|
|
Дали некој се има запрашано, каде грешиме Ние Македонците последниве 200 години? |
Некој ќе рече зошто баш последниве 200 години, но има причина. Америка и западноевропските земји создадоа неколку држави на Македонскиот полуостров. Овие земји имаа намера да направат нешто за Македонија и да бидеме како што треба. Ајде можеби првите моменти и задкулисните игри не сме ги знаеле, но до ден денес пак ете ништо не сме направиле. Каде е грешката? Во подмитувањето. Од секогаш, Македонците кога доаѓале на позиција што да прават со пари на располагање, правеле исто што правеле и ќе прават другите, помалку или повеќе си поткраднуваат. Но другите за една работа биле попаметни, одвојувале за подмитување на некој конгресмени, политичари или тела од Америка и Европа. Доколку некој подмитува или модерно кажано ЛОБИРА ... среде Англија да настане Тунгузија со тунгузиски јазик и историја не барем ги создале сите планети на Галаксијава, ќе му ја исполни желбата во зависност од медот наречен и колку долго ќе гарантира така слатко да си плаќа. Сите денешни европски политичари велат исто, како сите крадат ама одвојуваат за "лобирање". Ги ставаат за пример Грците колку милјарди дале. За Албанија се знае како фрлат немилосрно рушвети на Америка. За нашите политичари се жалат дека крадат, ама само за себе и не фрлаат за лобирањето де. Затоа напоменуваат како за овие 27 години сме имале шанса и не сме ја искористиле со подмитувањето и како резултат на тоа ќе ја уништат Македонија. Дури и совет ни даваат да одиме со Русија, затоа што со нив не можело повеќе, а со Русите ќе имаме просперитет и после тие ќе не молат и поткупуваат да одиме кај нив. Апсурдно, но вистинито. Со колкав имот располагале војводите и другите фактори, сме читале и имаме докази и информации, кои споредувајќи го имотот нивни што го имале на располагање, изнесувал минимум 50 милиони евра во денешни услови. Ако се краде, барем нека се краде со усул и да се краде ете за просперитет на Македонија, некако ќе преџвакаме, народски кажано или правец Русија. Јас лично сум за второто, со Русите и Господ напред со крстот на чело. А вие?
|