Среда, 11 Октомври 2017   
На 15 октомври обединети со ВМРО ДПМНЕ за посилна Македонија!

svekrva-nova
Свекрва

Долгата политичка криза и лошата економска политика на новата влада предбодена од СДСМ ја втурна Македонија во рецесија. Немањето визија и храброст на Зоран Заев да продолжи со капиталните инвестиции, како и нивно преполовување, ја внесоа економијата во слободен пад од кој тешко ќе се опарави земјата. Македонската економија стагнира, стопанството е пред колапс, извозот се намалува, се отпуштаат вработени, стандардот на граѓаните паѓа, а трошоците растат, се воведуваат нови даноци кои драстично удираат по џебот на граѓаните.

Меѓутоа, ваквата состојба како да не ја загрижува Владата на Зоран Заев, која наместо да продолжи со успешните практики на ВМРО ДПМНЕ, сите сили и средства ги насочува да ги исполни желбите на нарачателите, на оние со чија помош дојде на власт.  

За да го спроведат ветуваното, како кон меѓународната заедница, така и кон албанските коалициони партнери, оние кои порано критикуваа дека институциите и службените возила се користат во партиски цели, денес со истите возила ја крстосуваат земјата ветувајќи му на народот дека доколку бидат избрани по локалните избори на 15 октомври доаѓа  подобар живот. Изгледа дека ова раководство одамна е оперирано од морал и етика.

Таква слична реторика беше слушната многу одамна кога за времето на Бранко Црвенковски се ветуваше дека по 15 септември ќе има по еден вработен од семејство. Чекајќи на нивните ветувања за вработување и подобар живот многумина мораа да ја напуштат земјата, а некој и овој свет.

Народот е свесен за неспособноста на владата на Зоран Заев, како што се свесни и оние центри на моќ кои ги поддржаваат. Тоа го покажува и последната анкета на Институтот „Димитрија Чуповски“ која укажува дека на претстојните избори за ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 38,6 % од испитаниците, додека за СДСМ поддршка би дале 21,8 %.

Поради ваквите резултати, за да може СДСМ и коалицијата да успее, да освои што повеќе градоначалмички места и да им го испорача тоа што го тие го очекуваат, денес можеме да ги видиме како разни преставници на центрите на моќ крстосуваат низ македонските места припремајќи го теренот за нивните пулени. Мешањето на разни надворешни структури, говори за неизвесна битка за освојувањето на локалната власт.

Дека битката е тешка и дека има големи притисоци, покажуваат пресметките меѓу членовите на спротивставените партии, искршените партиски штабови, односот на СЈО за време на пресизборната кампања, како и полицијата која во овој период прави хајка на опозициските преставници и т.н.    

Освојувањето на локалната власт за СДСМ и коалицијата е многу важна, бидејќи тоа е последниот бастион кој и се испречува на патот за распродажба на земјата (име, идентитет, земја, вода, воздух). Денес се говори за ЕЛЕМ, утре за водите на Рашче (сетете се на СДСМ-овскиот градоначалник кој сакаше да го продаде Скопскиот водовод) и така по ред.

Единствено на овој пат за распродажба може да у се испречи опозиционата ВМРО ДПМНЕ и коалицијата. Односно граѓаните чија одлука е многу важна и конечна бидејќи тие го имаат последниот збор. Како што вели лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, само  граѓаните на Македонија, одлучуваат за заедничката иднина, за иднината на нашите градови и села и за иднината на нашата држава.

За да може ВМРО ДПМНЕ да ја спречи оваа налудничава политика на распродажба која ја спроведува СДСМ, потребно е граѓаните без разлика на политичката, верската и етничката припадност сите заедно да застанат зад ВМРО ДПМНЕ, бидејќи тие моќта и силата ја црпат исклучиво од народот на оваа земја.

ВМРО ДПМНЕ е партија која произлегува од самиот народ и работи во интерес на народот. Нив ги сврзува заедничката љубов кон Македонија и како партија на граѓаните на Македонија, ВМРО ДПМНЕ е единствената гаранција за силна Македонија.

СДСМ за да дојде на власт ветуваше нов живот, слободен и подобар, а наместо тоа колата тргна наудолу. Наместо медиумска слобода, имаме медиумски мрак. Судот и полицијата ја имаат главната улога и дури сега стануваме затворена држава. Токму ова го тангира секој граѓанин, бидејќи од тоа зависи судбината на сите нас и македонската држава. Затоа  на 15 октомври сите граѓани без разлика дали се членови на СДСМ или на нејзините коалициони партии да им  се придружат на ВМРО ДПМНЕ и обединети да се изборат за посилна Македонија.

 

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.