|
|
Со бојкотот на Претседателските избори ова самоволие на власта ќе продолжи |
Манојил (Мане) Јаковлески Драги мои Македонци, со бојкотот на Претседателските избори ова самоволие на власта ќе продолжи Помешаните чувства на лутина и болка од последниве неколку скандалозни години во кои Македонија изгуби многу под елитистичката власт на СДС сеуште се тука. Лут сум на сите оние кои заради лични интереси помогнаа циркузанти да ни ја водат државата. Лут сум и на сите оние кои ги донесоа циркузантите на власт. А како поинаку да ги нарекуваме шутовите кои служат за потсмев во целото соседство, па и пошироко? Како поинаку можат да се наречат оние кои едно зборат наутро, а со сосема спротивен став си легнуваат? Нашето име не е случајно. Само одбраните имаат чест да се нарекуваат Македонија и Македонци. Издигнете се над скандалозното секојдневие, над минливите земски придобивки и зачувајте ја светоста на нашето свето име Македонија. Не чека тежок период, период во кој повторно и’ требаме на Македонија. Но, не со бојкот, туку со масовна излезеност на Претседателските избори. Ако некој е заведен и размислува да ги бојкотира претстојните Претседателски избори сакам да го потсетам што ќе ни се случи доколку се одлучиме за бојкот. Драги мои, во прв круг на претседателски избори потребен е минимум на излезност на гласачи, односно цензус НЕ Е предвиден согласно Устав и Закон. Тоа значи дека дури во прв круг да излезат и само 300.000 гласачи, во втор круг ќе поминат првите двајца кандидати за Претседател кои имаат најмногу гласови. Така што, бојкотирање на претседателски избори во прв круг е во интерес на само и само СДС, во никој случај во корист на Република Македонија. Во случај да нема потребен цензус во втор круг на гласање на овие претседателски избори, односно да не излезат да гласаат 40% од вкупно запишаните гласачи во избирачки список, согласно Устав и Закон, ингеренциите на Претседател на Република Македонија ги презема незаконски избраниот Талат Џафери. Ова повторно е во интерес на коалицијата СДС и ДУИ, а не во интерес на македонскиот народ. Исто така, СДС веќе најави дека доколку не се избере Претседател на Република Македонија на овие непосредни избори истите заедно со нивната коалиција која што повеќе од јасно е дека има 2/3 од пратениците во Собранието на Република Македонија, ќе го промени начинот на избор на Претседател на Република Македонија, односно истиот во иднина ќе се бира во Собранието на Република Македонија. Значи со бојкот на прв и втор круг им се овозможува на овие циркузанти да изберат Претседател на Република Македонија по нивна волја, со гласање во Собранието, кој што сигурно во иднина нема да ги штити интересите на македонскиот народ. Ако граѓаните на Република Македонија не излезат на овие избори во огромно мнозинство и при тоа не дадат поддршка на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ професорката Гордана Силјановска, Давкова, за да биде Претседател на Република Македонија, ќе се овозможи апсолутна власт на сите институции во државата. СДСМ ќе има апсолутна власт како на државно, така и на локално ниво. Ваквата ситуација никој разумен граѓанин на Република Македонија не смее да ја дозволи. Секој Македонец кој ја спроведува идеологијата на четирите букви ВМРО, треба да биде буден и да внимава на замката која ни ја мести СДС. Да ја подржиме професорката Гордана Силјановска Давкова за Претседател на Република Македонија. Божји аманет е да се сака својот род и да се споделува со другите. Да го направиме последниот напор и да останеме заедно, зад АМАНЕТОТ, зад ИДЕАЛОТ, за Македонија!!! Тој што нема чувство за својот род, не може да има чувство за друг! МАКЕДОНИЈА НАД СЕ‘! |