|
|
За приврзаниците на СДС нема потреба веќе ни да се зборува, тие се изгубени во просторот и времето |
Македонскиот гласач изигран, наместен, поткупен, купен... Има ли друга реченица со која може да се започне една исповед на искрен патриот? За приврзаниците на СДС нема потреба веќе ни да се зборува, тие се изгубени во просторот и времето, водени само од омраза кон се што е патриотско, се што е македонско. Испрани мали мозоци, позомбени битија со единствена цел цицање на македонска крв. Тие кутрите и не знаат веќе што се случува, застанаа на фразата „ќе си лежите“ и не се ни трудат да дознаат нешто повеќе. Сега знаат дека ги добија локалните избори, имаат апсолутна власт и точка, се завршува тука. За оние другите, патриотите, односно оние што вистинските патриоти ги издигнаа, ги направија луѓе. Е тие сега имаат проблем, ама се уште не се свесни изгледа за големината на тој проблем. Одат од крајност во крајност: Прво го оставаат својот народ на цедило, оној народ кој ги избра и им го даде барјакот, кој два месеци ја бранеше македонштината. Тогаш овие беа глуви и неми, се оградуваа и тие од смрдливите и пијани патриоти. Па нели врхушката има бели јаки и дебели кожени фотелји, не се дружат тие веќе со смрдлив народ. Тие, белите јаки, гледаа како ни наметнуваат нелегитимна влада, ама тие пееја ли пееја... Тие, белите јаки, се оградија од луѓето што искажаа непокор, љубов кон Македонија. Нели, белите јаки се културни, демократи, абе глас не дигаат, толку многу се фини и во филм. А тие, патриотите, парталави, насилни, гласни... И на крај, белите јаки, заедно со зомбите го направија најголемиот фалсификат на сите времиња. Совршен не, бидејќи не беше воопшто совршен. Така, за да си ја тргнат одговорноста, белите јаки кажаа срамежливо дека изборите се наместени, демократски честитања, нели, тие се гоооолеми демократи. И ајдееее опозиција ќе ти биле, силна и конструктивна. А што бре ќе опонирате, кога сите сте во истата попара. Вие пак во Собрание, а народот на улица. Опозиционери ... Од каде знаеме? Уште не се оладила состојбата од тоталното фијаско, тие референдум ти бараат, и тоа за договорот со Бугарија. Која хипокризија луѓе. Не успеав само да разберам дали со овие последни чекори како: барање за ослободување на осудените од 27 април, патетичната исповед на лидерот и сега овој референдум се фаќа давеникот за сламка, или навистина мислат дека ќе се спасат. Салоника |