Среда, 23 Мај 2018   
Македонско писмо откриено во Кина

branko-sotirovski
Автор: Бранко Сотировски - (Sūkè ) 苏克

ЗЕТА МАКЕДОНИЈА МАНЏУРИЈА - Внатрешна Монголија

Xiajiadian - македонска култура на територијата на денешна Kина  夏家店下馬其頓文化. Најзначајно археолошко откритие во кина во 2009 година. Град изграден од камени ѕидови во раниот период на Xiajiadian во регионот Sanzuodian во градот Chifeng, кој се наоѓа во источниот дел на Автономниот регион Внатрешна Монголија, претходно познат како Манџурија (Манџурија е македонски топоним со значење Мајка - почва хранителка).

chifeng
Градот Chifeng, Внатрешна Монголија, Кина

Во североисточниот дел на Кина, која се наоѓа во југоисточниот дел на Внатрешна Монголија, северен Хебеј и западен Лијанинг, Кина. Според археолошките пронајдоци, автохтоното население од овој регион, пред минимум 4000 г. се занимавало со земјоделство и сточарство. Одгледувале просо и чувале домашни животни, свињи, овци, крупен добиток, кучиња и др. Ловот на диви животни бил развиен во однос на забава и верски ритуали. Населението било густо населено.

Пронајдени се артефакти од камен, коски и керамика, а исто така се пронајдени златни и оловни предмети, лакови, жад, бакар и бронзени артефакти, најчесто пронајдените артефакти од бакар и бронза се обетки.

Луѓето биле одлични градители на одбрамбени ѕидини и куќи од камен и кал. Ѕидовите не се дебели. Ѕидови со караули биле изградени во седвич од камен со земјено јадро. Пронајдени се околу 50 утврдени локации во таа област.

chifeng-2
Ѕидови зајакнати со караули, регионот Чифенг, Внатрешна Монголија.

Меѓународниот колаборативен археолошки истражувачки проект (CICARP) (Chifeng 2003; Linduff et al., 2004), изврши детално истражување на регионот Чифенг. Регионот се карактеризира со ридска топографија (550-1500 м.н.в.) испресечен со широки долини.

МАКЕДОНСКИ НАТПИС НА ГЛИНЕНА ПЛОЧКА

4.000 години стари симболи пронајдени на керамичка плочка.

Керамичката плочка откопана е во урнатините од раниот период на Xiajiadian во градот Chifeng.

Урнатините, со површина од над 10.000 квадратни метри, беа ископани од институтот и универзитетот Џилин. Нивното мислење е: „Симболи напишани на коски од пред околу 3.000 години во династијата Шанг, може да потекнуваат од керамичкиот натпис пронајден на овој локалитет".

Нивна претпоставка е дека зборовите кои се напишани на плочката се поврзани со жртвени активности.

kaogu
4.000 години стари симболи пронајдени на керамичка плочка
Фото: kaogu.cn, Xinhua, фебруари 12, 2018.

Глинената плочка испишана со мастило, за кинеските научници претставува, според нивната претпоставка, најстариот доказ за почетоците на формирање источно-азиски симболи за комуникација. Овие се дури постари од источно-азиските  (Chinese: 甲骨文) симболи напишани на коска, пронајдени во Yinxu site (in modern Anyang, Henan Province) 2.000 г македонска ера пред преименувањето на македонска вера во христијанска религија.

Овие симболи, според кинеските научници, се директни претходници на денес современите кинески симболи.

Американскиот мисионер Френк Х. Чалфант (1862-1914) во неговата книга "Рано кинеско пишување" од 1906 година. Во своите книги, тој го опишува настанокот на кинеските симболи врз основа на една претпоставка дека пред кинеските симболи не постоело друго писмо. Според него, симболите настанале со стилизација на предметите од природата.

Кинеските научници потполно се во право, кога велат дека овие симболи се почетоците на изработка на кинеските симболи. Зошто? Затоа што автохтоното население не само на истокот од Азија, туку во цела Азија, се авторите на кинеските симболи. Пронајдените артефакти од археолозите, претставуваат материјално сведоштво на една високо развиена култура. Нивното датирање се одредува од тим на научници ширум светот. На тој начин се доаѓа до заклучок за самите почетоци на културниот развој. На артефактите се препознаваат цртежи, симболи, апстрактни геометриски слики и фигури. Најчесто формите се изработуваат со слова ЦУТНИ (кирилица и латиница) во вид на ЛИГАТУРА, како скриена порака на создателот, што сведочи за високо развиена наука и култура.

Лигатурата може да се дешифрира само со словата цутни и на македонски јазик, кои образуваат зборови и мисловни концепции. Според ова, можеме со сигурност да заклучиме дека автохтоното население во Азија е македонскиот народ. Тој живее со помали племенски групи, кои ја прифатиле македонската култура. Македонското писмо ЦУТНО  (кирилица и латиница) и начинот на пишување на мал простор со лигатури се основа за изработување на источно-азиските симболи.

На плочката пишува: „И У УЈ ИЛИ И ИС Л’С“. Транскрибирано на современ македонски јазик значи: И СО НОВОТО СОНЦЕ-ИЛИ СЕ ПОЈАВУВА ИС-ИСУС ВО ФОРМА НА СОНЧЕВИ ЗРАЦИ „Л’С“.

desifriran-tekst
Дешифриран текст.

Книгата „Зета Македониа 400.000 г. писменост, македонска цивилизација на пет континенти, традиција до денес“, во склоп на македонската култура ја објаснува исконската македонска вера и писмо:

МАКЕДОНСКО ПИСМО

            Писмото и јазикот се создадени во согласност со природата, тие се природна појава, тие се меморија на природата, а самото писмо претставува визуелно претставување на говорот. Како што вели истражувачот Одисеј Белчевски, во едно свое интервју, јазикот е „директно создаден од концептот за сфаќањето на природата. Тој е генијален, грандиозен концепт создаден токму од природата.“ „Почетната точка на општолингвистичките размислувања на италијанскиот филозоф Бенедито Кроче е во човековото спознание, при што тој разликува интуитивно од логичко спознание. Според него, до логичкото спознание се доаѓа по пат на интелигенција, па се добива поим, а до интуитивното по пат на имагинација, при што се добива слика.“

Ако говорот произлегол од природата, од природните појави, тогаш и формата на буквите произлегува од самата природа, од Сонцето и сончевите зраци и од физичките и геометриските законитости. Тоа несомнено укажува на фактот дека тој народ што го согледал сето тоа, поседува интелигенција и е свесен да ги препознава природните закони и појави и врз основа на тоа да спознава и создава знаци за обележување на гласовите, кои имаат СВЕТ карактер. Тие произлегуваат и од геометриските симболи, кои се апстрактен приказ на природата и кои се објаснети подоле: точката, линијата, крстот, свастиката, спиралата, триаголникот, четвороаголникот и пирамидата. Тие симболи претставуваат основа на светоста на родот Македон и на неговата вера, кои имаат својство на лигатури, геометриски слики и тела, со одреден текст и порака. Тие симболи се божјите слова и цифри. Словата и писмото се нешто свето кое осветлува, просветлува, сија, осијува, лие, оплодува. Тие имаат спиритуална моќ произлезена од апсолутното сов-ршенство на законите во природата. Тоа е една од најголемите придобивки на цивилизацијата како чудо божјо и клучен фактор за основање на големата Зета Македонија. Овој божји дар е главната причина како за брзиот развој на просветата и културата, така и за прераснувањето на Македонија во една од земјите со најстара цивилизација. Првобитните симболи ги создаваат првите букви и цифри како дел од првиот јазик на светот – Македонскиот, које „древенисконски јазик, за што сведочи фактот дека во него се забележани сите природни закони. Тој прајазик беше медиум преку кој природата мораше да се изрази“. Древниот македонски и денешениот современ јазик е како ехо или одек на природата, со една мистично лингвистичка содржина, каде што таа е во хармонизација со формата. Нема ништо во природата, а кое што го нема во јазикот, писмото, формата на буквите. Словата споени во зборови и преточени во текстови, цртежи и лигатури, најчесто се поставувани на свети места, рамнини, карпести предели, или во пештерите и планините. Многу често се изработувале светилишта како пирамиди и конуси, кои имале функција на вештачки планини.

Секој глас се бележи со едно слово или сончев зрак, како најголема почит кон Богот Сон-це ИЛИ – ИЛЕ. Правецот на читање е од десно кон лево и обратно и од горе кон доле и обратно. Древните две словарници (кирилица и латиница) со право може да се наречат МАКЕДОНСКИ ПИСМА НА ЦУТОТ, т.е. СЛОВА НА ПРОЛЕТТА, БИДЕЈЌИ СОНЧЕВИОТ ЗРАК Е ДУХ БОЖЈИ МАКЕДОН И КАКО ПРИЧИНА И ПОЧЕТНА ТОЧКА ПРИ ОФОРМУВАЊЕ НА СЛОВОТО ИМ ДАВА КАРАКТЕР НА ЦУТ ИЛИ НЕШТО ШТО дава ПЛОД, Т.Е ЗБОР.извадок од книгата, страна 34.

Книгата „Зета Македониа“, отпечатена е во второ дополнето издание и превод од македонски на англиски јазик, истата може да ја прочитате во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, во националните библиотеки во Берлин, Загреб, Будимпешта, Анкара, Hong Kong - 香港 и др.  Книгата ја има во продажба, но исто така може да се купи од авторот на меил Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на телефон +389 78 264 106.). За други интересни теми, можете да се информирате на сајтот: www.zetamcedonia.com

Големиот интерес за книгата „Зета Македониа“ со превод од македонски на англиски јазик се должи од стравот за разоткривање на западната лажна историја, во однос на нивното македонско потекло.

Автор: Бранко Сотировски - (Sūkè ) 苏克

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.