|
|
Македонско-андартската борба во делата на грчките писатели |
Тихомир Каранфилов „Грчката акција во Ениџевардарслото Езеро (Блатото) во текот на 1905, 1906 и 1907 година се пренесува во Грција како една од најславните страници на "Елино - македонската" борба ". Од неа се инспирира и грчката писателка Пинелопи С. Делта, за да го напише својот двотомен роман "Во тајните на Блатото", Како што самата вели во нејзиниот предговор, авторот ги искористи историските податоци од архивата за андартската борба (зачувана во грчкото Министерство за надворешни работи) и расказите, дневниците, мемоарите на разни учесници во опишените настани. Таа ги проучила материјалите многу внимателно и ги објавила низ нејзиното уметничко перо. Нејзината книга е мешавина од вистински и измислени случки, од живи и измислени ликови. ... Ние ќе извлечеме од него само она што го потврдува нашите мисли и заклучоци за борбите во Езерото. - пишува македонскиот револуционер и историчар Христо Силјанов, во своето дело „Ослободителните борби на Македонија“. По падот на таканареченото пристаниште „Порт Артур“ во Ениџевардарското езеро, познато како Блатото, каде беше главната колиба на прочуениот војвода Апостол Петков „Ениџевардарското сонце“, преостанатите македонските комити се повлекоа во планините, каде веќе се наоѓаше нивниот војвода. Врз основа на документите и спомените на грчките андарти учесници во овие борби, подоцна се пишуваат романи кои го глорифицираат грчкото јунаштво. Во обид да ги разобличи и да ја престави вистината за настаните за борбите во ова мочуриште, Силјанов во својата анализа ќе напише: „Откако Блатото беше исчистено од комити, останувањето на андартите таму беше бесмислено. Дури и турските власти, кои сега немаа потреба од грчка помош во Ениџевардарското езеро, можеа во секое време да го свртат дебелиот крај и кон андартите. Надвор од ова, грчките чети, исцрпени од болест, рамнодушност и постојани борби со (Македонците – н.з), беа желни да се вратат во Грција. Капетанот Никифорос го напушти Блатото уште во текот на месец април и беше заменет од капетанот Никифорос II. Тоа беше проследено од главниот командант на сите андартски сили во Блатото, капетан Калас и други раководители со четите. По големата битка против комитите, војската ги откри и завзеде главните грчки колиби без да сретне некакви бранители во нив. (Една телеграма од Б.Т.А. од Солун, датирано на 8 јуни 1907 година, гласи: "Откриени се и завземени од војската девет големи, солидно направени колиби кај селото Зервохор. Грчките чети, на кои им припаѓаа овие колиби, при бегањето исфрлиле многу резерви во водата.") Така се заврши андартската дејност во Блатото. Одделни мали групи се појавуваа и понатаму во напуштените колиби, но само за прикривање. (Во текот на пролетта на 1908 година, власта фати двајца евзони во Езерото - од Б.Т.А. телеграма од Цариград, 8 април 1908 г.). Грчката акција во Блатото во текот на 1905, 1906 и 1907 година се пренесува денес во Грција како една од најславните страници на "Елино - македонската" борба ". Од неа се инспирира и грчката писателка Пинелопи С. Делта, за да го напише својот двотомен роман "Во тајните на Блатото", Како што самата вели во нејзиниот предговор, авторот ги искористила историски податоци од архивата за андартската борба (зачувана во грчкото Министерство за надворешни работи) и расказите, дневниците, мемоарите на разни учесници во опишените настани. Таа ги проучувала материјалите многу внимателно и ги објавила низ нејзиното уметничко перо. Нејзината книга е мешавина од вистински и измислени случки, од живи и измислени ликови. ... Ние ќе извлечеме од него само она што го потврдува нашите мисли и заклучоци за борбите во Езерото. Внатре во Блатото андартите имаат само еден единствен непријател – (Македонците – н.з.) Додека на друго место се случуваат турски напади и против андарти, тука "Христовите војници" се оставени во апсолутно спокојство, за да го вршат делото на војската - да ги вознемируваат и ако им успее, да ги протераат комитите од Езерото. Ете зошто, авторката, мајсторки во описите на големите и мали судири меѓу андартите и комитите, не споменува во своите 597 страници за ниту еден истрел, разменет меѓу андартите и војската внатре во Блатото. Напротив, Грците тука јавно соработуваат против заедничкиот непријател. Еден доказ за таа заемна соработка наоѓаме и кај самата авторка: Ранетиот капетан Аграс се лекува, во домот на еден лекар, Грк во Солун. Кај него се јавува учителката Илектра и му пријавува, меѓу другото, и следново: "Три илјади Турци го опколиле Езерото. Тие побараа договор со капетан Аграс за да удрат на (Македонците – н.з.). Капетан Никифорос и капетан Калас заминале ... во долните колиби за да преговараат. Но капетан Калас не сакаше да дејствува заедно со Турците. - Зошто? Зошто! - пресече Аграс. - Сега да ги истераме (Македонците – н.з.) од Езерото, а потоа ќе видиме што ќе правиме со Турците. Така зборуваа и другите капетани, но капетан Калас не им веруваше, не сакаше." Што се однесува до услугите, платени и доброволни, на Турците, тоа не се исклучоци, како што се случаите со (Македонците – н.з), а се присутни во распространетиот систем. Беговете бараат од андартите “заштита на своите чифлици од разбојништвото на (Македонците – н.з)“ и ја плаќаат таа заштита со подароци, шпионажа, прикривање и сл. Другите - Абдула, Али и др. - се плаќани. Во колибата Чекри, каде капетан Никифорос живеел едно време, "платените Турци, подофицери и цивили, донесуваа сведоштва, често пати премногу вредни за движењето и дејноста на (Македонците – н.з.). Грчкиот комитет има своите платени органи и меѓу чуварите на Солунскиот затвор. Пријателството меѓу андартите и Турците оди до таму што понекогаш во андартски гоштавки учествуваат и Турците - стражари. Додека Сониксен речиси никако не зборува за тешкотиите на животот во Блатото, грчката писателка одделува премногу место за комарците, вошките, маларичната треска, чадот, студот, смрдеата. Андартите, особено нивните капетани, боледуваат многу повеќе и периодично се сменувани од други, испратени од Грција. Лесно е да си представам каква им била ситуацијата, ако, над сè, ја имаа против себе и турската војска. Андартите стојат подолу не само по издржливоста, но и по техничката подготовка, што се однесува до правење и утврдување на колибите: во тој однос тие копираат од затекнатите (македонски – н.з.) примероци и постепено успеваат да ги стигнат. Меѓу капетаните во Блатото не владее хармонија. Авторката, преку устата на другите херои, ја осудува претпазливата, одбранбена тактика на врховниот андартски водач во Блатото, капетан Калас. Нападачкиот устрем на Аграс, Никифорос и други бил спречуван од Калас, кој не сакал да го ризикува животот на луѓето во безумни акции, бидејќи е убеден, дека укрепените населби не се превземаат лесно. Поради овие и други причини, Калас е остро критикуван од страна на другите офицери, а еден од неговите помошници, капетан Рупакјас, едноставно го напушта и си заминува со своите луѓе за Грција. По својот дух книгата на Делта е нешто како евангелие за (македонско – н.з.) непријателство, иако што во неа се зборува премногу за човечност и други христијански добродетели. Слично на Мохамедовите следбеници во средновековието, хероите на авторката ја заштитуваат и распространуваат со оган и меч патријаршиската власт над (Македонците – н.з.). Но за да се оправда оваа сама по себе варварска кауза, грчката писателка се обиде да го претстави непријателот во најперверзен, речиси нечовечки лик: (Македонците –н.з.) се садисти, предавнци, грди до еден - со дебели носеви и свински муцки", имаат дури сопствен специфичен мирис. За забележување е дека грдоста и миризбата на (Македонецот – н.з.) престанува да инспирира одвратност кај префинетите грчки капетани, штом (Македонецот – н.з.) ќе се одрече од својот род и се стави во служба на грцизмот. Кон таквите ренегати авторката се однесува со симпатија и не чувствува одвратност од нивната физичка грдост и од нивните пороци. Се случи, сепак, така што "најчистиот и најпознатиот херој на македонската борба", капетан Аграс ја заврши доста неславно андартската кариера: заробен во борба со (македонска – н.з.) чета и потоа обесен. Таков крај на главниот херој сосем не би имал пристап во еден грчки историски роман, предназначен да ја воспее и бесмртноста на хероизмот и доблеста на големите и малите андарти што дејствуваа во Блатото. Ореолот на маченик за друга идеја, повозвишена од андартската и похармонизирана со христијанството, би можела не само да го задржи беспрекорно споменот на обесениот заробеник, но и да го жигоса ... (македонскиот – н.з.) противник. Заведена од оваа мисла, авторката на која сосем не и недостасува креативна имагинација создава една возбудлива сторија во која спасувачката христијанска идеја на Аграс е освквернавена и исмеана од (македонската – м.н.) "подлост". Кај андартскиот капетан настанува душевен прелом. Од приврзаник за соработка со Турците и гонител на (Македонците - н.з.), тој наеднаш се преобразува во проповедник на збратимување со (Македонците – н.з.), против општиот непријател - Турчинот. "Проповедвајте го евангелието, прошката, љубовта, и ќе се убедат сите дека само преку пријателството и соработката ќе може еден ден да се ослободи Македонија", - вели тој на првенците во Негуш, кои се мачат да го одвратат од патот на заблудата, предупредувајќи му дека (Македонците – н.з.) се "подмолни, лажговци, предавници, нечесни". И тргнува, без чета, само со еден курир на средба со некаков местен "војвода Златан", за да се договорат. "Златан" го измамува, го води во својата чета и дури тогаш грчцкиот капетан гледа дека паднал во стапици. Бос, во партали, Аграс е воден од село до село, каде бил приморуван да игра како мечка. Но тој, гордо, возвраќал со вулгарности и добивал удари и крвари - "како Христа кого го го разведуваат, навредуваат и удираат". Најпосле, на 7 јуни 1907 год. Аграс бил обесен, заедно со курир, на еден орев, на патот, недалеко од село Теово. Врз трупот на Аграс била оставена забелешка: "Така ќе бидат казнети сите кои се спротивставуваат на волјата на (Македонците – н.з.)", со два потписа: "Касапче" и "Златан" (стр. 552).“ – пишува македонскиот револуционер и историчар Христо Силјанов. Силјанов за да го разјасни убиството на Аграс, во фуснота ќе забележи: „Како што се тврди и во телеграмата на Б. Т. A., белешката на трупот носеше потпис на Апостол војвода, со чие име, очигледно, се послужила месната Воденска чета. Наспроти сите обиди, (македонски – н.з.) војвода со име или псевдоним "Златан", ние не можевме да откриеме. Што се однесува до "Георги Касапче", таков организационен војвода има: Георги Мучитано-Касапчето, влав од Крушево. Тој, сепак, дејствувал само во Битолскиот округ и е убиен во борба со Турците во 1911 година - не на 30 јуни 1907 година во борба со андартскиот војвода Серафим, како што тврди авторката (стр. 776). Очигледно е дека на грчката писателка и се допаднал прекарот Касапче, како соодветен за случајот. Изгледа дека писателката Делта само репродуцирала на свој начин, тоа што и било раскажано од други андарти. Во својата книга "Македонската борба", која не е роман, генерал Мазаракис, на пример, при набројување на "херојски загинатите" андартски водачи, споменува (на стр. 54) и за Аграс кој "сакајќи да се договори со (македонска – н.з) чета, командувана од влавот Златан, во кого имаа доверба некои месни луѓе, бил заробен и измачуван во текот на четири дена и конечно обесен на еден платан, близу до Владово (денешната паланка Аграс) ". Укажувајќи дека грчките андарти немаа милост ни кон цивилното македонско население, Христо Силјанов на крајот од овој дел за борбата со грчката вооружена пропаганда вели: Убиството на противникот што се предал во битка, не е, навистина, кавалерски чин. За какво кавалерство, сепак, може да се зборува во една ѕверска борба како грчко-(македонската –н.з.) во 1904-1908 година, која се одвива надвор од секој Божји и човечки закон? И како можат да се потпрат на великодушноста и милоста вооружените водачи на една акција која го употребува слоганот "да не остане (Македонец – н.з.)"? Сепак воденската чета ги пушти на слобода поголемиот дел од заробените луѓе на Аграс и ги казнува со смрт само петмина - очигледно, првите и највиновните. Ние се сомневаме, дали андартите, навикнати да убиваат мирни патници и работници, би биле толку великодушни ако на пример го фатиле Апостол и неговата чета... На тој или друг начин, маченичката смрт на Аграс, во името на идејата за единство и сплотување меѓу македонските христијани, како епизода во роман, е добро измислена. Само како епизода во роман. Во стварност првоапостоли на оваа висока и спасителна идеја се творците на Револуционерната организација, а вооружените придојдени од југ и од север - нејзини гонители и убијци. Нејзин првоапостол во Ениџевардарско е Апостола Петков. До востанието тој приподваше жестоко меѓу гркоманите и ги привлече за заедничката цел на македонското ослободување. Непријател и гонител на грцизмот тој станува потоа, кога грчката вооружени пропаганда се јавува со задача да ги поттикнува патријаршистите против екзархистите и да ја поддржува тиранијата. За авторката на романот, Апостоло не е ништо повеќе од еден убиец, кој сее ужас околу него. А тој е нешто далеку повеќе од нејзините идеализирани херои. Апостол е, пред сè, борец за слобода и заштитата на луѓето од сите угнетувачи. Андартите се за него второстепен непријател, сојузници на Турците – што заслужуваат презир. Тој, а не андартските капетани, е фактор кого Абдул Хамид се обидува да го привлече преку почести и злато. Откако се исклучи краткотрајно соработката со Лука Иванов во Блатото, Апостол имаше за советници едноставни момци излезени, како него, од недрата на народот. Тој сам се справи со многу свои непријатели - турската војска од сите родови, грчки пешадиски и морски офицери, подофицери, Евзони, ренегати. Каква чест за овој (македонски – н.з.) селанец, кој го минал само револуционерното училиште! И какво недостижна супериорност над неговите непријатели, подоцна грчки генерали и адмирали!“ (продолжува)
|