Понеделник, 02 Април 2018   
Не ги бива за ништо, затоа што се безидејни, прости и неспособни
alt

Михајло Маневски

Простаци и арамии, Бесрамно се китите со туѓи реализирани проекти

Бидејќи СДСМ и Зоран Заев не ги бива за ништо и ништо не можат да направат, затоа што се безидејни, прости и неспособни, ги бива да крадат туѓ труд и да се китат со туѓи перја. Тоа досега им е единствено што направиле.

Освен фалбите и празните ветувања на Зоран Заев, досега за десет месеци не ставиле ниту едно камче и не почнале ништо да градат. Само рушат, самоволно го рушат и еднострано го запираат тоа што веќе е во изградба или почнало да се реализира.

Со едностраното раскинување на склучени договори нанесуваат непроценливи штети. Уште одсега сами си ги пишуваат кривичните пријави за злоупотреба на положбата и нанесувањето на огромни штети на државата за кои ќе одговараат.

Како што тргнале, ниту еден цел државен буџет нема да стигне да ги надоместат штетите што и ги причинуваат на државата која ја водат во колапс.

Знае ли Зоран Заев каква е постапката пред меѓународните судови и арбитражи, знае ли колкави се трошоците, знае ли колкави се каматите, а знае ли дека едностраното раскинување на договор однапред значи изгубен процес?. Има ли барем некој “експерт” од плејадата правници да го советува дека ова што го прави е погубно за државата и дека со тие постапки до гуша се влезени во криминал.

Бидејки ништо не направиле, лажно се китат со реализирани проекти од предходната Влада. Бесрамно на веќе изградени објекти сечат црвени ленти!!. Тоа се случува со патишта и автопатишта и многу други овјекти. Се китат со туѓ труд и макотрпна работа што вложиле многу предходни министри и раководни лица и државни органи од предходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ. Ама на лагите им се куси нозете и ќе им дојде крајот кога за тие лаги и штети ќе платат висока цена.

Изградба на новата зграда на Кривичниот суд
И денес кога се отвора новата зграда на Кривичниот суд, лажат и се фалат што тие направиле. А што направиле? Ништо. Сакаат да ја скријат вистината дека Кривичниот суд го изгради Министерството за правда и предходната Влада. Тоа го премолчи претеседателот на Кривичниот суд Иван Џолев и оној така наречен заменик министер за правда Оливер Ристовски, безгранично прост и изгубен, не го ни спомна периодот на почетокот и изградбата на зградата. Се заблагодари само на Светската банка и Амбасадата на САД, и толку!. Да не беше толку завеан од простотилак и безобразлук, ај што не беше поканет никој при пуштањето на зградата во употреба, барем со половина уста да изразеше благодарност и на тие што ја почнаа и изградија ова зграда, што вложија многу труд да се изгради тој многу значаен објект.

Сите подготовки за изградба на зградата, прибавување на техничка документација, дозвола за градба и други потребни документи и обезбедување на потребни материјални средства за тоа, ги изврши Министерството за правда и подписникот на овие редови како тогашен министер за правда и Владата на Република Македонија. Од кредитот од Светската банка во Програмата за реализација на кредитот донесена од предходната Влада, за изградба на судска зграда беа прдвидени само 1,8 милиони евра и со тие пари неможе да се изгради судска зграда.

Како министер за правда, ги реализирав сите проекти предвидени во Програмата и заштедените средства од нереално предвидените во договор со преставниците од Светската банка ги усмерував за иаградба на судската зграда и така за изградбата на судската зграда се обезбедија 5 милиони евра. Од буџетот на РМ за изградба на зградата се обезбедија 3,5 милиони евра. На тој начин се обезбедија средства за изграднба на зградата во износ од 8,5 милиони евра.

Камен темелник е поставен на 25.05.2010 година од претседателот на Владата Никола Груевски и јас како министер за правда. Редовно ја следев изградбата на зградата и го посетував градилиштето.

3При крајот на мојот мандат, кога привршуваа градежите работи на карабината на зградата и одпочнуваа занатските работи, на 25.07.2011 година во Министерството за правда заедно со стручни лица извршивме избор на материјали, на мермери за фасада, подови, врати, санитарии и многу други работи, што јасно може да се види од фотографијата. Мојот мандат заврши во август 2011 година.

Колку и да лажете, колку и да сте безобразни и без елементарна култура на однесување, вистината неможете да ја скриете. Тоа што немате доблест да се соочите со вистината и немате еленментарна култура во однесувањето дури и да изразите благодарност, ги покажува арамиските цели и да се китите со туѓи перја. Власт која руши, а не гради, неспособноста да ја маскира со арамилак.

И на крајот, колку да знаете, зградата на Кривичниот суд не ми е прва судска зграда изградена во мојот мандатен период како министер за правда. Функцијата министер за правда ја вршев 10 години. Во мојот прв мандатен периот на Министер за правда од 1986 до 1991 година, во ноември 1989 година го поставив камен темелникот за изградба на заградата на Врховниот суд на Македонија и на зградата на Основниот суд Скопје 2. Од 5 судски згради во Скопје во кој се сместени судовите, на 3 судски згради и тоа на Врховниот суд на Македонија, на Основниот суд Скопје 2 и на Кривичниот суд сум ставил камен темелник и тие згради се започнати со изградба во мојот мандатен период.

Сета неспособност и сиот простотилак го покажавте. Ништо веќе не можете да скриете од народот. Народот го излагавте и за тоа ќе платите. Народотт нема никогаш да го заборави овој простотилак и арамилак на ова ненародна Влада.

Превземено од Република

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.