|
|
Рацете на грчките владици во Македонија беа поцрвенети од христијанска крв! |
Тихомир Каранфилов „Кога старателот на "светиот престол" ставаше подпис под овој срамен историски документ, рацете на грчките владици во Македонија и Епир беа веќе поцрвенети од христијанска крв, (македонска – н.з.) и влашка. Доказите за ова беа толку бројни и силни, што друговерната турска влада беше приморана да направи формални постапки против некои од нив... Не само по обичен сомнеж, туку само кај несоборливи докази - по некогаш дури и под притисок на амбасадорите - турската Влада побара, во текот на поменатиот период, отстранување на Битолскиот, Костурскиот, Леринскиот, Верскиот, Гребенскиот, Серскиот, Драмскиот и др. митрополити од нивните епархии.“ - пишува македонскиот револуционер, публицист и историчар Христо Силјанов. Во текот на 1906 година, антигрчкото движење во Бугарија, кое се појави како резултат на масакрите кои ги направи грчката вооружена пропаганда врз цивилно население во Македонија, доведе до крвави судири меѓу македонските емигранти и бугарските граѓани од една страна и Грците и грчките поданици од друга страна во повеќе градови во земјата. По настаните во Бугарија, регираше Цариградската патријаршија со Мемоар. Во свето дело „Македонската ослободителна борба“, Христо Силјанов анализирајќи ја протесната нота на Цариградската патријаршија упатена до турските власти и големите сили, а во кој се реагира за настаните во Бугарија, но и се брани дејствувањето на грчката вооружена пропаганда во Македонија, ќе забележи: „Најпогодени од антигрчкото движење во Кнежевството, се почувствува Цариградската патријаршија. Недозволувањето на митрополитот Неофитос да стапи на бугарскиот брег и настаните од 4 јули, при што беа заземени една грчка црква и болницата "Парашкев Николов" од Бугарите во Варна, и дадоа на Патријаршијата повод да преземе цела низа мерки за заштита на нејзините загрозени права. Таа испрати протестни ноти и молби до Високата порта, до европските амбасадори во Цариград и до Кнез Фердинанд, кого антигрчките немири го затекоа во Мариенбад. Најважниот од нив, Мемоарот на Јоаким III од 14 август 1906 година, преставува нешто како синтеза на патријархалните обвинувања и аргументи. Во Мемоарот се прави адвокатска заштита на патриаршиските привилегии и права на Грците во Кнежевството, врз основа на клаузите на Берлинскиот договор и органскиот устав на Источна Румелија и се сака од Силите и од Султанот "да пропише враќањето на грчките владици во нивните епархии во Бугарија и Источна Румелија и враќање на обштинските имоти кои во едно разбојничко истапување им беа одземени ". Точно е дека до антигрчкото движење Грците се радуваа на својата привелигирана положба, а фенерската патријаршија - на привилегиите кои Мухамед II им ги даде. За ова, сепак, Грците и патриархот имаа да благодарат не толку на Берлинскиот договор колку на признатата еднаквост со Бугарскиот Устав на бугарските граѓани пред законот (член на 57) и на безграничната толерантност на бугарската државна власт спрема малцинствата воопшто и спрема посебноста на Грците. Берлинскиот договор не би представувал премногу сигурен штит за патриаршиските привилегии, ако Кнежевството би одлучило да го прекине секое општење меѓу своите поданици и Цариградската патријаршија, доколку се повика на оправдани причини и од државно-правно и од црковно-канонска природа. По член 37 од Уставот, "во Бугарското Кнежество доминантна вера е православно-христијанската од источна исповед", а по член на 39, Кнежевството, преку својата врховна духовна власт - Св. Синод "го чува единството со Вселенската Источна црква во сè што се однесува до догмите на верата". Не може, затоа, да станува збор за вероисповедна разлика помеѓу Бугарите и Грците - разлика на кое се повикува Мемоарот, врз основа на член на 5 од Берлинскиот договор, - толку повеќе дека и самата шизма - прогласена не од Вселенскиот, туку од помесен собор и непризнаена од сите автокефални православни цркви - претставуваше и претставува еден антиканонички чин. А штом нема вероисповедна разлика помеѓу двата елементи и штом според каноните на православната црква е недозволиво присуството на двајца митрополити во една и иста епархија, потчинување на грчките цркви под духовната власт на месните бугарски митрополити би било во целосна согласност со каноните. При сето тоа бугарската држава ја почитува затекнатата положба и не ја повреди власта на цариградскиот патриарх над Грците во Кнежевството, иако Патријаршијата, останувајќи Вселенска по име, одамна се беше подала на најгрубиот филетизам и се претворила во орудие на панелинската идеја. Во одбраната за правата на Грците по Берлинскиот договор завршува со едно славославие на нивната "верност". Како доказ за таа верност Мемоарот, премолчува сосем за бугарската толерантност, која датира од ослободувањето на Бугарија, а посочува особено на позитивното однесување на кнезот Фердинанд: "Тие (Грците) ги плаќаа секогаш своите даноци, ги извршуваа воените задолженија и ја чуваа така совесно клетвата, која ги поврзува поданиците кон нивниот Владател, дека Негово царско Височество Кнез Фердинанд со благонаклониот прием, кој беше резервиран за грчките владици, како и преку писмените сведоштва на свое задоволство кои им ги испраќаше на грчки јазик, сакал често да ги изрази јавно чувствата, кои тоа лојално однесување не можеа да не предизвикаат возбуда кај него". Анализирајќи го останатиот дел од Мемоарот, Силјанов оценува дека тој „претставува збир од долни клевети и лажни тврдења и изопачувања на фактите, со кои "Великата црква" ни дава, можеби без да сака, свој автопортрет“. Во продолжение, авторот демаскирајќи ја лицемерната Патријаршија во својот обид да ги одбрани крвавите раце на грчките владици во Македонија, вели: „За фенерската патријаршија не суштествува слободно бугарско граѓанство, кое ги преживува длабоко зверствата над (Македонците – н.з.) во Македонија, се вознемирува и сака одмазда. За неа има само бугарска влада што учествувала исто така во противогрчката акција и "комитети", преку кои тоа организира убиства на Грци, грабежи и подметнување пожари. Описот на анхиалската катастрофа е полна со невистини, при што не се пропушта случајот да се истакне грчкиот хероизам и да зголеми бројот на човечки жртви: 79 убиени и изгорени живи Грци и 32 убиени Бугари ( "меѓу кои некои убиени од куршумите на своите другари ") и 20 повредени! Но најмногу самоизобличена - и најсуштествена за нас - е оној дел од Мемоарот, во кој Патријаршијата зборува за причината на противогрчкото движење – за андартските злосторства во Македонија. Тоа е една лошо маскирана заштита на атинската влада и на грчките владини чети, со помош на познатите аргументи на грчката теза. Велејќи, сепак, дека духовното уредување е засновано на Христовото учење за братството и љубовта меѓу луѓето, "Великата црква", пред да пристапи кон суштината на излагањето прави забелешка дека "престапите, кои станаа театар во таа провинција (Македонија), со жалење, се осудуваат и презираат од црквата без разлика од која страна доаѓаат ". Еве ја самата приказна: Потешка е одговорноста на оние кои "први го покажаа патот на безредијата ". А први започнаа "Комитетите во Софија". Нивните бројни чети "ја минуваа границата само за да ги истераат Грците"; подоцна "успеале да го претстават како Македонско востание обидите на вооружените чети што дојдоа од Бугарија". "Грчките чети се појавија едвај кон крајот на 1904 година". Грчкото население одлучи да се брани и да се спротивстави со сила против бугарската дрскост". Затоа, зборот "репресалии" може да се користи прецизно, "ако се каже дека Грците им се придружиле". Човек може само да се восхитува на ѓаволската дрскост, со која старците од Фенерскиот Св. Синод се однесуваат кон онаа од десетте Божји заповеди која вели: не лажи! А каква подебела лага од оваа - дека комитските чети, доаѓале од Бугарија "со единствена цел да ги истребат Грците", кога по целиот северен појас на Македонија, каде тие чети главно боравеа, грчкиот елемент недостасува? Или - дека Илинденското востание се состоело од "обиди на чети, дојдени од Бугарија", кога во сите дипломатски книги и во бројни дела на Европејци тоа е претставено во својот вистински вид - како востание на самото место население! Вистина е дека (македонците – н.з.) први ја почнаа борбата - но против турската тиранија, кога грчките чети ја минуваа границата со единствената цел да колат и да ги палат оние (македонски – н.з.) села, кои не сакаа да ја признаат Патријаршијата. Не кон крајот на 1904 година, туку уште во текот на летото на 1903 година чета од андарти испратени од Грција, соработува со Турците при обидите за задушување на востанието и го придружува Костурскиот митрополит Каравангелис при неговите обиколки низ опустошените (македонски – н.з.) села. Ама лагата пред Бога и пред луѓето, во комбинација со лицемерие и перфидност, поминува секоја граница на крајот на мемоарот, каде патриархот, бранејќи ги андартските грчки владици, вели: "И ако има обвинение, кое – иако лишено од секој доказ и дури од секакви индиции - Вселенската патријаршија ја почуствувала најболно, поради прекршокот, што тоа го содржи кон високата цивилизаторска мисија, кон што овој свештен престол се стреми 20 века, тоа е она што некои си дозволуваат да им препишат на некои владици од македнските епархии, кои со ревност се предале на спроведувањето на религиозните функции, без да ги преминат некогаш границите, поставени таму од нивното звање". Кога старателот на "светиот престол" ставаше подпис под овој срамотен историски документ, рацете на грчките владици во Македонија и Епир беа веќе поцрвенети од христијанска крв, (македонска – н.з) и влашка. Доказите за ова беа толку бројни и силни, што друговерната турска влада беше приморана да направи формални постапки против некои од нив. Толкувајќи ги привилегиите во смисла дека само таа е овластена да ги суди повисоките органи, Патријаршијата се појавуваше секогаш во заштита на обвинетите митрополити. Расправата продолжи во текот на петгодишниот период на андартското движење. Не само по обичен сомнеж, туку само кај несоборливи докази - по некогаш дури и под притисок на амбасадорите - турската Влада побара, во текот на поменатиот период, отстранување на Битолскиот, Костурскиот, Леринскиот, Верскиот, Гребенскиот, Серскиот, Драмскиот и др. митрополити од нивните епархии. За докажаната соработка со андартските чети, Портата им забрани на едни од нив да заседават во локалните административни совети и да ги обиколуваат своите епархии, спрема други се послужи со заплашување, а во однос на трети употреби и полициски притисок. Таков е случајот со Драмскиот митрополит Хрисостомос кој, на инсистирање на Британската амбасада, беше конечно принуден од полицијата да ја напушти Драма и беше вратен да живее во своето родно место во Мала Азија. Зацапаниот до гуша во крв Германос Каравангелис беше принуден, после Загоричани и други масакри во Костурско, да помине неколку години во Цариград, подалеку од својата епархија. При тоа, Патријаршијата не се срамеше да вклучува некои од виновните митрополити и принудно да престојуваат во Цариград, кон својот Свети Синод - за големи изненадување на Цариградските дипломати и покрај протестите на турската влада. Впрочем, Патријаршијата не можеше да мине без лицемерие и лага. Таа е принудена од една страна да објавува дека активностите на четите се "престапи против божеството и човештвото без разлика од каде тие и да произлегуваат", а од друга - да ги штити и да им биде покровител на своите митрополити, вмешани во соучество и дури да ги инспирира и организира андартските злосторства . Инаку, "Вселенскиот " патриарх кој е и грчки "национален водач " (етнархис), би дошол неизбежно во морален и идеен конфликт со "нацијата". Зашто, во главите на грчката нација, македонските владици се "генерали во расо", повикани да раководат со (македоно)истребителното дело на андартски чети, како дело богоугодно и христијанско. За таква улога ги предопредели грчкото общтество – кое ги велича во проза и ги воспева во стихови. Така, поетот Стратигис, во едно своја песна, се обраќа кон нив со следниов повик: О македонски владици, Во оваа многустрадална земја Најмалку еден (македонски - н.з.) разбојник. Еве и една исповед пред свештеникот: Овие стихови се цитирани во една пофална рецензија за новоизлезената збирка песни на поетот Стратигис, објавена во пропагандното списание "Елинизмос" (книшката од м. Март 1905 година), која се уредува од М. Казасис, професор и председател на друштвото "Еленизмос". Антигрчките бранувања во Кнежевството Бугарија имал различен одек во странство, за кое ќе пишуваме во продолжение. Сепак, на крај добро е потенцираат зборовите на еден оратор во англискиот парламентот, кои ги пренесова Х. Силјанов, а во кои се вели: "Јас нема да набројувам грчките ѕверства во Македонија, бидејќи би било нужно да се отстрани публиката и да се зборува зад затворени врати ". Ова само ја потврдува суровоста на грчката вооружена пропаганда која со помош на грчката влада и Цариградската патријаршија имаше за цел да го истреби и последниот Македонец. (продолжува) Подготвил: Т.Каранфилов
|