Среда, 14 Февруари 2018   
Не е лесно да се биде МАКЕДОНЕЦ!

klaudija
Клаудија Лутовска

Ако си патриот, ако имаш чиста национална свест, ако имаш чисти сметки кон својот ближен и ја почитуваш каузата на вековната битка за опстојување на Македонскиот идентитет, ако си борец и истраен со силна верба во Бога, како некоја закана постојано си на удар на зли јазици. Сомнежот кој им ги нагризува мислите на многумина е барањето на интерес од материјална природа во секој потег на секој поединец.

Сакале или не, материјалното ги прати храбрите и вредните, чистите по дух и оние кои знаат да поделат од своето парче леб со другиот. Тоа е како формула да се опстане.

Најповеќе имав кога научив да делам, е изјава на еден индиец, а нашиот народ верувајќи во библијата знае дека од она што го имаш треба да дадеш една седмина, а потоа 77пати ќе ти се врати.

Сеејќи патриотизам, добрини и позитивна енергија, колку и да сака неправдата и сомнежот да си поигруваат сепак некаде ке посадите добра мисла и љубов кон Македонија. Некое срце ќе се отвори, затоа како што вели Мајка Тереза во нјзините молитви, прави добро, иако не те разбираат, прави добро иако така не те прифаќаат.

Патриотизмот не е техника која се учи од книга, тоа е дел од личноста, тоа е емоција со која се раѓаме, тоа е дел од вистината на нашето постоење, како што е дел од нашето постоење, личниот идентитет, припаѓање на едно семејство, спознавањето на вредностите на припадноста, зачувување на традицијата од која потекнуваме, гордост што сме дел токму од еден национален идентитет, и желба да се претставиме во сетлото на вистината преку љубовта кон својата земја.

Патриоти има низ вековите, нив не им поминува времето, како што не и поминува времето ни на љубовта, патриотизмот е љубов, припадност, исполнетост, и ако има зборови кои можат да го дефинираат сигурно не се доволно се додека не ја почувствувате моќта и силата која може да се црпи од ова чувство.

Македонец, навистина не е лесно да си вистински Македонец, како да е фрлена клетва врз нас македонците, дури не е лесно да се биде Македонец и во Македонија. Постојано на удари, на клевети, на нечесни игри и интриги, само поради големината на чистиот Македонски дух.

Среќна е оваа Македонска генерација на која и’ припаѓа и славата и проклетството да свои патриоти кои сакаат да и го сочуваат идентитетот историјата и културата, со чесни намери да ја презентираат Македонија во светот како мала држава со голем дух.

Секоја чест на Македонските државни водачи кои ви ниеден момент не застанаа пред било која сила и уцена дали е тоа надворешна или внатрешна и останаа цврсти во име на Македонската нација.

Велам - среќна е оваа генерација, затоа што, благодарение на фактот што ги има ваквите лица, можеби е единствена генерација во историјата на човечкиот род, која има можност директно - “во живо“ да осознае како изгледа во реалноста она што се кажува во романите, во филмовите, во приказните, во поезијата, во историјата...

Оваа единствена генерација Македонци кои не ја плаќаат цената од минатото кога се убиваше ако се декларираш како тоа што си, како Македонец, сепак има среќа што може да осознае како изгледа монструозна измама, алчност, терор, грабеж, насилство, глад, беда, сиромаштија, велепредавство... И, сето тоа собрано на едно место, во една држава, во еден народ... Теророт, во времето кога се врши, не е приказна... И, сега, ова не е роман, ова не е поезија..

Диоген (V-IV в.п.н.е), “Еден ден некој човек го однел во една раскошно опремена куќа и му рекол: - Внимавај да не плукнеш долу!“. Диоген, кој почувстувал потреба да плукне, го плукнал во лицето, велејќи му дека тоа било единственото нечисто место што го нашол да плукне!!!

Секоја промена на религијата, на нацијата, на срцето и на умот, секогаш може да има трагични последици! Така е запишано... А, една таква промена се случи во 1993-та година. Од тогаш, Република Македонија за “меѓународната заедница“ не е Република Македонија, туку е FYROM – ПЈРМ – Поранешна Југословенска Република Македонија!.

Што вели разумот, искуството и практиката? “Разборитоста наложува никогаш потполно да не им веруваме на оние кои еднаш не’ измамиле“ – запишал Рене Декарт во 1641-та. “Сите заклучоци од искуството се темелат на претпоставката дека иднината ќе личи на минатото и дека ќе бидат здружени слични сили со слични сетилни својства.“ – така тврди Дејвид Хјум во 1751-та. Секојдневната практика отворено, видливо и без исклучок ја порекнува нивната “проповед“, а Македонскиот Народ и Македонската Држава овој пат не пропаѓаат во провалијата која некои и ја ископаа, сега , со оваа генерација Македонија ја има својата сила и чест.

Патриотизмот во новата политичка терминологија значи, лојалност на граѓаните кон државата.

„Колку повеќе и колку поголем процент, 100% не можат да бидат, но колку поголем процент се лојални кон државата, кон режимот, кон власта, кон процесите коишто се одвиваат, колку повеќе е државата постабилна, толку повеќе националните интереси можат да се канализираат и да се завршуваат“, вели Трајан Гоцевски, универзитетски професор.
Тешко е да се биде патриот во вакви економски услови, оценуваат експертите.

„Мислам дека најголем патриотизам е да работиш вредно и да се трудиш да помогнеш, секој на своето работно место, секој онаму каде може да придонесе“, кажа Билјана Ванковска, универзитетски професор.
Големите умови за вистинските вредности на патриотизмот

- Ќе се борам за мојата земја, но нема да лажам поради неа. Зора Нил Харсон
- Кога целата нација громи ’Патриотизам’, јас повеќе сакам да ја истражувам чистота на нејзините раце… Вилијам Ралф Инге
- Секој човек за себе мора да одлучи што е добро а што лошо, кој правец е патриотски, акој не е. Не можеш да се извлекуваш од тоа, а да бидеш човек. Да одлучи спротивно на своите убедувања значи да бидеш предавник, на себе си и на својата земја. Марк Твен
- Нацијата е поделена, половина патриоти, половина предавници. И никој не може да каже кој е што. Марк Твен
- Вистинскиот патриотизам мрази неправда во својата земја повеќе отколку каде и да е. Кларенс Дероу

Патриотизмот вообичаено се однесува на народ или нација или држава. Патриотизмот подразбира ставови како: гордост за достигнувањата и културата, желбата за зачувување на карактерот и основата на културата и себепронаоѓање со другите членови на нацијата. Патриотизмот има етичка конотација: кажува дека татковината (било како и да се дефинира тој поим) е морален стандард или самиот е морална вредност. Патриотизмот исто така кажува дека поединецот треба да ги стави интересите на нацијата пред личните интереси или интересите на одредена група или партија. Токму такви, како по формула се вистинските Македонци. Секоја чест, каде и да сте !!!

 

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.