Петок, 10 Ноември 2017   
ВМРО - е да ја сакаш Македонија, и да ја браниш,

mane jakovleski 1Манојил(Мане)Јаковлески

ВМРО - е да ја сакаш Македонија, и да ја браниш,
ВМРО - е одговорност, ВМРО е идеологија,

ВМРО е да ги почитуваш тие кои несебично трошеа од себе и се дадоа себеси, беа бркани од работа само затоа што ја сакаа Македонија, тие кои тогашната власт им правеше досиеја, тие кои ја ставаа главата во торба за идеата самостојна Македонија,

ВМРО е да ги почитуваш тие кои беа убивани, тие кои беа испраќани на Голи Оток, во Идризово, на Солунска глава, тие кои за идејата се оддалечија од своите најблиски и пријатели, тие кои беа на секој протест за самостојна Македонија, во Македонија и дијаспората.
ВМРО - е да ги почитуваш и тие кои во тешките времиња ја формираа ВМРО,

ВМРО - не е доволно само да кажеш дека и ти си во ВМРО,
ВМРО - не е да си само член на партија.
ВМРО - не е само да добиеш функција,

Денес не се казнува ако кажеш дека си Македонец, денес е гордост и е лесно да се каже дека си за Македонија и ВМРО .

Денес е тешко само да се почитуваат овие луѓе, денес е тешко да седнеш барем пет минути во денот и да размислиш, или да ги превртиш весниците од деведесеттата година или пред тоа, и да се потсетиш низ какви маки поминале овие луѓе, овие патриоти, овие родољуби и се ќе ти биде јасно.

Само пет минути во денот, тоа го заслужуваат.

Ако си Македонец - ВМРО-вец, сигурно ќе добиеш друга слика за овие луѓе, твои истомисленици, патриоти, родољуби, а потоа ќе најдеш време да им посветиш барем малку внимание, да им речеш едно благодарам за се што направиле или ризикувале во својот живот за Македонија, или на тие што не се меѓу живите да им однесеш цвеќе на нивните гробови.

Не сум од тие кои гледаат само назад, но неопходно е од време на време да се сврти погледот назад, да видиш дека не почнува и не заврсува се од тебе.
Има луѓе кои беа судени и лежеа во затвори, има и кои настрадаа, има и такви на кои им е потребна помош.
Да, има и такви кои сакаат да се пофалат, на своите синови, внуци, пријатели или роднини, дека се почитувани, дека некој се сетил на нив, дека тој е еден од тие кои имаат заслуга за нашава татковина Македонија!

Почит, едно браво и малку поддршка, тоа го бараат постарите и тоа го заслужуваат, тоа го бараат судените, затвораните, заборавените, отфрлените, непочитуваните, умрените, тоа со право го очекуваат од Вас, кои само седите на социјалните мрежи и плукате по сите. Тие имаат заслуга што денес имаме држава Македонија!

Колку и да е тешка, и политички и економски, состојбава во Македонија, сакаат да се чуствуваат горди - со главата горе, дека ова што го имаме, е и нивна заслуга, дека имаме самостојна Македонска држава, а не секој ден да слушаат, прво од своите најблиски и пријатели:за ова ли се боревте?

Нешто мора да се промени во нашите глави, во спротивно еден ден ќе биде по старата македонска приказна: што си посеал тоа ќе жнееш, и тоа така без крај.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.