|
|
Научно патување на етнографот А. Стоилов во Демирхисарско, Источна Македонија |
Тихомир Каранфилов Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов (15.II 1869 – 9. VIII 1928), по влегувањето на Бугарија во Првата светска војна и освојувањето на голем дел од етничка и географска Македонија, во периодот помеѓу 1915 и 1918 година, во потрага по историски и етнографски споменици. патувал низ повеќе места како: Охрид, Скопје, Велес, Крива Паланка, Серско и Драмско, со цел да го докаже бугарскиот карактер на Македонија. Во својот вовед за научното патување во Источна Македонија етнографот Стоилов во кратки црти ја опишува затекнатата состојба по навлегувањето на бугарските војски во делот североисточно од реката Струма, Егејскиот дел на Македонија, а потоа ги изложува резултатите од ова научно патување во текот на својот краток престој во Источниот дел на Егејска Македонија. Во текот на посетата на Демирхисарско, тој ќе посети повеќе места и за состојбите со македонските населби, населението, како и пронајдените старини, меѓудругото ќе напише: 1. Град Демир Хисар (Валовишта). - Меѓу ... (македонското – н.з) население, Демир Хисар се именува како Валовишта или Валовиште. В турско време градот е броел около 8000 жители Турци, ... (Македонци – н.з) и гркомани. Околијата му е исклучиво .... (македонска – н.з.) со неколку турски села. Во старо време на местото на Валовишта бил градот Скотуз, кој го чувал излезот на Рупелскиот пролаз. Оттука минувал и патот за Сер – Драма – Филипи - Кавала. Дека во старо време тој град играл важна улога, се гледа од подигнатата стара тврдина над една карпа, на северо –исток, до самиот град. Таа тврдина, позната со турско име хисар, му го дала името и на самиот град во турско време (Железна тврдина). Во самата варовничка карпа под тврдината постојат две издлабени пештерски цркви. Во една пештерна црква - "Св. 12 апостоли ", наредена со икони и престол, се служело во одредени денови од годината. Во неа најдов стара икона "Св. Богородица"... Ја зедов и ја пренесов во Археолошкиот музеј во Софија. Оваа икона, иако доста оштетена, заслужува внимание бидејќи е ... со славјански натпис. Таа не е подоцна од XVII век. Нејзиното зачувување во грчка црква се должи на верувањето дека е чудотворна. До Првата балканска војна (1912 година), во Демир Хисар имаше мешовита прогимназија со пансион ... и едно основно училиште. Учениците во прогимназијата беа исклучиво од областа; а нивниот број достигнуваше 150. Во градот имаше добро уредена општина, во која повеќето членови беа од селата. Тие беа многу заинтересирана за учебното дело. Со скромни свои и Егзархиски средства купија големо место јужно од градот за изградба на куќички за преселници ... (Македонци – н.з) од селата. До старата училишно здание имаше ... (егзархиска – н.з) црква, која Грците ја претворија во коњушница. Во дворот на старото училиште во 1910 година почна да се гради специјално прогимназиско здание. До 1912 година беше завршена и покриена - остана само надворешниот малтер. Грчките воени власти го малтерисаа и го адаптираа во воена болница. И сега тоа трикатна зграда е една од најголемите и најубавите згради во Демир Хисар. Таа е изградена главно од пожртвуваните .... (македонски – н.з.) села. Под тврдината, западно на стената, пред една година почна да се длаби византиски грб од врвот надолу и под него "Κωνσταντινος ιβ" (Константин XII) со средства на Демирхисарскиот грчки владика. Грбот и натпис, ... не е доправен и скелето сеуште му стои. Владиката ми раскажа дека порачал во Франција разнобојни плочки, со кои требало да се пополни врежаниот грб и натпис, но поради војната не пристигнале. Ја искористив приликата да го прашам епископот каде се наоѓаат ... (славјанските – н.з) црковни книги и каква е нивната судбина. Тој ми рече дека ги однел во неговата митрополитска црква. Отидовме со него да ги погледнеме. Се испостави дека кориците на врзувањето и нивните надворешни листови беа искинати. Оваа судбина ја имаа сите црковно-литургиски книги, кои беа зачувани во градовите и селата што ги посетив. Ова е направено со умисла, бидејќи по кориците и првите празни листови на овие книги често се забележуваат некои работи од нашето (македонско – н.з) минато и за да нема помен за него, биле неповратно уништувани. 2. Селата Елешница и Црвишта. Североисточно од Демир Хисар на падините на Шарлијата се наоѓаат ... селата Елешница и Црвишта на растојание од 12 и 15 км. Во Елешница, грчкиот владика не можел да ги избрише славјанските натписи на иконите на црквата, но ... (славјанските – н.з.) книги беа собрани по куќите и изгорени во средината на селото. Црвишката црква е малтерисана со сина и бела боја, а од надвор на западната врата е нацртан со мрсни бои византискиот грб.... 3. Село Крушово. На северо-исток од Демир Хисар, на растојание од 25 километри под планината Али Ботуш, се наоѓа големото (македонско – н.з)) село Крушово на изворите на реката Белица... До 1912 година, тоа брои 450 (македонски-н.з) куќи и 25 гркомански, меѓу кои и 10 влашки. Гркоманите за време на грчката доминација ги тероризирале најбрутално (македонците – н.з.), поддржани од грчка воена чета, која постојано престојувала во селото. Во Крушово има три цркви, од кои две се (славјански- н.з.) и една грчка. (Славјанската –н.з.) црква "Св. пророкот Илија“, изградена во 1870 година, е монументална зграда со мермерни столбови и делкани камења. Во Источна Македонија тоа е прва црква и ниту една грчка црква, градска или селска, не може да се натпреварува со неа. За жал, и над овој (славјански – н.з.) божествен храм е поставен белег од Грците. Однадвор е малтерисано со сина и бела боја и е насликан византискиот грб. Славјанските натписи на иконите се заменети со грчки. Живописот на ѕидовите и на (славјанските – н.з.) светии се избришана и т.н.. Иконите на св. Кирил и Методиј со (славјански – н.з) натписи се избришани и поставени се грчки имиња св. Јован и св. Јаков. Однадвор на женското одделение во црквата се запишани имињата на сите грчки војници и офицерите од 17 пешадиски полк, кои таму престојувале. Иконописецот, кој ги преправал и насликал (славјанските – н.з) цркви во Демир Хисар, се вика Никола, родум од Касандра. Едно од прашањата што одавна ме интересираше беше прашањето за познатиот фалсификат на "Веда Словена" од Стефан И. Веркович поврзана со Иван Гологанов, кој го поминал најголемиот дел од својот живот во Крушово. И бидејќи "Ведата" на Веркович е во тесна врска со Ив. Гологанов и целосно речиси нејзин автор, бараше да се соберат уште некои и други сведоштва за овој втор Хомер, како го нарече поетот Иван Вазов. Пореди оваа причина со голем интерес ги испитав живите современици, од кои можев да соберам сведоштва дека поменатиот Ив. Гологанов бил "длабок" во грчката "книга" и се користил до својата смрт.... И навистина, остатоците од неговата библиотека, која се чува од неговите внуци сведочи дека тој се занимавал со еленистичката класична литература, главно со митологијата. Под влијание на оваа литература и националистичкото движење од почетокот на XIX век Ив. Гологанов се зазел да создаде (славјански – н.з) народни .. песни со митски поставка дека (Македонците – н.з.) се најстарите преселници од Индија во Европа и дека еленистичката и римската култура подоцна се развила од (славјанската –н.з )... Овие песни, вели Гологанов, ги пееле ... (македонските – н.з.) Помаци во Демирхисарско, Серско и Неврокопско. Во свое време првиот том од "Веда Словена" (1874 година), а порано "Песната за Орфан (Орфеј) јунак" (1867 година) подигна голема врева во европската наука и со тоа се предизвика голем интерес за (славјанскиот – н.з.) народ... Затоа моите информации кои ги собрав за животот и дејноста на Гологанов во Крушево, значително ќе го доразјаснат прашањето за "Веда Словена". Тие ќе бидат предмет на специјални студија. Тука соопштувам дека тој починал во Крушово пред 20 години. Тука се оженил и имал 7 деца: Илија, Марија, Гела, Сава, Иван, Ана и Спиро. Од нив е жива само неговата ќерка Марија, која ми даде многу вредни информации за починатот татко... 4. "Градиште". Североисточно под Али Ботуш, на 5 километри од селото Крушово, се наоѓаат остатоци од една стара населба наречена "град". Традицијата вели дека првично Крушово било на ова место. Тука беа најдени многу монети, алатки и други старини. Веројатно тука било утврдено место за заштита на планинските патеки што водело кон Неврокоп, Мелник и Сер. Изгледа дека имало големи згради од кои останале овде – онде ѕидови. Ако се направат ископувања, а тие мора нужно да се преземе од софиското археолошко друштво, штом политичките услови се разјаснат, ќе се најдат вредни антиквитети, можно и “бугарски“, бидејќи се наоѓа само меѓу “бугарски“ населби. 5. "Капе". На север од "Градиште", во дното на пештерната клисура има пештера под име "Капè", во која има пештерски црквичка "Св. Спас", на границата меѓу реоните на селата Карчово и Крушово. Оваа црквичка е многу интересна, бидејќи има остатоци од стар иконопис со славјански натписи. Иконописот и натписите се многу оштетени, бидејќи врз нив има втор малтер и иконопис од 1855 година Од првата иконопис со старо(славјански –н.з) стил можев да прочитам од насловите само . На вториот малтер на иконописот натписите се славјански. На олтарот под сликата стои натписот на донаторите: . Бидејќи оваа пештерска црква има важен историски и археолошки интерес, ќе биде добро да се отстрани старата слика по смирувањето на времето од страна на еден уметник, да се обнови стариот живопис, откако, се разбира, ќе се отстрани новото сликарство. Во македонското револуционерно движење, оваа пештерска црквичка и околните карпи играа важна улога.Тука, револуционери како што се Гоце Делчев, Стоју Хаџиев и други, со недели престојувале – им служела како магацин за оружје и облека. И од овој извештај на Антон Поп Стоилов кој е историчар, фолклорист, академик на БАН и етнограф во служба на Втората бугарска армија, наместо да го докаже бугарскиот карактер на Македонија, можеме само да видиме како Бугарите за време на Првата светска војна го изнесувале македонското културно наследство и како Грците на својот дел од окупираната и поделена Македонија по Букурешкиот договор од 1913 година ја уништувале секоја трага на постоењето на Македонците на овој дел од Егејска Македонија.
|