|
|
НЕУСТАВНО Е СОБРАНИЕТО СО РАТИФИКАЦИЈА НА МЕЃУНАРОДЕН ДОГОВОР ДА ГО СУСПЕНДИРА УСТАВОТ! |
18 декември 2017 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува изјавата на Талат Џафери за ТВ АЛСАТ-М од 15 декември 2017 година, за рартификација на меѓународен договор во Собранието со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата! СМК потсетува дека Собранието не може со ратификација на меѓународен договор да го суспендира Уставот! СМК повторува дека Македонскиот народ и државјаните на Македонија во апсолутно мнозинство на референдумот одржан на 8 септември 1991 година гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки, одлуката на референдумот е задолжителна за сите, без исклучок! СМК укажува дека изборните резултати од парламентарните избори на 11 и 25 декември 2016 и локалните избори на 15 и 29 октомври 2017 година не се легитимација за промена на името на државата во Собранието, со ратификација на меѓународен договор или со амандмани на Уставот! Пратениците, премиерот и министрите, како и претседателот на Републиката немаат никаков мандат за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, на чијшто Устав полагаат заклетва, дека ќе ги почитуваат и штитат територијалниот интегитет и суверенитетот, Уставот и законите на државата Македонија! СМК апелира до Албанците во Македонија да се откажат од учество во велепредавство, името на државата не е малцинско прашање, и за Албанците во Македонија името “Нова Македонија“ воопшто промената на името на државата е еднакво на самоубиство! СМК смета дека и покрај сите разлики меѓу Македонците по род и државјанство, само Македонија е единствениот семакедонски заеднички именител, само Македонија е единственот семакедонски заеднички содржател. Со Македонија не’ има, без Македонија сите заедно ќе не’ снема! Доколку Собранието ратификува меѓународен договор за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, СМК бара претседателот на Републиката да не го потпише указот за прогласување на Законот за негова ратификација! СМК го повикува претседателот на Републиката да огласи безусловен крај на разговорите за промена на името на државата и за тоа со нота да го извести Генералниот Секретар, а до Генералното Собрание да достави Резолуција за продолжување на членството во Обединетите Нации под единственото државно име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна разлика од истоимената северна провинција на Грција и југозападна провинција на Бугарија, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (The Republika Makedonija) туку на англиски јазик “The Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки - окупацијата врз Македонија од Балканските војни 1912-1913 година и геноцидот врз Македонскиот народ кој се’ уште трае! ЕУ и НАТО не се достојни за промена на државното име Македонија! СМК предупредува дека промената на името на државата и идентитетот на нацијата не е демократија, ниту слобода на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, не е слобода на говорот, туку најтешко кривично дело велепредавство, флагрантно кршење на меѓународното право, на Повелбата на Обединетите Нации и на Универзалната декларација за човекови права, флагрантно кршење на Уставот на државата Македонија, злосторство против човештвото и геноцид врз народот Македонски кое не застарува! Промената на името на државата и идентитетот на нацијата ќе ги дестабилизра Македонија и Балканот во целина!
|