Среда, 30 Мај 2018   
Грција да ја врати територијата на Егејска Македонија на Република Македонија!!?

svekrva-nova
Свекрва

Повеќе од две и пол децении Грција ги попречува евроатланските интеграции на Македонија. Последните разговори покажуваат дека Грција не сака да се најде било какво прифатливо решение за двете страни кое ќе му овозможи на Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО, а со тоа го загрозува мирот и безбедноста на Балканот и пошироко. Бидејќи Грција не сака да изнајде решение за спорот со името, а со оглед дека не ги почитува и малцинските права, најдобро е големите сили да ја принудат да ја врати територијата на Егејскиот дел на  Македонија која ја доби на управување со Мировниот договор во Букурешт во 1913 година.

По преговорите во Њујорк, очигледно е дека пред Самитот на ЕУ и  Самитот на НАТО кон крајот на јуни и почетокот на јули, нема да има договор меѓу Македонија и Грција во разговорите за името. Иако под силен притисок на меѓународната заедница и огромни остапки што ги направи преговарачкиот тим на владата на Заев, со предлогот Република Илинденска Македонија за свкупна употреба, Грција нема намера да попушти.

Според изјавата на Ципрас од Солун, Грција не разговара да даде нешто туку да си го земе името Македонија.

Како што вели, тој се стреми „да земе нешто што  веќе 70 години е дадено, од други“, притоа објаснувајќи дека „соседната земја и во рамките на Југославија и по распаѓањето го користи името Македонија и тоа без никаква друга одредница", што „упатува на античкиот грчки свет и на големото културно наследство на грчката Македонија".

Ципрас меѓудругото ќе истакне дека Скопјани „ имаат државен ентитет што 70 години се вика Македонија, а немаат никаква врска со Александар Велики и со овој историски тек“. Потоа дека имаат славјански и албански корени и го признаваат тоа, како и тоа „дека едно е нашата Македонија што доаѓа од долгата традиција на грчкиот антички свет, а друго е нивната традиција и нивниот културен знак“

Сосема е легално човек да се запраша дали Ципрас е неписмен или свесно го лаже сопствениот народ.

Јасно е дека Грците учат друга историја, поставена врз основите на Мегали идеја, сосема различна од она што светот одамна го знае, а тоа е дека античките Македонци немаат ама баш ништо со античките Грци. Напротив најголемите непријатели на Грците биле Македонците. Во битката кај Херонеја 338 г. пр.н.е. во еден ден загинале 1.000 Елини. Но тоа не се битки на грчки градови полиси, туку на два различни народи со различно уредување.

Ако тоа Ципрас не го знае нека ги прочита  познатите Филипики, каде во говорот на атинскиот оратор Демостен се зборува против македонскиот цар (крал) Филип II и против Македонците.

Во Филипиките, Демостен ги опишувал Македонците како варвари, ги омаловажувал јавно, опишувајки ги како народ подолен од елинскиот. Во неговата трета Филипика, Демостен за Филип, македонскиот цар вели: „ ...не само што не е Грк, ниту поврзан со Грците...“.

По смртта на Филип, потценувајќи го неговиот син, Демостен во Атина  ќе го нарече Александар маргит (глупчо). Е баш тој “глупчо“ набрзо по доаѓањето на престолот ќе ги потчини грчките градови полиси.

Сосема е нелогично некој како Грците да ги својатаат и да ги слават Филип, Александар и другите Македонци како свои, кога биле нивни поробители, говореле на туѓ јазик, неразбирлив за нив, а истовремено да им забрануваат на населението кое живее во Македонија да ги слават личностите кои во минатото живееле на истата територија. Што е претерано, претерано е!

Грците забораваат дека со нивна помош Римјаните успеваат да ја покорат Македонија и да ја поделат на четири мериди. Тоа сигурно не му се прави на сопствен или пријателски народ. Тоа се прави на непријателски народ чие име сакаш за секогаш да го закопаш во пепелот на историјата за да го скриеш сопствениот срам. А таквото непријателско чуство кај Грците кон Македонците се провлекува низ историјата од антиката до денес.

Таа може да се следи за време Римската, Византиската и Отоманската империја.  Најизразена е во дејствувањето грчките владици на Цариградкста патријаршија кои извршиле вистински геноцид врз македонскиот народ.  Сепак и покрај окрвавените раце на грчките владици, тие не успеале да го истребат македонскиот народ.

Имено, Македонија сега слави 1.000 години од Охридската архиепископија. Во 1018 година, Македонија повторно подпаднала под Византиска власт. Меѓутоа, византискиот император Василиј II од македонска лоза не ја уништил црквата во поранешната Самулова држава. Тој само ја свел од патријаршија на ранг на архиепископија. За прв архиепископ Василиј го назначил поранешниот игумен на дебарскиот манастир Јован, по потекло Македонец и задржувајќи го македонското свештенство ја потврдил дијацезата на Охридската архиепископија која се простирала речиси низ целиот Балкан и пошироко.

Значењето на Охрид тогаш било еднакво на Цариград, Ерусалим, Антиохија, Александрија и т.н.

Меѓутоа со смртта на Василиј II се сменила и политиката. Старото непријателство меѓу Грците и Македонците повторно експлодирало. Од Цариградската патријаршија почнале да се испраќаат Грци за архиепископи.  Доаѓа до менување на македонски епископи  со цел да се исфрли славјанскиот јазик од богослужбата и да се уништат славјанските книги, да се смени историјата. Тоа ќе предизвика незадоволство меѓу народот и ќе доведат до востанија во целата дијацеза на Охридската архиепископија, која ги опфаќала териториите на денешните балкански држави, Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Грција.

Иако беа уништувани пишаните славјански книги, сепак македонскиот народ преживеал и преку усните преданија ја сочувал својата историја и корените на своето постоење. Легендата за Александар Македонски никогаш не исчезнале, а  на Грците не им успеа да го уништат македонскиот народ ни со укинувањето на Охридската архиепископија во 1767 година.

Сепак најголемиот грев го носат грчките владици на Цариградската патријаршија и грчката влада по Илиндеското востание 1903, кога стануваат предводници на грчката вооружена пропаганда и ги потекнуваат зверствата извршени врз мирното население во многу македонски села, особено во Егејскиот дел на Македонија, меѓу кои на пример Загоричани.

Прогонот на македонскиот народ не престана ни по двете Балкански војни и поделбата на Македонија во 1913 година.

По Првата светска војна војна, владата во Атина направи се за да го протера македонскиот народ од Егејскиот дел на Македонија. Со одобрување на големите сили, дури беа потпишани договори за размена на населението со Бугарија. Увидувајќи дека со мирно македонскиот народ не сака да си оди од своите вековни огништа, по Грчко-турската војна (1919 - 1920) по договорот со Турција,  Македонците од Егејскиот дел на Македонија беа насилно прогонувани, а во нивните домови беа сместувани Грците од Мала Азија, Понт и Црноморието.

Сепак најголемиот геноцид беше направен за време на Граѓанската војна во Грција (1946 - 1949). По поразот на  Демократската армија на Грција и евакуацијата на Комунистичката партија на Грција (ККЕ) во Ташкент во 1949 година, довеле до тоа илјадници луѓе, меѓу кои и Македонците да ја напуштат земјата. Проценето е дека до 1949 година, Грција ја напуштиле повеќе од 100.000 луѓе, заминувајќи за Југославија и источниот блок, дел во СССР и Чехословачка. Меѓу бегалците имало десетици илјади деца.

Од 28 000 до 32 000 деца на возраст помеѓу 2 и 14 години, на два пати во март и мај 1948 година за време на граѓанската војна во Грција организирано се евакуирани од Демократската армија на Грција (ДАГ) вон границите на Грција. На овие деца, Грција која толку се гордее дека се лулка на демократија, и по повеќе децении од граѓанската војна не им дозволуваше да ги посетат своите домови, нивните имоти беа конфисковани, а пак на нивните роднини што останаа во Грција не им дозволуваше да се изјаснат како Македонци.

Денес кога Ципрас зборува дека сака да го земе името Македонија назад, јасна е намерата на Грција. Тие не сакаат да се реши спорот со името, а едноставно сакаат да го добијат брендот над Македонија и да ги скријат своите злосторства направени врз македонскиот народ низ вековите.

Наместо да си го вратат името Македонија, како што вели Ципрас, а кое впрочем не е нивно, Грците треба не само да му го остават целосно името на македонскиот народ туку и да го вратат делот од територијата на Македонија  што го окупираа и анектираа во 1913 година.

На оваа територија нека се распоредат европски сили се додека не се воспостават цивилни власти во кој и грчкиот народ од Егејскиот дел од Македонија равноправно ќе учествува во раководењето со земјата, како и сите други етнички заедници во Македонија. Тоа е демократија, а не да бараш од некого сам да се уништи.

 

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.