|
|
ПОВИК ЗА СЕМАКЕДОНСКО ПОМИРУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ |
ПОВИК ЗА СЕМАКЕДОНСКО ПОМИРУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ ЗА ОДБРАНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА И ИДЕНТИТЕТОТ НА НАЦИЈАТА! Светскиот Македонски Конгрес (СМК) повикува на семакедонско помирување и обединување за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, затоа што со сите разлики меѓу нас Македонците, само Македонија е нашиот единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот единствен заеднички содржател! Со Македонија не' има, без Македонија ќе исчезнеме сите заедно и дома и во светот! СМК потсетува дека прашањето за името на државата е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога Македонскиот народ и Македонците по род и државјанство, во апсолутно мнозинство гласаа "ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА" без додавки и без придавки, одлуката на референдумот по Уставот е задолжителна за сите, без исклучок! СМК ги повикува СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Собранието, Претседателот и Владата, сега и веднаш, да го известат со нота на Генералниот секретар на Обединетите Нации за безусловен крај на разговорите со Владата во Атина за разликата за името на државата и идентитетот на нацијата, и да упатат Резолуција до Генералното Собрание за продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка Република, како јасна разлика од истоимената северна провинција на Грција и југо-западна провинција на Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик (Republika Makedonija), туку на англиски јазик (Republic of Macedonia), со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки на Балканските војни 1912-1913 година - окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ кои се' уште траат. СМК ги повикува СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Собранието, Претседателот и Владата, сега и веднаш, да објават, дека отфрлаат референдум, амандмани на Уставот и ратификација на меѓународен договор за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Европската Унија и НАТО Алијансата не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Македонија не излезе од поранешна СФРЈ за да се фрли во прегратките на Софија или на Европската Унија и НАТО Алијансата, туку да биде суверена и самостојна држава, која врз основниот принцип на меѓународното право - еднаква сувереност - со сите во светот ќе соработува! СМК укажува дека промената на името на државата и идентитетот на нацијата не се демократија, слобода на мислата и слобода на јавно изразување на мислата и уверувањето, туку најтешко кривично дело велепредавство, флагрантно кршење на Уставот и на меѓународното право, Повелбата на Обединетите Нации и на Универзалната декларација за човекови права, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува! Македонскиот народ, Македонците во светот, никогаш нема да прифатат промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Тие што ќе прифатат промена на името на државата и идентитетот на нацијата, кога и да е ќе одговараат пред судот на правдата, историјата и народот, со доживотен затвор и конфискација! Македонскиот народ, Македонците во светот, макар и еднострано декларираат, дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации! СМК предлага историско помирување на Македонскиот народ со соседните народи и договори за траен мир и добрососедство на државата Македонија со соседните држави, врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност, што подразбира: меѓусебно почитување и разбирање, соработка по сите прашања од заеднички интерес, на реципроцитетна основа, и немешање во внатрешните работи на суверените држави!
|