|
|
Прости им Господе, не знаат што прават луѓето без достоинство! |
Проф.Д-р Марија Зарезанкова-Потевска Темни облаци се надвиснаа над жална Македонија! Тежат ли тежат врз нашите души, врз нашите тела, врз нашата слобода, врз нашето човечко достоинство и интегритет! Мршојадците кружат врз пленот `Република Македонија` со години, со месеци со денови, а сега и во последните секунди! Не`не оставаат ниту да здивнеме, ниту да се издишиме и да се одмориме малку од притисоците направени од внатре и однадвор, само да не` нема, побрзо да не` докрајчат и обезличат! Нашите потоци солзи течат ли течат, но кому му е гајле за тоа!? Никому, а најмалку на тие кои треба да се грижат за државата, за народот, за опстанокот на земјата! Ги има премногу непријатели, им се дозволува да дивеат по македонската земја, да ја прекројуваат историјата , да газат врз македонската душа! А слабиот дух на водачите, не им дава да размислат и не знаат со кого ќе владеат,тие виткаат грб, се умилкуваат , како божем ќе бидат поштедени од страшната вистина дека нема веќе да имаат своја татковина, свој јазик,своја историја и традиција,култура и постоење,!? Нека си мислат овие малоумни, кои се задоволуваат со трошките на имотните и силните грабливци и душовадници,мршојадци и садисти од пеколот дојдени да не` срамнат со земјата! Измислуваат федерализации, погубни договори, промени на име ,уцени и само уцени за да не` обезличат, а тие им дозволуваат мислејќи дека повторно ќе ги сместат да бидат видни водачи на ничија земја и народ! О колку се безумни и глупави, но алчни поданици на ѓаволот!? А Македонецот мазохистички издржува се` само `за мир во куќата`, но `некој` не сака мир,сака Македонија да не постои и измислува разни прикаски и бајки за менување на име, за добрососедство и соживот,како божем досега го нема!? Затоа,свести се Македонски народе,не ги заборавај предавниците и непријателите, не ти треба НАТО и ЕУ,по цена на губење на својот идентитет и своја држава, што со векови сме ја посакувале, а сега сеуште ја имаме, доколку,во меѓувреме не ја изгубиме поради алчните политичари и душегрижници од внатре и од надвор! Не ти треба семејство во кое не си добредојден,туку уценет и потценет! Да се биде модерен не значи да си без земја и потекло!Прости им Господе на овие безбожници,кои не знаат ниту за традиционалните вредности, ниту за морал ниту за достоинство! Македонија нема проблем со своето име! Над 140 земји не` признаа! Ќе ја погазиме ли нивната почит кон нас!?А тие што сакаат да си смениме име заради нивна тврдоглава и безсмислена политика нека не` викаат како сакаат, иако им оставаме со грстови пари и пари и лето и зимо! А тое пак се незадоволни,зашто имаат причина! Се плашат да не им се земе подарениот регион Македонија,што ги храни, зашто карпите од Пелопонез не даваат плодови! Ужаснати сме од луѓето без малку достоинство! Името е свето за секого,па и за нас Македонците,кои не` има во Библијата, како единствена земја спомната во неа,затоа освести се народе дури не е доцна! А доцна е! Почна распродажбата на Македонија,но треба да ја запреме дури не е премногу далеку отидена! Затоа, не ни треба ниту членство во НАТО и ЕУ по цена на сопствено самоуништување!!! Божјата казна ќе ги стигне кај и да се овие штетници за Македонскиот народ и Македонската земја! |