|
|
Препораките на Советот за Безбедност не се предмет на поништување или на замена или дерогирање |
Рез. 817. препорака на Советот за Безбедност НЕ е предмет на поништување или дерогирање! За ова види во AJIL. Повеке види во МСП Советодавната јурисдикција. СБ нема примарно место во одлуките за членство и статусот во ОН, туку Генералното собрание, така да ние не ја менуваме препорака на СБ 817, туку продолжуваме членството. Генералното собрание донесува одлука, на ПРЕПОРАКА на СБ. Одлуките на ГС се обврзувачки по статусни прашања за ООН! Ние само ја применуваме постапката на МСП од 1948 , види АЈИЛ (1999). Тоа се е потврдено во мегународното право. Исто така треба да се каже и следното. Проблемот не е БЕЗБЕДНОСЕН, како што лаички се мисли во Македонија, бидејки за безбедносни прашања Генералниот сретаријат редовно поднесува извешати до ООН. Сега ако ги прекинеме преговори за името, Нимиц може само да поднесе извештај до Генералниот секретаријат, а овој може а и немора да се пожали до Советот за безбедност. Но Советот за безбедност неможе да донесе каква било резолуција со која би оневозможил акција во Генералното собрание на ООН или Мегинародниот суд за правдa.Советот при овој процес не може да донесе обврзувачка резолуција. Општото правило дека една безбедносна резолуција при нејзиното „поништување“ или тнр. „дерогирање“ мора да биде заменета со другата безбедносната резолуција (пр. Рез. 817 со некоја друга) не важи за приемните резолуции на Советот за безбедност во ООН, посебно ако не се спомнува Глава VII од Повелбата или повикување на мерки воведени со „цел зачувување на мирот и безбеноста”, а ова не е случај ниту со Резолуцијата 817, ниту со Резолуцијата 845 на Советот. Овие две резолуции не се „безбедносни“ акти и проблемот не е „заклучан“ во Советот за безбедност. (Доколку пример Резолуцијата на Советот беше од „безбедносен“ карактер Македонија не би ни можела да се зачлени во ООН. Ова важи и за секоја држава која аплицира за членстово во ООН односно Приемните резолуции не смеаат да содржат безбедносни елементи или да имаат „безбедносен“ карактер. Односно Македонија ниту, имала, ниту има активен спор со ниту една држава членка на ООН). Битно е да се знае дека правен принцип на САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ (JUS COGENS), не се однесува само на народи и не е само колективното право, туку ДРЖАВНО ПРАВО односно меѓународно право на државата. Покрај човековите колективни права, постојат и следните категорији-области права: 1. Права на ДРЖАВИ; 2. Права на земји КАНДАДИАТИ за ЧЛЕНСТВОТО во ООН; 3. ПРАВА НА ДРЖАВА ЧЛЕНКА на ООН. Токму за овие последните три категории права станува збор. |