Среда, 07 Март 2018   
МАКЕДОНСКИ КОД

karolina-risteska
Каролина Ристеска Торонто,
Март 1, 2018 то Лето Господово

На мое големо задоволство, се надевам и ваше, на читателите, ќе биде моето пишување за овој несекојдневен предизвик: МАКЕДОНСКИ КОД - од корените на античка Македонија и развојот на писмото, ГЛАГОЛИЦАТА од која се описменуваше Балканот, Европа и Азија. Уште на самиот почеток ќе забележам според моите сознанија еден важен факт, а тоа е дека нашите Македонци биле писмени и цивилизирани луѓе уште далеку пред создавањето на глаголицата и кирилицата, а не како што тоа го прикажуваат некои наши и странски истражувачи. Тргнувајќи од направените фалсификати во самата Библија околу прикажувањето на нашиот јужен сосед како древна земја која ја нема ама баш никој запишано нити кажано од пророците и апостолите дојдов до заклучок дека коине јазикот е искористен за врвна манипулација над Македонците и Македонија со римското (Ватикан) , а подоцна и со т.н. византиско-македонско владеење.

Зошто велам фалсификат во Библијата затоа што Македонија е библиска земја запишана многупати во неа, а Грција само еднаш во Стариот Завет колку да се има основа за фалсификатот што го осмислиле големите сили во 19 век. Историјата денес на сите нас ни докажа дека Македонија е папокот на светот и опстојува со милениуми години наназад во континуитет, неоспорно со факти и докази, пишувани документи и артефакти. Зошто со сила се прави целиот свет слеп ќе се запрашате? Во времето на првиот македонски крал Каран 808 - 778 п.н.е нашата Македонија била прво кралство кое успеало да се издигне на денешната цела територија на Балканот и пошироко во цела Европа за да во времето на Кралот Филип Втори Македонски 359 - 336 п.н.е силно се зацврсти економски и воено. По убиството на Кралот Филип Втори Македонски син му Александар Трети Македонски 336 - 323 п.н.е ги освојува Персијците, Индијците, Египет се до крајот на светот и тоа се во име на Македонија како Империја. Зарем е логично царот АлександарТрети Велики Македонски, кој го освоил светот да биде неписмен на својот мајчин јазик, а читаме и кај Плутарх кога раскажува дека Александар зборувал па, дури и давал командни наредби на фалангистите точно на македонски јазик. Апсурдно е да се претставува таква силна империја каква што била македонската да биде неписмена и да следела некаква си „хеленска култура“ поточно речено водена целата таа историска ситуација да биде исклучиво на коине ново македонскиот јазик – третиот текст од Каменот на Розета. А каде се хиероглифите и демотското писмо за кои светскиот француски лингвист Жан Франсоа Шамполион, кој ги дешифрирал хиероглифите,потврдно напишал дека сите три текста на Каменот од Розета се македонски. Каменот од Розета бил издлабен во 196 година пред новата ера и на него е напишан декрет на македонецот Птоломеј Петти Епифан. И за ова светската јавност точно знае и молчи.

Во многу руски цркви и во неколку наши цркви имаме фрескописи кои се жив доказ за Македонија како Библиско Царство заедно со вавилонското, персијското и римското царство . Систематски бришењето на овие библиски вистини допринесува до тој ужасен фалсификат во Библијата во Стариот Завет кај пророкот Даниил цитирам : Глава :7. Даниил гледа во сон четири светски царства.И глава: 8. Данииловата покајничка молитва. Стих: 21. А косестиот козел е царот на Грција, додека големиот рог што се наоѓа меѓу неговите очи, тој е нејзиниот прв цар: Мој македонски народе кога Црквата наша и сите политичари ќе седнат на маса токму за овие посочени делови во Библијата и донесат црвена линија дека името Грција е фалсификат во Библијата и дека од синот на дедо Ное, Јаван сакаат да ги избришат Китимците т.е. нас Македонците дури тогаш Бог ќе им помогне вистински и на црковните великодостојници околу признавањето на македонската црква и на нас како македонски народ со македонски јазик и државата Република Македонија пред целиот свет. Кој беше тој јунак кој се осмели да ги менува божјите вистини и со свои зборови да создава и брише историски вистини?! Но, како што рекле илјада пати повторена лага станува вистина. Но, затоа пак совршен фалсификат не постои. Значи се е во наши раце и пред нос да осознаеме и да истражуваме до крај. Денес во ерата на информатиката и интернетот тоа е за среќа овозможено и осознаено до најстинти детали.

Глаголицата е само усовршување на веќе постоечкото оргинално македонско старо древно писмо на рецки и цртички за што пишува и Црноризец Храбар. Писмото на средниот текст на Каменот од Розета можеби не денес но, за неколку години и официјално ќе биде признат од цел свет за македонско писание во владеењето на Птоломеј со Египет, македонскиот генерал во фалангата на големиот цар Александар Трети Македонски. Точно како што тоа го кажува Шамполион и нашите ценети професори Аристотел Тентов и Томе Бошевски заедно со нивните ученици истражувачи. Сигурна сум дека тие ќе го дешифрираат писмото на Каменот од Розета. Светот упорно ја негира вистината за македонската писменост и јас разбирам зошто е тоа така еве ќе појаснам. Кога Глаголицата била создадена во деветиот век тие чувствувале потреба од нешто ново и поусовршено писмо кое ќе помогне во преводот на Светото писмо и при тоа да можат новомакедонското писмо коине да го преведат во нов облик. Со други зборови се чувствувала таа силна енергија на Божјата реч да допре до народот на пософистициран начин од старото древно македонско писмо на рецки и цртички она истото од средниот текст на Каменот од Розета т.н. демотско писмо. Тука ќе ги цитирам Бошевски и Тентов: „Резултатите од дешифрирањето на средниот текст од каменот од Розета укажуваат на многу повеќе детали кои во текстот запишан на античко-грчко писмо ги нема. Оваа констатација го потврдува сознанието на науката уште од времето на Томас Јанг (1822) дека средниот текст е оригиналот. Врз основа на нашите истражувања ова сознание можеме да го допрецизираме со констатација дека декретот на фараонот во средниот текст на каменот од Розета во оригинал е напишан на јазикот на античките Македонци со писмо на живите господари, односно со официјалното писмо и јазик на државата која што тие ја управувале повеќе од еден век.“

Внимавајте моите согледувања кои ги пишувам за прв пат како една компилација од целокупното мое десетгодишно истражување на тема Вистината за Македонија укажуваат на тоа дека поимот Грци и Грција во антиката не постоел – ги нема како држава и народ. Грција е создадена во 19 век од современиците на големите сили како Велика Британија, Ватикан, Русија и Германија со Дројзен и неговата „хеленска“ културна револуција. Денес точно знаеме во детали како се раѓаа симболите на Грција и на Албанија. Како првата револуционерка Албанка Ласкарина Бубулина го подигнала првото грчко револуционерно знаме на островот Спецес. Новонастанатото знаме да потенцираме од индиската британска-бизнис фирма. Нашиот Македонец Вангел Божиновски открива : „ Според грчката историчарка Ели Скопетеа во делото„Примерок кралство и мегали идејата“,Белград 2005,стр 131 Античките празници не постојат во Грција во 19 век,а народот не знае за нивното постоење се додека еден грчки политичар со име Јоанис Клеантес не почнува да говори за тоа.“ Што укажува и го потврдува моето сомневање во нивното постоење во минатото. Понатаму ќе го посочам и овој откриен факт од истоимениот текст извадок на Вангел Божиновски објавен во електронскиот весник „Дудинка“:„Според Лоринг Денфорт во делото „Македонскиот конфликт“ издадено во Скопје 1996 на стр 41 Грчката држава од самиот почеток на создавањето започнала да обрнува посебно внимание на античкото минато.Но тоа некој требало да го спроведе и реализира.Таа задача е дадена на некои интелектуалци:

„Интелектуалците од дисциплините историја,лингвистика,археологија,литература и фолклор создаваат симболичен капитал од кој се формира новата национална култура.Потоа оваа национална култура преку образовниот систем се шири мегу граганите на новата држава.На овој начин се создава еднонационален канон.Овој симболичен канон служи да го легитимира постоењето на нацијата и служи да ги засили барањата за специфичен идентитет.“ Понатаму пишува и македонистката Елка Јачева – Улчар преку дело на светски експерт открива зошто кај Грците постои паничен страв од Македонците.Таа го цитира полскиот лингвист Збигњев Голомб кој и го открива одговорот за стравот на Грците и за проблемот со нивниот идентитет.

“Модерните Грци биолошки се многу поблиску до Словените одошто до старите Грци. Денешните Грци се само хеленизирани Словени кои се хеленизирале со примањето на христијанството”, пишува Збигњев Голомб во своето дело “Јазикот на првите Словени во Грција, 7 и 8 век (The lenguage of the first Slavs in Greece: VII-VIII Centuries), објавено од МАНУ во 1989 година.Голомб е ментор на Виктор Фридман, американски лингвист, редовен професор на Универзитетот Чикаго и еден од најеминентните македонисти во светот. И согледувате повторно дека сеуште светските истражувачи не расчистиле со фактот дека стари Грци не постоеле во минатото и тоа ги држи врзани за живиот фасификат во Библијата за жал. Кога ќе го прочитате првиот грчки устав ќе забележите дека тие се вештачки создадени и планирани од страна на големите сили се со цел да се намали македонската богата историја етапно бришена и уништувана до ден денешен сеуште овој процес трае и го гледаме со свои очи. Ние сите сме живи сведоци на оваа Вистина.

Фактот за постоење на МАКЕДОНСКИОТ КОД и МАКЕДОНИЗМОТ денес се во своја револуционерна фаза на оживување како фениксот од пепелта што се раѓа. Во 2010 та година во Република Македонија,октомври месец,Ендровски Саше прв во Македонија го посочи Геоглифот,по него Горан Таневски од тогашното списание КЛУЧ,со Никола Ристевски од Свети Николе пишуваа и објавуваа текстови со слики од првиот миг за Геоглифот,како и уште неколкумина исто така ученици на Аристотел Тентов со кои ден денес пишуваме,соработуваме и се дружиме на интернет од 2011 та до денес .Аристотел Тентов вложи труд да го пронајде и протолкува записот на земјата Канда со Каменот од Розета ,заедно со неговите ученици.Постојат записи на интернет од овој настан.

Истовремено преку интернет во 2011 та година на 5000км одалеченост од Македонија и Канда од Блискиот Исток преку гоогле-земја направив фотографии,цртежи и почнав самостојно да читам и истражувам ,да објавувам разни текстови поврзани со Канда и да соработувам со сите ,ентузијазмот си го направи своето, скептицизмот полека попушташе во јавноста и знам дека само храброста може да вроди со плод од целата работа која деноноќно го окупира мојот истражувачки апетит. Дојдоа ТАЛКАЧИ од МРТВ да ја снимат емисијата со археологот Горан Динев и Никола Ристевски за подоцна да дојде и нивниот настап на МРТВ со новинарот Слободан Томиќ – ГЛАСОТ НА НАРОДОТ . Знаењето за Геоглифот и на англиски јазик успешно го пласира во етерот Никола Ристевски.Домагој Николиќ изврши инвазија со својот храбар настап во неколку емисии во Хрватска .Тој им кажа : „ДА, ТУКА Е ГРОБОТ НА ЦАР АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ !“ Со најсовремена експедиција од светски и домашни истражувачи направија скенирање на земјиштето кај Канда и донесоа заклучок дека се работи за нешто ВЕЛИЧЕСТВЕНО ,ЗА НЕШТО МНОГУ ГОЛЕМО И ДРЕВНО ,се разбира КАКО НА НЕБОТО ТАКА И НА ЗЕМЈАТА –КАСИОПЕЈА-РОДЕНИОТДЕН НА АЛЕКСАНДАР ... Во меѓувреме Марина Дојчиновска не поврзаа со Хунзите и не врати во времето на цар Александар , при што УШТЕ ПРЕТХОДНО за Геоглифот се заинтересира и почна да пишува Емилија Гелева која и беше главен ментор на патувањето во Узбекистан. Во исто време Домагој Николиќ и Емилија Гелева се прогласени за почесни граѓани на Свети Николе токму за нивниот несебичен труд –КАНДА !Видни новинари објавија текстови во повеќе весници,направија интервјуа на телевизиите меѓу првите се Слободан Томиќ и Миленко Неделковски со Домагој Николиќ ,како и Дардан Венетски со Аристотел Тентов и Марина Дојчиновска од ТВ СОНЦЕ со Никола Ристевски. Тука специјално ќе го споменам Ниче Димовски со неговиот голем допринос во истражувањето на научната мисла со подсвеста и книгите кои тој ги напиша токму за нас Македонците преку негово лично Видение и доживување на Вистината за Вечноста и откривањето на гробот на цар Александар Македонски!

Значи да заклучам ,нема ништо случајно за да се споиме сите МАКЕДОНИСТИ ентузијасти полни со љубов за Вистината И ДА ГО СПОДЕЛИМЕ СО ЦЕЛАТА СВЕТСКА ЈАВНОСТ СВЕТИ НИКОЛЕ И КАНДА –Да почнат да се интересираат и нашите политичари целиот ДРЖАВЕН ВРВ и да вложат сестран напор оваа СВЕТСКА МИСТЕРИЈА МАКЕДОНИЈА ДА ЈА РЕШИ СЕ РАЗБИРА ВО СОПСТВЕНА КОРИСТ!!! Глаголицата, да се вратиме на нејзиното мистично писмено обележје. Таа е составена да ја воздигне македонската цивилизациска вредност на повисоко ниво од тогашното постоење во средниот век впрочем тоа се случува со секој јазик и писмо до ден денешен. Јазикот е жива материја која не само што се пренесува генерациски туку и претрпува промени како од дијалектичка природа така и од научно- технолошки современ аспект.

Глаголското писмо или глаголица (старословенски: Кѷрїлловица, The Church Slavonic name of the Glagolitic script on Glagolitic.svg) — е најстарата позната словенска азбука. Била создадена од Св. Кирил (827-869) и Св. Методиј (826-885) во 855 или околу 862–863 за преведување на Библијата и други книги на словенските јазици. Името доаѓа од старословенскиот збор глаголи, што значи „зборува“, „кажува“, „говори“, „вели“, „изрекува“. На старословенски се користи зборот „Кириловица“ за оваа азбука. Но, како што забележувате разбирливо е на нашиот денешен современ македонски јазик и после илјадници години.

Скоро сите зачувани стари глаголички ракописи настанати во периодот од X до крајот на XIIв., се од македонско потекло.(види страна 51 од книгата МАКЕДОНСКАТА ГЛАГОЛИЦА од Ѓорѓи Поп Атанасов). ГЛАГОЛИЦА И сонцето сосема се спушти и буквите излегоа од зборот и Исус се симна од крстот за да те побараат Α ти, никој да не те разбере, Како овенато јаболко заборавено на полица, како осамен монах во пештера, само си молчиш и сам саме си глаголиш - некоја црна глаголица. Пишува нашиот Анте Поповски за мене и Македонски.

Во нашето старомакедонско писмо, секоја црта и рецка треба да се разбере енергетски. Во сите правци на движење енергијата доаѓа од Земјата до Човекот, и обратно, но, со посредство на Бог и неговата реч. Во старомакетонското писмо имаме содејство на две, а можеби и на повеќе сили. На пример ако се судрат две сили, едната може да ја подели другата на два дела, или да се спојат двете сили, и да се соберат или мултиплицираат, може да се поништат, да настане експлозија или обратно инплозија. Кои се симболите што означуваат в зеамно дејство на енергиите? Какво в заемно дејство означува симболот крст † ? „Сам се крстам пред Сонцето – Бог“ во мој слободен превод од текстот на Васил Иљов цитирам :„ Предведски надгробен споменик со натпис напишан со древно македонско писмо и на древен македонски јазик: “КРЕШТ СЕ СИ У Л’Т С’Л С ИЉУ” со значење “КРЕСКАЈ СЕ СИ ВО ЛЕТ САМО СО СОНЦЕТО”. Илина Гора, Горно светилиште, Осинчани близу до Скопје (7000 - 6000 г.п.н.е.)“. Во нашето писмо има законитости од материјалниот свет. Енергија што ја примаш, потоа ја испушташ и обратно енергијата што ја праќаш потоа ја примаш. Основни закони во овој свет со кои ја материјализираме секоја мисла.Најверојатно во писмото ги има енергиите од духовниот свет, кои сигурно имаат некои други законитости и облици земени од претходното писание на изворот.Затоа што во писмото се спомнуваат два света, материјален и духовен. Најверојатно и во писмото ги има соодносите на материјалниот и духовниот свет.

Крстот го длабеле и цртале нашите древни Македонци. Карпестата уметност на Душко Алексовски е прекрасен доказ со артефакти откриени на територијата на Република Македонија.Како што и самиот наш цар Александар Трети Македонски го носи на десното рамо како дете на сонцето на познатиот мозаик од Помпеја додека на левото рамо има пчела симбол на мајката матица.Пчелата е извор на живот – мед. Матицата пчела е водилка една највредна Кралица. Значи ако се водиме од претпоставката дека без пчелите светот ќе умира така е и со Царот без него империјата ќе се растури.И затоа верувам не случајно ја носи на левото рамо нашиот цар Велики Александар Трети Македонски за сила и заштита.Симболиката е таа МАЈКА НА СВЕТОТ МАКЕДОНИЈА!

Вистината за Македонија е како божествена светлина и да ве прашам дали може ваква силна енергија да биде неписмена или хелинска т.н. грчка? Денес имаме полни раце работа за пишување и докажување дека многу работи кои се пласираат не се точни. „Послание на Св. Апостол Павле до ФИЛИПЈАНИТЕ“ од Светото Писмо во Новиот Завет пишува:

8.“ До Солуњаните прво

9. “За братољубието пак нема потреба да ви пишувам, оти вие сами сте научени од Бога * да се сакате еден со друг, * Јован 13, 34.

10. бидејќи така и постапувате со сите браќа по ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА.”

На крајот нека ова слово ни биде поука за денешното време кон секој од нас да се разбудиме од незнаењето и да ја прифатиме Вистината за Македонија со МАКЕДОНСКИОТ КОД кој е запишан во секој од нас за навек.

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.