|
|
ДАЛИ НАВИСТИНА ТОЛКУ БРГУ ЗАБОРАВИЈА ИЛИ НЕКОЈ ОДНАДВОР ИМ ЈА ИЗБРИША МЕМОРИЈАТА? |
Помина скоро веќе една година од владеењето на оваа Марионетска власт во Република Македонија предводена од СДСМ, но членството на СДСМ сеуште не може или не сака да разбере што се случи со нивната политичка опција и дека раководството на нивната партија начисто забега од интересите на Македонскиот народ и нација и наголемо работи во интерес на сите соседни зеји и нации само не за својот народ и сопствената нација. Дали членството на СДСМ сеуште не може да разбере дека нашата Македонија од која остана само овој Вардарскиот дел за кој што Македонскиот народ има пролеано реки крв и положено безброј млади животи во темелите на оваа наша единствена држава а помеѓу тие положени млади животи се вбројуваат и нивните Дедовци и Прадедовци.(ДАЛИ НАВИСТИНА ТОЛКУ БРГУ ЗАБОРАВИЈА ИЛИ НЕКОЈ ОДНАДВОР ИМ ЈА ИЗБРИША МЕМОРИЈАТА?.) Во последните месеци раководтвото на вашата партиа по секоја цена е подготвено да го промени името на нашата држава, име толку скапо платено од нашите и ваши предци без никакво двоумење вашиот лидер се рашетал низ Грција и тргува со сите нас и со нашиот идентитет без да се консултира со претседателот на Република Македонија и со најголемата Македонска партија ВМРО ДПМДЕ. Со промената на името господо од СДСМ Македонија и Македонскиот народ ќе станат една безлична маса од која што маса ќе се претворат некој во Бугари,други пак Грк,Србин а тие што до крај ќе останат МАКЕДОНЦИ што планирате господо од СДСМ.Дали мислете сите до еден без никаква вина да ги прогласете за ТЕРОРИСТИ и без судење да ги затворите?. Зарем вашиот демократски капацитет и достоинство паднаа на толку ниско ниво што немате храброст да кажете НЕ! ДОСТА Е ДОСТА БЕШЕ,ЗАПРЕТЕ.Само така господо од СДСМ би се вратиле на вистинскиот пат : МАКЕДОНСКА РОДОЉУБИВА ПАРТИЈА. Се надевам дека со овој текст барем малку ќе допрам до вашата патриотска свест, а искрено се надевам дека сеуште постои негде длабоко во вашите срца и души и ќе направите правилни чекори за одбрана на БИБЛИСКОТО ИМЕ МАКЕДОНИЈА. ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.
|