христово. Во Витлеем роден е и Давид, и во Библијата многу често се спомнува како „градот на Давид“.

Многу Христијани ја посетуваат црквата Рождество Христово, која се се наоѓа на плоштадот Мангер, што во превод значи јасли. Црквата е една од најстарите и сеуште е во функција. Се состои од два дела –базиликата Рождество Христово и црквата Св. Катрин. Пештерата на Рождество Христово е најзначајна. Таму се наоѓа сребрената ѕвезда и се смета за точното место на Рождеството Христово.

Стариот град Ерусалим

Според хебрејските ракописи, со Стар Град (Ерусалим) цар Давид владеел во 970 година п.н.е. Него го наследил синот, Соломон, кој го изградил Ерусалимскиот храм на планината Мориах. Храмот на Соломон,( подоцна наречен Прв Храм) прераснал во големо светилиште во еврејската историја, а се смета дека подоцна во него бил чувани Ковчегот на Заветот. Повеќе од 600 години, односно сѐ до преземањето на градот од страна на Вавилон, градот бил престолнина на Јудејското кралство и религиозен центар на Израелците. Овој период е познат како период на Првиот Храм. По смртта на Соломон, (930 п.н.е.), градото станал престолнина на царството.

По заземањето на градот од страна на Вавилон во 586 година п.н.е. завршил првиот период на храмот. По педесет години, откако Евреите биле протерани од градот, персискиот крал Кир II им дозволил повторно да се вратат. Со нивното доаѓање, дошла и идејата за повторна реконструкција на ерусалимскиот храм.

Во времето кога Александар Македонски ја поразил Персија, Ерусалим потпаднал во рамките на македонската држава. Во 198 п.н.е., Птоломеј I го изгубил Ерусалим предавајќи го градот на Селевкидите.

Селевкидската Империја (312 п.н.е.- 63 п.н.е.) била империја во античкото време, т.е. една од империите – наследнички на македонската империја на Александар III Македонски. Ја основал Селевк I Победникот, еден од генералите на Александар Македонски.Селевкидската Империја била главно сместена на Блискиот Исток.

Стариот Град во Ерусалим е оддалечен на околу еден километар од модерниот Ерусалим. До 1860 година овие простори на градот ја сочинувале внатрешноста на градот. Стариот Град има форма на неправилен круг. Може да се влезе од 7 различни порти, а најпознати се Јафа и Сион. Стариот Град е место каде се наоѓаат некои од клучните религиозни знаменитости на трите религии: Ерусалимски храм заедно со Ѕидот на плачот на Евреите, Светиот Гроб е за христијаните, а за муслиманите џамиите Кубат Ал Сахра и Ал Акса. Во 1980 година, Стариот Град во Ерусалим е заштитен од УНЕСКО.

Денешниот Стар Град во Ерусалим е 3 – 4 пати помал од древниот Ерусалим од периодот на Ирод Велики. Во 66 – тата година, на почетокот на востанието против Рим, градот го достигнал најголемиот подем, со околу 100.000 луѓе, бил четврт град по големина во светот, по Александрија, Антиохија и Рим. Ерусалим бил заграден со големи ѕидови. Неговите кули достигнувале и до 40метри. Центарот и главен објект бил Ридот на храмовите.

Стариот град е поделен на муслиманска, христијанска, еврејска и ерменска населба.

Еврејската населба

Во еврејската населба се наоѓа Ерусалимски храм (Harha-Bayit) оградена со Ѕидот на плачот. Во Израел населбата уште ја нарекуваат Западен ѕид, бидејќи е единствениот дел што останал од Вториот храм. Според евреите, тоа е местото од каде започнало создавањето на светот.

Муслиманска населба

Вистинскиот камен на храмот се наоѓа под џамијата Ал Акса, која е зад Ѕидот на плачот. Зад неа се наоѓа џамијата Кубат Ал Сахра (катедрала на каменот).

Христијанска населба

Во стариот град на Ерусалим се наоѓа црквата Воскреснување, позната како брдото на Голгота, каде според Библијата бил распнат Исус Христос. Исто така, во стариот град се наоѓа и Светиот Гроб, место кое се смета дека е гробот на Исус Христос.

Ерменската населба

Ерменската населба е најмала во Стариот град која се наоѓа до христијанската населба.

Кармелиски манастир (ОЧЕ НАШ)

Овој манастир, се наоѓа над Елеонската Гора во Ерусалим. Црквата се нарекува Елеонска и се наоѓа над пештерата, за која се верува дека повторно ќе се случи вознесението.

Тука, за последен пат Исус ги собрал своите апостоли и ги научил на молитвата “Оче Наш“. Текстот на молитвата е испишан на скоро сите светски јазици, на керамички плочи врамени со шарени венци од цвеќе, поредени една до друга на ѕидовите на црквата, под тремот и во дворот. Тоа е целиот свет во мало издание што го спојуваат зборовите на иста молитва, досега се поставени 161 плоча со текст на молитвата на различни јазици, а македонската е на 155 по ред.

Плочата со молитвата “Оче Наш“ на македонски јазик се наоѓа на десната страна на ѕидот, пред самиот влез во храмот. Со гордост и задоволство можам да кажам дека зазема почесно место и невозможно е, а да не се забележи.

Сионската горница

Сионската горница е место во Ерусалим, каде се одржала Тајната вечера на Исус Христос и Апостолите, била последниот оброк на Исус Христос кој го поделил со апостолите, пред да биде предаден од страна на Јуда.

Според она што Апостол Павле го раскажал во Првото послание кон Коринтјаните, на Тајната вечера се јадело леб и вино. На собирот, Исус најавил дека ќе биде издаден од еден од неговите ученици, по што ќе биде убиен. По ова, тој го зел лебот во раката говорејќи: „Земете, јадете, ова е Моето тело, кое се крши за вас. Правете го ова за Мој спомен!“ Земајќи ја чашата рекол: „Ова е чаша на Новиот Завет во Мојата крв. Правете го ова, секој пат кога пиете, за Мој спомен!”

Голгота или Калварија е рид во Ерусалим каде што според Библијата е распнат Исус Христос.

Распнувањето на Исус е настан кој се случил во текот на првиот век од новата ера, кога Исус бил уапсен, измачуван и осуден на смрт од страна на Понтиј Пилат, со распнување на крст. На широкото плато на некогашната тврдина Антонија, Исус е осуден на смрт, без да бара помилување од омразениот Пилат. Исусовото распетие е запишано во сите четири Евангелија.

Црквата на Светиот гроб - гробот на Христа

2.7.5

Под големата ротонда на црквата Светиот Гроб, направена е мала, посебна црква во која се наоѓа Христовиот Гроб. Според Библијата, Јосиф од Ариматеја, кој цел живот го правел својот гроб, му го отстапил на Исус, каде е пренесено телото и на влезот е ставен камен. На ова место владее совршена хармонија, црквичката е во полутемнина, од надвор не насликана, со сива боја и архитектура со спирални столбови. Пред влезот во гробот од двете страни стојат големи свеќници, кандила, а сликите на сите апостоли го засенуваат влезот на гробот. Од левата страна стои свеќата на вечниот оган, на кој се пали сноп од 33 свеќи кои ги симболизираат годините на Исус кога бил распнат и веднаш се гасат во посебно метално ѕвоно. Се чуваат како реликвија и се палат во посебни прилики или се поклонуваат на кумовите и пријателите. Потоа, влеговме во малата просторија, Капела на Ангелот, ја наведнав главата под преубавиот отвор изработен од слонова коска, со височина околу метар и половина, за да влезам во просторијата на Гробот на Христа. На ѕидот се наоѓаше иконата на Богородица, зад која се криеше каменот на вистинскиот гроб.

Воскресението на Исус Христос

2.7.6

Воскресението на Исус Христос е клучен настан, врз кој е изградена главнината на христијанската религија, обичаи и доктрина. Според Новиот Завет, Исус воскреснал од мртвите на третиот ден по смртта. Имено, откако починал како последица на распнувањето на крстот, бил погребан во една пештера. Неговите следбеници треетиот ден по погребот, гробот го нашле празен.

Од смртта до воскресението поминале точно 33 часа. Во евангелието на Матеј се вели дека над Исусовата гробница се појавил ангел. Гробницата прва била посетена од страна на Марија Магдалена, која ја затекнала празна. Според Лука, имало два ангела, а според Марко пак, млад човек бил облечен во бело. Според евангелието на Марко, на денот на своето воскресение Исус најпрвин и се јавил на Марија Магдалена. Според Јован пак, кога Марија Магдалена погледнала во празната гробница, еден од двата ангела ја запрашал зошто плаче, а кога таа се завртела кон нив, го препознала Исус кој го изговорил нејзиното име.

Апостолите тврдат дека Исус во следните четириесет дена се појавувал пред различни луѓе насекаде. Се појавил и пред Апостол Павле, кој претходно бил голем противник на Исусовото дело. Пред да воскресне, Исус им рекол на своите ученици да проповедаат и меѓу нееврејското население.

Христијаните го прославуваат денот на воскресението, односно Велигден, како најголем верски празник.“

(продолжува)

 

На прво место

News image

БУГАРСКИТЕ ВЕСНИЦИ ОД 1905 ГОДИНА ЈА НАПАЃАЛЕ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ДЕЈНОСТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Во нашата јавност е малку познато дека, за разлика од денес, бугарските весници од околу илинденск...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (72)

Македонскиот народ се соочува со огромни притисоци и со оваа марионетска власт предводена од лидер...

Иселеници

News image

БОГАТО МИНАТО И СЕГАШНОСТ НА ДРЕВНАТА МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА (3)

Во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на ...

Култура и туризам

News image

МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ЈУГОСЛАВИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. КИРИЛ“ ВО РИМ ВО 1979 ГОДИНА - ДЕЛ I (23)

ЕДИНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ 

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (39)

  ХЕСПЕРИДИНИТЕ ГРАДИНИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.