|
|
Не казнивте сите нас, лојалните членови, ја казнивте идеологијата на ВМРО и ја казнивте Македонија |
Роберт Кленкоски, Берлин-Германија Главни политички прашања за кој треба да се разговара 450.000 гласачи го дадоа својот глас за ВМРО, некој ги спречија со уцени и закани, некој несмеат да се огласат во соседството а илјадници ги има и во дијаспората. Сите ние сме ВМРО. Тие што сакале да го казнат Никола Груевски, па не излегле да гласаат, не казнивте сите нас, лојалните членови на партијата, ја казнивте идеологијата на ВМРО и ја казнивте Македонија. На ВМРО-ДПМНЕ и се потребни вистиски лидери, кој и во тешките времиња ќе бидат лојални спрема партијата и нема да и штетат во овие моменти, поготово не за свој интереси. Тактично пред изборите да се отвори тема за реформи има само една цел, да се искористи моментот и да се презентира новиот лидер. Да ги запрашам самонаречените реформатори, пошто пред изборите најавија дека не сакаат да бидат кандидати за изборите и дека тоа не биле мотивите на нивната акција, дали би кандидирале нивни член на наредните лидерски избори во ВМРО-ДПМНЕ? Треба да знаеме кој се мотивите што те влечат толку, што ваквите дебати моравме да ги почнеме пред локалните избори? Каква е таја реформа во која истовремено се повикуваат членови и симпатизери да ги бојкотираат локалните избори и да не гласаат за својата партија ВМРО-ДПМНЕ? Дали стварно мислите дека кандидатите од другите партии се подобри од нашите кандидати што ќе ги преземат фунциите на локалното ниво за наредните години? И јас барам од мојата партија ВМРО-ДПМНЕ, да има дискусија после вториот круг на изборите со соодветни мерки, но како прво, барам членовите на ВМРО-ДПМНЕ под хитно да ги користат овие локални избори за да не им ги оставиме и овие избори на нашите политички противници! Членовите кои не гласаат за својата партија, да размислат, дали стварно избрале за себе вистинската партија и не само тоа, треба да бидат консеквентни и да ја напуштат одма таја партија, се друго е неискрено и изговор! Никола Груевски бил одговорен и верувам дека ќе ги извлече потребните заклучоци и од овие избори. За почеток од моја страна барам, како претходните што барале јавно а не во институциите на ВМРО-ДПМНЕ:
Во последниве години се водеше една валкана кампања против ВМРО-ДПМНЕ и точно е дека на изборите имаше и незадоволни наши членови, но идеологијата која не обединувала како едно семејство, пак ќе не врати на вистинскиот пат. Нашиот глас ќе биде порака на сите кои потпишаа или ќе потпишат штетни договори за Македонија, го делат македонскиот народот, за оние кои името не им значи ништо и на оние кои наместо со труд, главниот адут им е притисокот и популистички празни ветувања. Порачувам до сите, ветерани, УМС, УЖ, симпатизери и граѓани кои си ја сакаат својата општина и својата татковина, да не се разочаруваат. ВМРО има и ќе има уште подобри економисти, визионери и лидери во борбата за нашата држава, за МАКЕДОНИЈА. |