|
|
Зарем нема да се срамиме ако дозволиме Македонија да се разнебити? |
ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да се предаде и никогаш нема да ја остави Македонија на цедило, а тоа треба да го сторат и од СДСМ ако имаат барем малку чуство за државните интереси. Македонија е земја на Сонцето, чиј симбол се вее на нашето државно знаме. Македонскиот народ, барајќи го местото од каде изгрева сонцето, уште во времето на Александар Македонски ја пренесе Аристотеловата просвета и го цивилизира човештвото. Но, таа некогаш толку славна татковина доживеа пропаст кога се сврте во правец на залезот на сонцето. Туѓи народи посакаа да ја завладеат земјата и да го уништат народот. Со оружје, сплетки и интриги, како и со користење на синовите кои се откажале од родината заради сјајот на богаството, тие со векови се обидуваат да ги уништат Македонците. Поделбите кои ги доживеа македонскиот народ оставија длабоки корени. Македонците долго време не го развиваа знамето што го носеа во триумф победничките македонски војски. Победничкото сонце од Кутлеш долго време беше ставено под превезот на заборавот, а поради страв од големината на македонското име, многумина се обидуваа и сеуште до ден денес се обидуваат да го избришат и географскиот поим Македонија. Со преминувањето од еден јарем во друг, враќањето на Македонија на светската сцена одеше тешко. Синџирите кои ѝ ги наметнаа туѓите народи и одродените синови тешко се раскинуваа. Но полека, дел по дел, Македонија крвавеше и се креваше. И покрај длабоките рани, македонскиот народ преку Крушевската Република 1903, АСНОМ 1944 и 8 септември 1991 година ја воскресна Македонија. Победничкото знаме повторно се вееше, а сонцето на слободата повторно грееше на еден дел од територијата на Македонија. Потиснатата колективна меморија заради заборавање на нашето потекло повторно бликна со цела сила. Меѓутоа, лекцијата од минатото беше заборавена. Повторно дозволивме на сплеткарите со години слободно да шетаат низ нашата земја, засипувајќи го нашиот народ со раздор и страсти. Додека македонскиот народ ги пречекуваше со раширени раце и љубов, дојденците упорно работеа на раздробување, потпалување расправии и подготвуваа терен за конечно погребување на славното македонско име.
Во прашање е иднината на македонската држава. Разјадена и ранета од отровните стрели на некои соседи со помош на домашната пета колона, во последните повеќе од две и пол децении од осамостојувањето повторно ги зголемија своите апетити кон нашата земја, ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да се предаде и никогаш нема да ја остави Македонија на цедило, а тоа треба да го сторат и од СДСМ ако имаат барем малку чуство за државните интереси. Македонија ве колне да се смирите, да се сложите и збратимите без разлика на етничка, верска, партиска или друга припадност.Не им верувајте на другите кои работат само за свои интереси и за пропаст на македонскиот народ и држава. Зарем нема да се срамиме ако дозволиме Македонија да се разнебити? Зарем ние сите заедно, ќе им помогнеме да го закопаат славното име македонско? Ако тоа не го посакуваме, ако сакаме да се залечат раните на Македонија, ние како вистински Македонци да застанеме во одбрана на својата прадедовска земја и да им го покажеме патот на сите интриганти што шират омраза и поделби меѓу браќата. Македонци! Вие сте чеда на Македонија, во вас тече македонска крв, зарем уште не се разбудивте? Оставете ги настрана теснопартиските и личните интереси. Време е за одбрана на земјата.
|