|
|
Победата на Мицковски е без преседан |
Новиот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ е избран со акламација и изборот е ратификуван од општото членство. Избирачите ја остварија алхемијата на повторното откривање на надежта и довербата. Нова страница во долгата историја на ВМРО – ДПМНЕ се отвори. Во политиката лидерот на партијата е најмоќниот функционер и делува како претставник на партијата, има водечка улога во развојот и сервирањето на партиската политика. Непосредно по изборот Мицковски ја презентираше својата пријателска визија за европска интеграција или европска Македонија пред јавноста и убедувањето за примената на механизмите на рационализацијата на одговорноста со која ќе се обезбеди контролирана автономија во политичките задачи. Со досегашно делување преку чувството за одговорност, бранејќи ја каузата со личен пример, Мицковски по природен пат наметна чувство на почит и авторитет меѓу поддржувачите и соработниците. Со својот оптимизам, енергија, знаење и правилна градација во професионалната кариера, новиот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ носи убедлив капацитет за воспоставување и обновување на меѓу-човечките релации и врски со што го поместува размерот на поделбите и раѓа надеж за јавување на позитивна аритмија за разгорување на политичкиот систем во Република Македонија. Со поголема демократска благост во досегашните изјави, Христијан Мицковски веќе успева да го амортизира нивото на пристапот кон политичкиот тероризам кој во моментов со нечуена жестина се чувствува притоа без да посегне по фундаметалните човекови права на политичките противници, што не води до разумен заклучок: - Достоинството на човекот е недопирливо и секоја јавна власт е должна да го почитува и штити.
|