|
|
Грчко-српски договор за поделба на сфери на влијанија во Македонија од 1867/1868 г. |
Тихомир Каранфилов Македонија во географски граници. Испрекинатата линија ја одбележува поделбата на сфери на влијание помеѓу Србија и Грција според Договорот за сојуз од 1867 година и Воената конвенција од 1868 година. Договорот за сојуз помеѓу Кралството Грција и Кнежевството Србија од 14/26-ти август 1867 година во Веслај кај Виена и Воената конвенција склучена на 16-ти февруари 1868 година во Атина бил таен договор меѓу двете земји против османлиската држава. Овој договор имал за цел „ослободување на сите христијански народи во европска Tурција и на Aрхипелагот (беломорски). Всушност со овој договор за првпат се покажуваат претензиите на Грција и Србија кон територијата на Македонија која била под власта на Отоманската империја. На почетокот на деветнаесетиот век во Русија владеело уверување дека набрзо ќе се случи распадот на Турција. Затоа, руската влада му дава налог на тогашниот министер за надворешни работи Јоанис Каподистриас, кој е со грчко потекло, да понуди решение за Балканот. Грофот Ј. Каподистриас по пензионирањето во 1927 година, во април истата година на народното собрание во Трезен бил избран за прв премиер на новата привремена грчка уставна влада. Во 1829 година тој го доставил до руската влада својот предлог. Според него на Балканот требало да се создаде федерација составена од 5 држави од втор ранг, организирани како монархии: 1. Кралство Србија (Србија, Бугарија, Босна), 2. Елинско Кралство (континентална Грција, Пелопонез, островите на Архипелагот и јонските острови), 3. Кралство Македонија (Македонија, Тракија, островите Имброс, Самос и Тасос) 4. Кралство Епир (Епир, Северна и Јужна Албанија) и 5. Кралство Дакија (Молдавија и Влашко). Иако по потекло Грк, од предлогот се гледа дека Каподистриас воопшто не ја гледал Македонија како дел од новото Елинското кралство. Не може ни да се претпостави дека еден високообразован еминентен европски дипломат и, секако, добар познавач на работите згрешил. Едноставно, тој добро ја познавал историјата и состојбите на Балканот и при предлогот бил објективен. Сепак, така не размислувале и другите Грци, прврзаници на Магали идеја која почнува да се развива уште со почетокот на грчкото востание во 1821 год. Под надозор на полицијата, непријателите на неговата политика, го нападнале и убиле Јоанис Каподистриас на 9 X 1831 година. По смртта на Каподистриас, со кое е намалено руското влијание на Пелопонез, во Грција дошло до граѓанска војна. За да го спречат влијанието на Русија, тогашните големи сили, особено Обединетото кралство, организирале конференција во Лондон во 1932 година, на која покрај домаќинот учествуваат Франција и Русија, по што е создадено кралството Грција. По владеењето на баварскиот принц Ото фон Вителсбах, на грчкиот престол доаѓа данскиот приц Вилијам, познат како Ѓорѓи I (1862 - 1913). За негово време доаѓа до проширување на грчките граници. Лондон и ги остапува јонските острови, а под влијание на националистите, во Грција се повеќе доаѓа до ираз Мегали идејата за возобнување на Византиската империја, која го опфаќала грчкиот свет од Јонското Море на запад, Мала Азија и Црно Море на исток и од Тракија, Македонија и Епир на север на Крит и Кипар на југ. Новата држава ќе го има Константинопол како главен град, а тоа ќе биде "Грција два континента и пет мориња". Во аргументирање на претензиите кон македонската територија и население, грчкиот национализам, користејќи го националниот мит, создал една нова слика за Македонија: која требало да ја претстави Македонија како неделив дел на грчката нација преку користење на селективни аргументи и докази. Меѓутоа, со оглед на малите сили и ресурси за остварување на својот план против Турците, тогашната грчка власт се свртува кон кнежеството Србија со која владее кнезот Михајло Обреновиќ. Во тоа време, српскиот кнез со упорна политика успеал на почетокот на 1867 година да издејствува повлекување на турските гарнизони од српските градови. Истовремено ги поставил темелите на српската војска и правел планови за создавање коалиција за конечно протерување на Турците од Балканот. Бидејќи немал доверба во Бугарите и Црна Гора, Михајло Обреновиќ се договорил со Грција, за поделба на сферите на влијание во Македонија, по што започнува да дејствува засилена пропаганда против македонскиот народ. Договорот за сојуз помеѓу Кралството Грција и Кнежевството Србија од 14/26-ти август 1867 година во Веслај кај Виена и Воената конвенција склучена на 16-ти февруари 1868 година во Атина бил таен договор меѓу двете земји против османлиската држава. Овој договор имал за цел „ослободување на сите христијански народи во европска Tурција и на Aрхипелагот (беломорски)“. Всушност со овој договор се покажуваат претензиите на Грција и Србија кон територијата на Македонија која била под власта на Отоманската империја. Со Договорот (14 / 26 август 1867) во Веслај кај Виена, склучен во името на грчкиот крал и српскиот кнез, од преставникот на Грција Петро А. Занос, пратеник во парламентот и Милан А. Петронијевиќ, државен потсекретар во Министерството за правда, било определено и времето за започнување на војната (март 1868). За таа цел Србија се обврзала да има подготвени 60.000 луѓе, без резервите, а Грција да има под оружје и подготвени 30.000 луѓе и што посилна флота. Во случај на тешкотии во војната, за целосно остварување на целите утврдени со Договорот за сојуз, секоја од договорните страни можела да се повлече од војната единствено откако на сојузничката држава ќе и обезбедела: Србија на Грција ослободување и присоединување на Епир и на Tесалија, а Грција на Србија ослободување и присоединување на Босна и Херцеговина. Во случај на целосно остварување на целите на војната за поделба на другите територии на османлиската држава на Балканот, договориле потпишување на посебен договор. Договориле пропагандно дејствување без територијално разграничување и заеднички да работат на придобивање во Сојузот на Романија. Грција и Србија потпишале Протокол (10 јануари 1868), а и тајна Воена конвенција во Aтина (16 февруари 1868). Врз основа на чл. XIV од Договорот за сојуз, потпишан на 14 август 1867 година помеѓу Кралството Грција и Кнежевството Србија, двете влади, бидејќи се договорија да склучат воена конвенција за извршување на споменатиот договор, именуваа ад-хок двајца свои делегати; грчката влада г. Николас Манос - генералштабен мајор а од српската влада г. Фрањо Зах - артилериски потполковник, кои меѓудругото се спогодиле за следното Со Kонвенцијата биле утврдени силите, вооружувањето и координацијата на воените дејства, предвидени да се водат на целата територија на европските владеења на османлиската држава, прогласена за заедничко боиште. Притоа, главното внимание било посветено на военостратегиското значење на земјите меѓу Грција и Србија, посебно на Македонија, во која биле маркирани главните стратегиски правци: западен: Солун-Битола кон Охрид и Велес-Скопје; централен: Солун-Скопје-Приштина и јужен: Солун-утоката на реката Бистрица. По убиството на кнезот Михајло во 1868 година, акцијата била прекината. Меѓутоа, соработката на Грција и Србија продолжила со Балканскиот сојуз, со кој по Балканските војни (1912 - 1913) територијата на Македонија е поделена и анектирана од Србија, Грција и Бугарија, а еден мал дел добила и новосоздадената држава Албанија.
|