Среда, 28 Март 2018   
Александар Македонски стои 'пред лицето на денешниот Македонец како национална гордост!

aleksandar-makedonski

Александар Македонски

Грците на македонскиот народ му го оспоруваат македонското име, идентитетот и историјата. Сметаат дека македонскиот народ нема право да се повикува и да се идентификува со античките Македонци. Бараат од македонскиот народ да се откажеме од Филип и Александар Македонски бидејќи наводно античките Македонци биле Грци, иако Демостен во своите „Филипики" јасно и недвоспимслено ја изразува разликата со зборовите: „Филип", тој.човек не само што  не  е   Грк,   туку  по   ништо  ие  им   е  сличен  на  Ѓрците. Факт е дека ни Филип, ни неговиот син Александар ни античките Македонци не биле Грци. Тоа може да се види од јазичните разлики бидејќи античките Грци не го разбирале јазикот иа старите Македонци.

Грците тоа го знаат многу одамна, уште во времето на создавањето на нациите, кога народите на Европа ја кампонираа својата национална свест. Во тоа време Русите своето потекло го бараа во Сарматите и Скитите кои некогаш ја населувале Јужна Русија, Бугарите го вадеа своето славјанско потекло од Индусите, Хрватите од старите Илири и кралицата Теута, Италијаните и Романците од старите Римјани, Германците од старите Тевтонци, а Грците се повикаа на старите Елини. Тоа е појава што ја следи секоја нација во настанувањето.

Грците за време на формирањето на својата држава на почетокот на 19 век биле свесни дека Филип и Александар Македонски никогаш не биле Грци по род, па затоа се повикаа на старите Елини, по кои се именува нивната држава. Тоа е време кога Грците и горенаведените историски народи, со богата средновековна државна традиција, нуркале во стариге времиња и барале оправдување за своето постоење.

Ако се има во предвид дека дури и многу развиените европски народи во вакви услави прескокнале цели епохи, само за да дојдат, до што пославно минато, тогаш неосновано е на македонските преродбеници да ,им се припише како „грев" или како „незнаење" сврзувањето за старомакедонската слава, кога македонскиот народ ја населувал Македонија.

Во времето на револуции сосема е нормално, како Ригас де Фера кој ги повикува Грците под знамето на Херкул и Ромеј, така и Ѓорги Пулевски да ги повикува Македонците под знамето иа Александар Македонски. Всушност тоа им го дала самата земја на која македонскиот народ бил населен со векови. Како и секој народ што ја сака својата земја на која живее и ја смета за дедовска и света, така и македонскиот народ не можеше да биде индифирентен и да не чувствува љубов за татковината, за нејзината славна историја и нејзините славни синови.

Оттука потекнуваат и одговорите како на оној солунчанец кој го бележи солунскиот учител Стефан Салганџиев, а во кој се вели "Јас не сум Бугарин, ниту Грк, ниту Цинцар; јас сум чист Македонец", какви што беа Филип и Александар Македонски и Аристотел Филозоф". И самиот П. Славејков ќе ги забележи овие зборови: „Многу слушавме од Македонците дежа тие не се Бугари, туку Македонци, потомци на старите Македонци...“.

Живеејќи во земјата во која некогаш живееле античките  Макадонци, во средината на XIX век народот во Македонија почна да се конституира во нација, како потомци на овој славен народ. Потврдата за нивната автохтоност тие ја наоѓаат во Херодот и Страбон и практично стануваат постар народ не само од Србите и Бугарите, туку и од Грците. Сето тоа, како и славното минато и величествена историја на античките Македонци, им влеваше сила на македонските патриоти кои и пред ова време се наречуваа Македонци.

Не само Исаија Мажовски, туку и Горѓи Пулевски говорат за поголемата старост на македонските Славјани и од Србите, и од Бугарите, и од Грците, што особено дојде до израз во неговата „Славјано-македонска општа историја", која денеска се чува во Народната библиотека во Софија.

На ваквите позиции стоеја и најголемиот дел од Македонците. За ова не известува и Горѓи Пулевски, кој врз основа на овие историски преданија ги повикува Македонците под „воено македонско знаме" во борба против Османската тиранија, бодрејќи ги луѓето со зборовите:

„Дали сте чуле, Манедонци, стари људи штоговорат:

„Од Македонци појунаци над них не било.

„Цар Алансандар македонски триста лета предХриста"

„Со ^Македонци сву вселену повладал.

Наш крал Филип — Славјании е,

цар Алексавдар— Славјанин е.

Наши баби (славјанони то родиле.

Македонци! Сетете се за јунакство македонско,

Та спроти старих вие сега да следувате!"

Ова значи дака „старите луѓе зборувале за тоа", и дека ова предание има длабоки корења во народот. Дури оваа теорија некое време ја застапува и Димитар |Миладинов, кој во препирка со некој Грк во Кукуш, истакнува, дека древните Макадонци се Славјани.

Иако праку Македонија минаа векови и народи како варварите, Римјаните, Византијците, Србите, Бугарите и Турците, славата на Старомакедонците надвиснуваше над сите.

Сеништата на Старомакедонците беа присутни на секој чекор и притискаа, како кошмар врз живите.

Урнатините на македонската престолнина Пела, каде што е родан Алансандар Македоски, старомакедонските монети со ликот на овој голем владетел романите, песните и преданијата во народот, сето тоа ја оживуваше фантазијата на македонските

Славјани во тоа време и ги потикнуваше да истраат во борбата за ослободување и создавање на своја македонска држава.

Така, пред очите на македонскиот човек ,почнаа да минуваат и да воскрснуваат фалангите на Александар Македонски, кои порано ја разнасоа славата на Старомакедонците од Македонија далаку на исток во Азија.

„Оваа замја е Македонијаи ако ја погледате природата, наравот, обичаите, карактарот на населението, нивниот живот, нивната физиономија, во нив иаполно ќе ги  препознаете истите оние мажи што во стари времиња ги составуваа фалангите на Александар Македонски“ зборуваше македонскиот народ тогаш :и подоцна.

Со зборовите „,ние сме то имале цар Алансандар Велики", македонскиот народ  го доловуваше блескавиот период на величината на македонската држава и тоа беше мотивот кој го водеше македонскиот народ низ вековната борба за национална држава.

По создавањето на еден дел од Македонија на македонска независна држава, Александар Македонски стои 'пред лицето на денешниот Македонец како национална гордост.

Таа национална гордост денеска има за него интелекгуално 'значење во однос на постигнувањето на идејата за самостојност.

Старата македонска слава ,со славните имиња со кои не може да се мери ниеден европски владетел, има опсесивна моќ над македонскиот народ, кои и по речиси нецели три децении од осамостојувањето сеуште се бори да се потврди себаси како посебен народ.

Грците и после повеќе од два милениуми сеуште треперат од страв од името на Александар Македонски. Затоа бараа името на аеродромот и автопатот Александар Македонски да се острани, како и остранување на воинот на коњ од плоштадот Македонија.

Затоа бараат да се промени името, идентитетот и историјата на Македонија. Со тоа тие сакаат да ја уништат македонската национална гордост, да се понижи и да се обезличи македонскиот народ.

Но, забораваат дека сеништата на минатото повторно јаваат, а Грците и нивните сојузници забораваат дека, еден ден од ловци можат да станат плен.

 

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.