Среда, 25 Октомври 2017   
По неодамнешното фијаско на локалните избори потребна е консолидирање и престројување во редовите на ВМРО и истовремено рефидирање на членството

aleksandar-makedonski

Александар Македонски

Со огромно разочарување од резултатите на последните локални избори што се одржаа на 15 октомври 2017 година   не можев а да не реагирам со мое лично размислување зашто се случи ваков неуспех на изборите.

Со голема болка во срцето и трепет во душата ќе го започнам ова мое обраќање до верното членство на ВМРО ДПМНЕ, ЦЕЛИОТ РОДОЉУБИВ НАРОД НА МАКЕДОНИЈА А ПРЕД СЕ ДО ИЗВРШНИОТ КОМИТЕТ и  ЦЕНТРАЛНИОТ КОМИТЕТ НА ВМРО ДПМНЕ со надеж дека ќе биде примено како најдобронамерно со најискрени желби за спас на партијата а со самото тоа и спас за нашата држава РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИ НАРОД.

По неодамнешното фијаско на локалните избори потребна е консолидирање и престројување во редовите на ВМРО и истовремено и ревидирање на членството.

Ревидирањето на членството е од суштинско значење во моментов со цел  да се направи еден вид на хируршки зафат за отстранување на нездравото болно ткиво (така наречено реформатори со се нивните подржувачи) се надевам и доколку ги имаат се во многу мал број,од здравото ткиво (членство на ВМРО ДПМНЕ) .

Ова не случајно го препорачувам бидејќе во последните неколку години од владеењето на ВМРО ДПМНЕ во партјата ни влегоа сите отпаднички криминогени структури на СДС, а за да биде иронијата уште поголема такви личности беа поставувани на раководни партиски функции додека нивните семејства вработувани во државната администрација. Какао последица на ваквата пракса од страна на ВМРО ДПМНЕ помеѓу членството на ВМРО ДПМНЕ со години се таложеше револт, и на овие избори се одрази со неизлегување на гласање на дел од нив,што јас лично не го одобрувам.

Сета ова ситуација сакаат да ја искористат таканаречените реформатори потпомогнати од странски центри на моќ за свои  лични интереси и цели на штета на сопствената партија и држава. А! дали се свесни тие деца што наместо бради штоуку им излегува мов на брадите со ова нивно делание се вбројуваат во велепредавниците на својот народ, и како толку бргу заборавија доколку ја немаа подршката од лидерот НИКОЛА ГРУЕВСКИ тие ќе беа никој и ништо.а сега со нивната постапка удираат и по постоењето на држвата.Во овој случај со изборите длабоко ги замеша своите нечесни прсти и странскиот фактор со изборниот мониторинг кој што мониторинг беше припремен од странски центри на моќта и безпрекорно извршен.

Откако ќе се изврши ревидирањето и престројувањето на членството би си дозволил да предложам за во иднина приемот на нови членови биде строго контролиран. Да не бидам погрешно разбран дека партијата треба да се затвори за нови членови, напротив ВМРО ДПМНЕ е отворена ,била отворена и во иднина ќе биде отворена за секого но треба да има критериум за влез во партиските редови.

Како прво и основно лицето што во иднина ќе побара да пристапи во партиските редови на ВМРО ДПМНЕ треба да се провери од која причина сака да стане нејзин член, дали од идеолошки со прфаќање на платформата на партијата или пак се налутил на другите партии затоа што не го вработиле и трча во ВМРО ДПМЕ. Доколку ја почитува идејата на ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот статут дури тогаш може да се здобие со статус на кандидат  за член на партијата на одреден период за да докаже дали навистина ја сака партијата и идеологијата од срце.

Oткако ќе се докаже дека пристапува од идеолошки причини и го почитува статутот на партијата треба извесен период да одработи како активист па дури потоа да стане нејзин член со доделување на членска книшка. Но со зачленувањето во никој случај не смее да добие раководна позиција дури и на најниско ниво.

Новопримениот член треба прво неколку години да се докажува со партиски активности во корис на партијата па откако неговиот труд ќе вроди со плод дури тогаш треба да му се даде некоја функција на најниско ниво и оттука да ја започне политичката кариера како сигурен член на партијата.

Токму поради отсуството на ваквиот начин на проверка за прием во партиските редови на овие парламентарни и локални избори не казнија токму тавите членови, слободно би ги нарекол политички профитери којшто пред и да потпишат пристапница беа вработувани и ставани на партиска функција.

Но не го исклучувам овде и разочараното старо членство (ВЕТЕРАНИТЕ НА ВМРО ДПМНЕ) на кое што не му се посвети никакво внимание во изминатиот период од страна на раководството што доколку не излегоа да гласаат, јас лино немам никакво оправдување за таквото нивно однесување бидејќи со тој чин несвесно се уништуваат самите себеси, сопствената партија се до уништување на сопствената држава и МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ.

Се надевам дека ова мое видување на настаните ќе го вразумат членството на ВМРО ДПМНЕ со краен епилог продолжување на битката за спас НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА

Па мили мои МАКЕДОНЦИ,НЕКА НИ БИДЕ ГОСПОД БОГ НАПОМОШ.

АМИН

 

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.