Среда, 21 Март 2018   
Албанците ја заборавија бесата дадена на македонскиот народ во 1887 година

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Со создавањето на албанската држава, Албанците ја заборавија бесата дадена на македонскиот народ во 1887 година. Имено, целта на двата народа биле обединети во заедничка платформа за единствено македонско-албанско национално ослободително движење.

Прв ваков обид е направен во 1887 година кога македонски и албански патриоти формирале „Албанско-Македонска револуционерна лига“. Таа има составено „Апел“ во кој се нагласува дека:

„По многу обиди што ги преземаме за да и' помогнеме на нашата татковина Албанија, ние разбравме дека има само едно средство за да се постигне победата. Тоа средство е обединување со нашите блиски Македонци и заедничките акции со нив за ослободување на нашата древна страдалничка татковина. На Македонците што се наоѓаат во бугарското Кнежевство и на оние што живеат во Македонија...“

Како што пишува во „Апелот“, Лигата подготвила Устав и Програма за "самоуправа во нашите две области", т.е.

"во Албанија нека наредуваат Албанците, во Македонија Македонците".

Многу години потоа, Македонците создадоа своја независна држава на еден дел од територијата на Македонија. Меѓутоа, од осамостојувањето на земјата во 1991 година, Албанците заборавија кој е домаќин во Македонија.

Во последните повеќе од две и пол децении тие излегуваат надвор од она што некогаш било договорено меѓу нив. Подбуцнати од истите агентури кои отсекогаш работеле против Македонија, апетитите драстично им се зголемија.

Наместо да се почитуваат заедничките цели дефинирани во минатото, денес албанските политичари помогнати од странската агентура и домашните политички слепци, го окупираа македонското Собрание, ја укинаа демократијата и на насилен пат го воведоа Законот за употреба на јазиците.

Албанците денес се обидуваат со сила да му го украдат правото на македонскиот народ да биде суверен господар на својата македонска земја и покрај почитувањето на сите малцински или ако сакате етнички права. Тие ја заборавија девизата од минатото: "во Албанија нека наредуваат Албанците, во Македонија Македонците".

По настаните во македонското Собрание францускиот амбасадор Кристијан Тимоние изјави дека „може да се проблематизира безусловната препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ поради тоа што без минимум консензус и без цивилизирана дискусија беше донесен Законот за употреба на јазиците во Собранието. Тој изјави дека инцидентите во Собранието не се глетка од парламент на европска држава.“

Исто така видно разочаран дека видел настани за кои мислел дека се дел од минатото, тој ќе потенцира дека при донесувањето на овој закон „немало минимум консензус за процедура за усвојување закон и нема цивилизирана дискусија за теми од интерес на граѓаните. Не е мое да судам, но глетката што ја видовме беше сѐ само не глетка од еден парламент на европска држава.“

Претседателот Талат Џафери, во седница како да се оддржува во планина а не во маконското Собранија, со усвојување на Законот за употреба на јазиците надвор од процедурите, по 2001 година повторно „стрелаше“ во македонскиот народ, доведувајќи ја во прашање унитарноста на Македонија.

Во тоа имаше поддршка од владата на Зоран Заев и неговите 44 пратеници–предавници- слепци кои ја водат земјата кон провалија.

Единствено кој се спротивстави на донесувањето на законот за јазиците во Собранието беше поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. Свесен за последиците од законот, за кој и порано предупредуваше за она што се случува во земјата, тој се обиде да го спречи неговото донесување, но беше спречен од обезбедувањето.Браво за Груевски, но една ластовичка не ја прави пролетта.

Ако видиме што се случува во другите собранија на други земји како се бранат ставовите, се прашуваме зошто освен вербална изостана другата поддршка на пратениците од опозицијата.

Единствена одбрана на унитарноста во земјата сега е во рацете на претседателот Ѓеорги Иванов, кој не треба и не смее да го потпише указот за овој закон. Но тој се соочува со закани како од дома така и од надвор.

Албанските политичари во Македонија велат дека Законот за јазиците ќе го спроведат без разлика дали потпишан или не од претседателот. Од друга страна албанскиот премиер Еди Рама, кој упати критики до македонскиот претседател Ѓорге Иванов, се заканува дека „албанскиот јазик не е јазик на непријателот, туку е јазик на уставотворен народ во Македонија. Без Албанците нема Македонија“.

Со вакви закани кон Македонците кои не се насилници, се испраќа порака дека македонскиот народ не смее да има држава. Оттука се прашуваме:

Дали треба да станеме насилници, да правиме ужасни работи за да опстанеме и Европа да не сфати сериозно дека постоиме како македонски народ?.

Македонците не смеат да дозволат да го сменат името или во својот дом некој друг да им командува, но ќе ги почитуваат сите права на етничките заедници. Меѓутоа, доколку некој ја премине границата на пристојно однесување, македонскиот народ ќе нема друг избор освен да се брани.

Подобро е сите да изгинеме и да не запаметат во историјата како Македонци, отколку сами да се избришеме, бидејќи тогаш навистина не сме вределе како народ за да некој не забележи во светската историја.

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.