Среда, 25 Октомври 2017   
Гроф Алфред фон Бенингхајм и принцот Карло Шведски претенденти за кнежеството Македонија!

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Во Првата балканска војна во која се судираат членките на Балканскиот сојуз Бугарија, Србија, Црна Гора и Грција со Османлиската империја, започнала на 25 септември (8 октомври - нов стил) 1912 година и завршила со победа на сојузниците на 17 мај (30 мај – нов стил). Додека армиите на балканските државички напредувале потиснувајќи ја турската армија, меѓу големите сили на Западот се кроела иднинината на Балканот.

Големите сили, особено Австро-Унгарија и Германија, откако не успеале да одржат статус кво во европска Турција, поради страв од продор на Русија на Балканот веќе подготвувале разни сценариа за Македонија и другите ослободени територии од Турците. Иако овие сценарија биле противречни со интересите на Белград, Софија и Атина, кои веќе се договориле за поделба на Македонија, меѓу македонското благородништво, како и во кралските семејства на Западот се разговарало за можните претенденти за престолот на идните кнежества Македонија и Албанија.

Всушност, согласно со првичните договори меѓу сојузниците за ослободување и давање на автонимија на Македонија, зад која и Русија, меѓу македонските првенци и на Запад се разгледувало создавање на македонско кнежество на чиј престол би бил поставен припадник на некоја европска кралска куќа. Веднаш по почетокот на војната и првичните успеси почнале да се шират гласови за претенденти за идното македонско кнежество. Ова предизвикало збунетост и меѓу сојузниците, кои всушност имаат друга намера – окупација и поделба на Македонија.

Со остра реакција за ваквите комбинации излегува Белградска „Политика“, која на 23 октомври 1912 година, на своте страници го објавува текстот „Балкански кнезови“, во кој за новите претенденти на разни делови од балканскиот полуостров се вели:      

„За Запад, особено оној најизвестениот Запад, во кој најдобрата риба ја ловат разни преваранти и измамници, Балканот е некаква чудна земја за која никој ништо не знае и затоа секој може да прави за неа комбинации какви што сакаат.Така и сега, кога Стара Србија и Македонија е освоена од Турците се појавија разни претенденти за престолот на тие провинции.

Во Боцен (Болцано, Јужен Тирол, тогашна Австро-Унгарија, а денес во Италија – н.з), на пример, пред некој ден имаше во еден хотел седница на „македонските првенци“, на кој се зборувало за настаните на Балканот и се расправало за прашањето за основање на македонско кнежество. После второто советување решено е за кнез на новото македонско кнежество да се избере германскиот гроф Алфред фон Бенингхајм.

И покрај оваа германска глупост, речиси како виц, слично соопштува енглескиот „Дејли Меил“. Според него во замокот Фреденсбург бил одржан состанок на данското кралско семејство и на тој состанок било одлучено да за кнез на новото кнежество Македонија и Албанија да се кандидира принцот Карло Шведски, односно Харалд  Дански. За тоа како што велат била добиена согласност од Велика Британија и Русија.

Ништо не се говори дали учествувал принцот Гика и разни Кастриоти.“ – пошува белградска Политика во октомври 1912 година.“

Интересна е одлуката како претендент за престолот на идното кнежество Македонија да се кандидира принцот Харалд од Данска (Харалд Кристијан Фредерик, 8 октомври 1876 - 30 март 1949) кој бил член на данското кралско семејство. Тој беше четврто дете и третиот син на кралот Фридрих VIII од Данска и неговата сопруга, принцезата Луиз од Шведска и Норвешка, а со тоа и брат на Кристијан X од Данска.

Со оглед дека од ова кралско семејство потекнуваат  европски монарси, меѓу кои и кралицата Маргарет II од Данска, кралицата Елизабета Втора од Обединетото Кралство, кралот Филип од Белгија, кралот Харалд V од Норвешка, кралот Фелипе VI од Шпанија и големиот војвода Анри од Луксембург, потоа британскиот принц Филип, војводата од Единбург, Михај I од Романија и Константин II од Грција, како и други, каде ќе и беше крајот на Македонија доколку таа добиеше автономија и принцот Карло Шведски, односно Харалд Дански беше поставен за кнез на планираното ново македонско кнежество.

За жал различните интереси на големите сили, особено на Австро-Унгарија и Русија, како и на малите балкански држави Србија, Грвија и Бугарија, доведоа до Втората балканска војна и поделбата на Македонија во август 1913 година.

balkanski-knezevi

princ-harli-danski
Принцот Харалд Дански

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.