Среда, 21 Март 2018   
Пратениче од Карпош, не станува збор за никакви црни сценарија кон пратениците од власта
ToniТони Јаревски
Бидејќи забележав дека сум посебно интересен за пратеничката еве и од мене неколку конкретни мисли и пораки.

Пратениче од Карпош, не станува збор за никакви црни сценарија кон пратениците од власта. Граѓаните излегуваат на мирни протести да го изразат својот револт и гнев од вашите политики бидејќи немаат друг начин како да го кажат тоа, а истото да биде слушнато. Граѓаните кои протестираат се водени од чиста мисла и се испровоцирани од самоволието на двоецот СДСМ - ДУИ, а пред се од СДСМ, кои за да го зачуваат коалицискиот мир, ги погазија Уставот и законите, не ја слушаа јавноста, Претседателот на државата и експертите.

Претпоставувам дека не ти е пријатно кога јавно се искажува револтот против твоите политики, но верувај на граѓаните им е уште понепријатно кога ти и твоите колеги го газите Уставот и раскрчмувате се што е изградено со генерации.

Точно е дека ти и твојот сопруг сте многу моќни во моментов. Точно дека тој во секое време може да ја искористи функцијата во УБК за да ги заплаши и замолчи граѓаните. Не верувам, но можеби и ќе ви успее тоа во моментов, но на долг рок ќе останете сами против народот.

Залудно се обидувате да ги извртите фактите и да ги заплашите граѓаните. Правото на протест е уставно загарантирано право и никој не смее да го попречува. Не треба да те потсетувам дека вие ги патентиравте протестите пред домовите на функционерите од ВМРО ДПМНЕ, надградени со вандалско однесување и палење на државен имот и фотографии од Претседателот на државата.
Тогаш за вас тоа беше демократија и одраз на волјата на граѓаните.

Излезете малку меѓу народот и ќе го видите незадоволството. Голем дел од тие ваши членови и симпатизери кои тогаш протестираа со вас , сега се гневни и бараат да се стави крај на самоволието на СДСМ и распродавањето на националните интереси.

Јас бев и ќе останам ВМРО ДПМНЕ. Ние не бегаме и не се криеме од народот. Ние ќе ги примиме и поддржиме сите што си ја сакаат Македонија без разлика дали се членови на СДСМ или не се политички определени. Да, јас излегов на протести заедно со многу мои пријатели од ВМРО ДПМНЕ, но партијата не го организираше протестот. Протестите ги иницираа многу загрижени граѓани од Карпош, меѓу кои и ваши членови. Патем може да ги праша вашиот сопруг и полициските службеници кои беа вечерта таму. Еве на овој начин би сакал да им се заблагодарам и на нив за разбирањето и за поддршката што ни ја дадоа.

Се надевам дека вашиот сопруг нема да ја злоупотреби функцијата и да бара сите да бидат казнети затоа што не пукале во граѓаните.

Заедно со Зоран Заев може да го забраните и правото на протест, но тоа не е демократија. Може ќе се охрабрите и ќе забраните и поинакво мислење, а може ќе ви текне да го забраните и народот, но казната ќе ве стигне. Македонија не смее да биде заробена и киднапирана држава.

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.