|
|
Граничиме сами со себе, војуваме сами со себе и трпиме поткупени домашни Јуди ! |
Која е мајка, а која е ќерката ? Има ли крај или е ова само почеток ? Да се нудиш некому со сила да ти биде мајка, тоа го нема никаде. Ова деновиве со изјавата на еден Македонски Владика е навистина преседан од историски размери. Судбина наша Македонска е додека другите си ја бркаат работата како што треба, Ние секогаш сме заглавени со времето и мирисот на Балканските војни од минатиот век. Па тоа е исто како некоја старица од сто години да бара некое девојче од десет години да и биде мајка. Или синот да биде татко на својот роден татко. Среќа наша голема е Библијата. Поради Библијата и силата Божја, колку и да не рушат па дури и со наши изроди, секогаш ќе имаме заштита од Горниот. Која земја е спомната 27 пати во Библијата ? Тие што треба да ни бидат мајка ги нема во Библија. Измислени се како народ и држава сите наши соседи. Со се живо измислено, се граничиме сами со себе, војуваме сами со себе и трпиме поткупени домашни Јуди, што се наметнува прашање има ли крај на сето ова ? Господе, ти што простуваш секому, ќе им простиш ли на изродите и предавниците ? Што и да одлучиш, ќе згрешиш. Тие не се достојни за тебе. Остави ги Ние да одлучиме, само дај ни воља, оти ја немаме. Дај ни храброст, оти сме кукавици скриени во дупки. Или извади еден од твоите 10 заповеди, тоа е НЕ УБИВАЈ. Во име твое и на земјата, некогаш гледај низ прсти. Само така ќе те браниме тебе и самите нас. Друго нема, за трето ќе чекаме на Куково лето. |