Среда, 13 Декември 2017   
МАКЕДОНЦИТЕ БАРААТ КРАЈ НА РАЗГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО И ОСТАВКА ОД ПОСРЕДНИКОТ НА ОН МЕТЈУ НИМИЦ !

smk
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

11 декември 2017 година, Њујорк, САД

- Светскиот Македонски Конгрес (СМК) и Постојаната мисија на СМК при Обединетите Нации во Њујорк предводена од проф.д-р Игор Јанев, упатија отворено писмо до посредникот на Обединетите Нации во разговорите за разликата за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, со кое се бара крај на разговорите за името и оставка од Метју Нимиц од посредничката мисија на ОН!

Во писмото се вели: Почитуван господине Метју Нимиц, поминаа 24 години од Резолуцијата 817/1993 од 7 април 1993 година на Советот за безбедност и Резолуцијата 47/225 од 8 април 1993 година на Генералното Собрание за членство на државата Македонија во Обединетите Нации. Овие резолуции не прејудицираат промена на името на државата Македонија, туку разговор за разликата за името на државата Македонија со Владата во Атина поради добра волја на Македонската Влада за тоа да разговара. Овие резолуции не упатуваат на договор за ново меѓународно име, затоа што “поранешна Југословенска Реублика Македонија“ е само времено обраќање во системот на Обединетите Нации додека траат разговорите за разликата за државното име Македонија со Владата во Атина!

Македонија во Обединетите Нации е примена со апликација број S/25147, под името Република Македонија!

И одлуката на Меѓународниот суд во Хаг од 5 декември 2011 година го суспендира суспензивното право на Грција за членство на Македонија во меѓународните организации под државното име Македонија!

Македонија нема композитно или сложено име составено од два и повеќе збора!

Македонија нема име за внатрешна употреба и име за меѓународна употреба!

Името на државата се состои само од еден единствен збор - зборот Македонија!

Во меѓународното право не постои спор за државно име! Овој “спор“ е бесмислен, а разговорите помеѓу Македонската и Грчката Влада се ирационални и нелегални.

Временото обраќање “поранешна Југословенска Република Македонија“ е нелегална деноминација и претставува флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите Нации и на принципите на меѓународното право и претставување!

Временото обраќање и разговорите за разликата за државното име се два дополнителни услови при приемот на Македонија во членство на Обединетите Нации, и овие услови според Советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата од 1948 година се нелегални.

Поради тоа, медијација за правниот идентитет (името) на државата Македонија е непотребна и треба веднаш и безусловно да заврши!

Обединетите Нации немаат законско право да го одземат правниот идентитет на државата Македонија, и заменувајќи го со деноминацијата “поранешна Југословенска Рпеублика Македонија“.

Меѓународниот легитимитет државата го стекнува со меѓународно политичко признавање од другите држави во светот!

Македонија досега е призната од 134 држави во светот под нејзиното државно име, а димпломатски односи има со околу 170 држави во светот.

Зарем е можно Соединетите Американски Држави да се наречат или деноминираат како “поранешна Британска колонија Америка“?

Почитуван господине Метју Нимиц,

Прашањето за државното име Македонија е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, после дисолуцијата на поранешна СФР Југославија, кога Македонскиот народ и граѓаните на Македонија во апсолутно мнозинство гласаа “За суверена и самостојна држава Македонија“ без додавкји и без придавки. Одлуката на рефеендумот според Уставот е задолжителна за сите!

Македонците во целиот свет бараат итен и безусловен крај на разговорите за разликата за државното име Македонија со јужниот сосед и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна разлика од истоимената северна провинција на Грција и југозападна провинција на Бугарија, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (The Republika Makedonija) туку на англиски јазик “The Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки - окупацијата врз Македонија од Балканските војни 1912-1913 година и геноцидот врз Македонскиот народ кој се’ уште трае!

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на државното име Македонија!

Македонците го отфрлаат пристапувањето на нивната држава Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО, поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија!

Македонците очекуваат Европската Унија и Соединетите Американски Држави да го почитуваат основното право на самоидентификација и самоопределување на Македонскиот народ и да престанат да стимулираат и симулираат дестабилизација и контролирана нестабилност на една суверена нација и држава, со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Бараме ООН, ЕУ и НАТО да овозможат заштита на човековите и граѓанските права и слободи на Македонците во соседните земји на Република Македонија, како еднакви со еднаквите и рамноправни со рамноправните, бидејќи во Втората светска војна Македонците беа дел од силите против фашизмот, ги поразија фашистите во Албанија, Бугарија, Грција и Србија и се вградија во државноста на овие држави!

Го отфрламе грчкото обвинување за македонски иредентизам кон окупираните територии на Егејскиот дел на Македонија под Грција од Балканските војни 1912-1913 година!

Имотните, наследните и граѓанските права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија во Првата Балканска војна (1912), Втората Балканска војна (1913), Првата Светска Војна (1914-1918), Втората Светска Војна (1939-1945) и Граѓанската Војна во Грција (1946-1949) не претставуваат иредентизам!

Грција должи извинување и репарации за окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Првата Балканска војна (1912), Втората Балканска војна (1913), Првата Светска Војна (1914-1918), Втората Светска Војна (1939-1945) и Граѓанската Војна во Грција (1946-1949)!

И покрај се’ и после се’, Македонците во светот предлагаат македонско-грчко помирување и Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција што ќе ја замени македонско-грчката Привремена согласност од 13 септември 1995 година!

Македонците предлагаат македонско-албанско помирување и Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Албанија.

Македонците предлагаат македонско-бугарско помирување и Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.

Македонците предлагаат македонско-српско помирување и Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Србија.

Се разбира, Македонците, макар и еднострано, сметаат дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации.

Почитуван господине Метју Нимиц,

Македонците Ви благодарат за Вашата медијација и бараат Ваша оставка и крај на разговорите за името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација!

Предупредуваме дека промената на името на државата и идентитетот на нацијата не е демократија, ниту слобода на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, не е слобода на говорот, туку најтешко кривично дело велепредавство, флагрантно кршење на меѓународното право и на Уставот на државата Македонија, злосторство против човештвото и геноцид врз народот Македонски кое не застарува!

Ве потсетуваме дека Македонија не е безбедносен проблем на Балканот! Македонија е алката на мирот и стабилноста на Балканот!

Но, промената на името на државата Македонија и на идентитетот на Македонската нација, ќе го дестабилизра Балканот и Југо-Источна Европа во целина!

Благодариме на вниманието и соработката. Со почит, - се вели на крајот од писмото до Метју Нимиц.

Писмото е потпишано од Тодор Петров претседател на СМК, Антонио Димовски претседателот на Светскиот Македонски Младински Конгрес, Џим Стефановски копретседател на СМК - Австралија, Горан Котев копретседател на СМК - Австралија, Боби Темелков претседател на СМК - Канада, Златко Ковач претседател на СМК - САД, Бошко Добревски претседател на СМК - Јужна Америка, Саша Петков претседател на Светскиот Македонски Конгрес - Африка, Митко Василев претседател на СМК - Европа, Кемал Шахинкаја Исејноски претседател на СМК - Турција, Ирфан Карим претседател на СМК - Пакистан, Веле Алексоски претседател на СМК - Македонија, Исмаил Бојда претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија, Ташко Јованов претседател на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН, Ефтим Клетников претседател на Македонски Манифест, проф.д-р Игор Јанев Шеф на Постојаната Мисија на СМК при Обединетите нации во Њујорк, Ванчо Стојанов Шеф на Постојаната Мисија на СМК при Обединетите нации во Женева, амбасадор на културата Елена Мисиркова Шеф на Постојаната Мисија на СМК при ОБСЕ во Виена, Шефот на Постојаната Мисија на СМК при Советот на Европа, Шефот на Постојаната Мисија на СМК при Европската Унија, и амбасадор Јошко Станковиќ Шеф на Постојаната Мисија на СМК при Арапската Лига.

 

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.