|
|
„Nec Hercules contra duos“ – „Ни Херкул (неможе) против двајца“ |
Почитта менува сечије однесување. Настаните кои се развија досега ни покажаа јасно колку ние самите можеме да си напакостиме, мислејќи дека постапуваме правилно. Одржување на мирот е основната цел на формацијата Обединети нации. Бенефиот на земјите членки на ОН е унапредување на нивните ставови и разрешување на конфликтите без насилство додека меѓусебната соработка е симбол за глобален идентитет. Вистинскиот национален лидер е самосвесен заради повисоко добро дека собирањето на продуктивните сили во националната држава е колосална и прогресивно историска задача. Зрелиот човек со јасно заокружена историска физиономија нема потреба да се брани од други луѓе, не чувствува несигурност да комуницира и да ги користи најдобрите примероци, не се плаши од непознато и сака да учествува. Добар пријател е оној пријател кој има различни ставови од тебе бидејќи сфаќаш колку насушно ти е потребен за да го менуваш сопствениот хоризонт до крајна и целосна конструктивност. Вистинскиот национален лидер суверено повикува на национално единство заради колективна безбедност и со тоа создава дела со кои ја задолжува не само македонската туку и европската историја. Војната како резултат на конфликти, агресија и неразбирање меѓу народот носи пустош кој треба да биде инспирација да работиме соединето во прилог на мирот. Демократски насочената политичка култура на основа на толеранцијата и прифаќање на спротивниот став носи позитивен резултат – единствена сила и обединување заради остварување на стртешките цели и реализација на највисоките државни интереси.
Скопје 11 декември 2017 година |