|
|
Стани таен агент, сликај го Пендаровски |
Стани таен агент, сликај го Пендаровски Само што не започнала официјалната кампања за Претседателските избори, во таборот на сдс почна да се чувствува параноја. Ако ја оправдуваме, може слободно да се каже дека е свесно префрлање на вина и „оправдување“ за идната загуба на Пендаровски од Силјановска-Давкова. Замислете, ни повеќе ни помалку, Стево Пендаровски е следен од тајни странски служби низ град кои го сликаат на секој негов чекор. Како да е Пендаровски некој анонимен и обичен граѓанин кој не е секојдневно на телевизија и никој не го знае. Тој јавно изјави дека во државава никој не е сигурен и дека во нашава држава работеле странски служби и види мајката, тие биле блиски до опозицијата. Ова е доказ дека Пендаровски е несозреан политичар, новокомпониран европјанин, кој по несреќа повторно е кандидат за претседател на Република Македонија од СДС. Дочекавме Пендаровски да ни каже дека е опасно да живеме во нашата татковина, Пендаровски кој е човек од власта признава дека Македонија не е безбедна држава. Овојпат тој отворено го напаѓа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека е неспособен и дозволува странски служби да се шетаат низ земјава и да фотографираат политичари и кандидати за Претседател. На ова се надоврза и Кирацовски, кој побара одговор од Спасовски. Врз основа на чувство дека не е безбеден, Пендаровски го обвини Спасовски за загрозување на безбедноста на целата држава. Па, дали тие таму во СДС имаат некаква координација за соработка или си вадат очи едни со други на сметка на функционалноста на државата? Си играат со функциите, со народот, па и со стабилноста на Македонија. Како мали деца кои имаат улога во детска претстава. Пендаровски параноичен, седнат во своето „југо“, следен од странските служби блиски до опозицијата, на крај ќе го удри реалноста повторно во глава кога по вторпат ќе изгуби на изборите за Претседател на Република Македонија. Овојпат ќе изгуби од жена која пред себе и позади себе се борела за право и правда. Гордана Силјановска ги посети сите краишта на Македонија, слободна и неоптеретена од параноични мисли како Пендаровски, затоа што е убедена дека овојпат народот повторно ќе избере одговорен човек на чело на државата. Овојпат народот ќе избере мајка на нацијата. Жал ми е Пендаровски, лагата со странските служби кај народот не ти поминува. Манојил-Мане Јаковлески |