Среда, 21 Јуни 2023   
Значењето на Аристотел за македонскиот народ и држава

aristotelГоворништвото, логиката, науките, медицината, филозофијата, образовните институции, методите и богатата умна мисловност е наше наследство, наследено од Аристотел, кое што е наследено од најславните луѓе Македонци што живееле со Аристотел, пред него и по него. Врската на луѓето во науката е истата наследна врска на кралевите поврзани со народот искажани како наследство со тестамент и едноставно по сродност.

Македонските цареви имале имиња што по илјада години се повторувале на престол. Имале и презиме – Македонски, како Александар Македонски. Со удирање по штитот со копје се прогласувал владетелот од династијата. На ист начин се прогласувала и победата. Кралот во Македонија управува според закони. Кралските другари, советниците и советот на старците кај Македонците исти се како што ги сретнуваме кај Хомер и Херодот. Кралот како првосвештеник раководи со светилиштата како Филип со Анфиктионите во Делфи. Тој е најучениот човек и најдобриот говорник, оратор за да може да го убеди народот за правилна примена на власта, во законите и обичаите. Затоа филозофијата на Аристотел се дела на посветени, тајни учења, за кралските другари и обичните школи, за народот и фалангата. Тоа македонство го ширел Александар и затоа во секој град за управник оставал Македонец и македонска управа.

Кралот Македонец договорите ги потпишувал со свое име, на пример:

- Кралот и Македонците.

- Кралот и фалангата и се обраќал со:

- Македонци мои.

Кога се изрекувала смртна казна по македонски начин тоа било каменување. Судењето било на кралот со Македонците. Народот имал право да му се обрати диркетно на кралот и преку советниците, царските другари, учителите гардата.

Дворската церемонија имала свои правила во свеченостите, прославите, ловот, проследени со сите македонски инсигнации, симболи на сонцето, пурпурот, дијадемите, круните, парадното оружје и сепак, сите македонски кралеви и цареви, живееле во фалангата обележани со лента на главата. Многу сложена организација применувале Македонците за да се одржи висок степен на образование и увежбаност на фалангата. Тоа ни ја отсликува поврзаноста на царските луѓе со луѓето од науката и македонските школи за секоја намена. Тоа е поврзаноста на Филип и Аристотел. Тоа е царувањето поврзано со филозофијата и науките што обезбедило висока технологија  на оружјето, монетите  со ликот на царот, статуи на царевите и филзофите по светилиштата на Аполон и Артемида, во градовите со театри, паркови, школи, сите богато украсени со столбови, мозаици, фрески. Македонските градби, патишта, градови сами зборуваа за својот раскош и го претставуваат македонскиот творечки ум во сите области. Македонското погребување во археолошките ископини го потврдува истото, со сите артефакти на покојникот со златни маски, оружје, садови, монети и ковчеже со сонце, шеснаесеткракото македонско сонце.

Раскошните имоти опишани во тестаментот на Аристотел и луѓето, фамилијата, градовите и државата ни ја потврдуваат поврзаноста на филозфите со царевите и во образованието и во економското обезбедување. Архелај, Аминта, Филип, Александар, знаеле дека инвестицијата во образованието дава трајни резултати. Македонија тоа го правела за себе и за идните генерации во светот. За да не’ признаат некои дека Филип е Македонецот и Аристотел е Македонецот, дека Македонската историја е македонска, треба да потсетиме на специјалната метода да се брише презимето на македонските филозофи, со тоа што се обележуваат по градови. Така Аристотел е од Стагира, Хераклит од Ефес, Демокрит од Абдера… И ако сите градови заедно со Атина биле Македонија, а подоцна светска империја на Македонците, од кои што произлегле сите древни корени за светската цивилизација.

Грците сега биле многу осетливи на името Макеоднија и мака мачат да го претстават тоа име како “грчко”.

Аристотел на време ги предупредил: „Тие што лажат прават да не им се верува и кога ќе ја зборуваат вистината”. Колку плитко и колку смешно кога сакаат да ја убедат Европа со сурогати во нешто кога таа располага со оригиналите од Македонија. Во една прилика Диоген рекол: „Види, види, големите крадци фатиле мал крадец“. Та Европа располага со писмото на македонските цареви. Птоломеи, со Розета, стели, обеликс, со македонската бронза, монети, накит, со сето непроценливо богатство од Македонија. Иконите, фреските, евангелијата, кирилицата претворена во латиница, христијанството во католицизам, со разни секти, сето тоа е ограбено од Македонија. Сите аргументи на Атина се да и` се даде легитимет од оние што ја поделија Македонија и &  дадоа градови и земја да и` потврдат дека и луѓето Македонци и целото културно наследство во Македонија да и се признае нејзе. Како не сфаќа дека Франција, Англија и Германија немаат колонии како некогаш. Сега се на ред македонските ресурси во ограбување, под изговор, дека некогаш ќе не` примат и ќе не` признаат во своите институции по древно македонски начин уредени. Европа е во Македонија, дојдена со Грција заедно и со сите наши непријатели да соберат уште нешто што останало. Душите и горчината не ни ја гибаат, таа е широко распространета по светот до кајшто има Македонци. Нашето духовно богатство и гордост на претек не` крепи за вечност. Тоа се должи на долгата историја, македонските династии, умните луѓе и неуништивоста на народот, на Македонецот, репрезентативен примерок од човечкиот род, Аристотел и Филип.

Влијанието што Македонија го извршила во светот како света мисија останала до денеска. Први во светот, Македонците го поврзаа космосот со митологијата, со материјата и духовното уметничко творештво, со државата и народот, со сончев симбол, со с# постоечко со македонски корени. Школите од Македонија, опсерваториите, мермерните палати, патиштата, симболите, светилиштата, славните луѓе од науките и филозофијата со писмото, македонските цареви, сето тоа ја дало надградбата во совршените науки како атомистичка и компјутеризацијата. Аристотел го овозможил развитокот на науките со методите образложени во логиката. Аристотел најумниот чвек на сите времиња, бил и останал Македонец, изданок од богатата генетска наследност на кралеви филозофи, племиња и народи сродни со Македонците од Македонија и светот.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.