Вторник, 12 Март 2019   
КОЛУМНА НА ЦВЕТАНОВСКИ: Трагедија на две нозе со богата традиција на лапсузи…
alt

Љупчо Цветановски

КОЛУМНА НА ЦВЕТАНОВСКИ: Трагедија на две нозе со богата традиција на лапсузи…

Нема, нема, па ќе си плесне некоја зелена. Ова би бил најкусиот опис на ликот и делото на македонскиот „прецедник“ на Владата. Само за да ги наброиме сите негови лапсузи и киксови, би ни требал формат ала „Војна и мир.“ Оти, човекот го бива. Ама многу. Сегашниот лапсус, пак, едноставно му прилега. Ај што го истресе во најлош можен момент, нарекувајќи ги Евреите нација со традиција за холокауст, но зборовите измешани, толку добро му прилегаат на Зокија. Да, зборуваме за лик кој е жива политичка „трагедија“ на две нозе, со толку богата „традиција“ на лапсузи и гафови. Да не е тажно и срамота ова што ни се случува во државата, муртинскиот палјачо од „Илинденска“ бр. 2, би бил и смешен. А толку и „паше“ на целата Северотопија…

Каква влада, таков премиер. Ако се сомневате, само слушнете ги неговите искази и гафови, непресметани акти и израз кој неверојатно добро го доловува човекот кој цела „кариера“ се затскрива зад „чадорот“ и се шлепа на истата таа поддршка, пустата поради која единствено и е на функцијата за рушење на државата каква што ја знаеме и сакаме.

Навистина „громозорен“ премиер, збор кој самиот го употреби пред два месеци, во два наврата и на посебни настани. Човек кој грдата заевизација на државата ја зачини со еден куп заевизми, нелогични лексички неологизми и кованици. Нелогични како и политичките му дејанија. Оти, сите добро знаеме – а ЗЗ не чита, побогати сме за нова јазична кованица, смешен исказ или изместена фраза. Проблемот е што и кога чита, тоа не гарантира ништо, оти таков талент еднаш се раѓа и од нива се црпнува. Знате, кога целата нација ве чека да се обратите, само за да ви се изнасмее на кажаните глупоштини. Добра тактика, која ја спроведуваат и редица странски водители, како и еден наш екс А1 колега. Да ве гледаат и чекаат да кажете нешто, знаејќи дека смеата и киксот се загарантирани, исто како квалитетот на германско ауто…

Така, толку природно се наметна и фразата „Ај, не се прави на Заев“, оти Тошо е премногу разбран и доделкан, за разлика од недокваканиот ни Зоки, кој стана синоним за ситуација кога некој се прави или е недоветен…

Истиот тој ЗЗ пред неколку месеци го „амандманираше“ Уставот, па освен што внесе нов термин во правниот израз македонски, истовремено го смени и целосно измести истиот, со што ѓаволот ја однесе шегата, која ја секна смеата и и’ даде место на нервозата и срамот македонски кои следуваа по уставните измени. Истиот тој надобуден патник низ времето, кој неодамна на 31. декември зборуваше дека ќе се договорат за изборите на 11. Декември?! Црпнатиот и така начитан политичар (застанат на „Зоки Поки“ од Николова) која зборуваше за Арестотел, не за Артистотел?!

Веројатно, првиот човек на Владата на Северна и натаму е во дилема дали на човек на сила можеш да му дадеш или, пак, можеш да му земеш. Истата ја отвори пред неколку години, а не верувам дека и досега го дознал вистинскиот исход, исто како и неговиот министер за внатрешни, кој најверојатно се’ уште се чуди дали св. Сава е машко или женско…

Ви текнува кога како опозиционер и лидер на тогашната СДС зборуваше дека „сите се осеќаме фригидно“, на страна што зборуваше за неговите татковци и чичковци?! А, да, плесна и дека Јужна Африка била позната по нарко-картелите и босовите, мешајќи ја пустиот со Јужна Америка, која за негова жал е светски синоним за истото.

Верувам, дека не е шега муабетот дека на екс Бихаќка, додека беше само градоначалник и лидер на партијата му непрокопсана, му подготвувале строга забрана за јавни настапи без ливчиња пред него. Тогаш, капка која ја прели чашата комуњарска беше неговото преименување на првиот македонски роман на Славко Јаневски, кој наеднаш стана „Село под седумте јасени“?! А башка што Прличев го направи велешанец, слично ко советникот му, ексминистер, за кого Чернодрински е прилепчанец…

Да, зборуваме за Зокија кој по поплавите во скопско, зборуваше за „Пороен дожд од 93 литри во секунда, како беше… или метри кубни на час?

Но тој не застана тука, оти талентот бескраен, не се трпи лесно со толку голем творечки немир насобран во толку малку начитаниот муртинец, нели. Така, освен „громозорен“ литературен експерт, Зоки порасна, па стана и научник и така сигурен во себе зборуваше за „квантиот скок со прелапување на големиот заб“?!, за да набргу пред турски бизнисмени го прекрсти турскиот премиер Бинали Јилдирим и го нарече Илдирај?! А при обраќање за 8-ми март, честитајќи им на жените, Турчинките ги нареше ТУРКИ?! Добро де, не само со Турција, нашиот познавач на се’, се занимава и со другите земји. Па иститот тој пиша на Твитер дека Норвешка ќе не поддржела за ЕУ, а таа сиротата да не ти била во Унијата?!

Да не ги заборавиме гафовите и лапсузите изречени од истиот непресметлив лик на англиски (кога на грчките новинари им посака да „имаат нова година“, без среќна), српски (невиденото, срамно ју-есперанто) и бугарски (кога зборуваше струмичко-бугарски на интервју за БНТ). Само, не разбирам едно нешто, како човек кој е милион километри од познавање на сопствениот јазик и нон-стоп плеска струмички диајлектизми, воопшто и се осудува и да помисли дека знае и друг јазик, а не јазици?!

При последниот кикс, најнов (но сигурно, не и последен), Зоки потврди дека не само што е експерт за гафови, туку и дека не знае да се извади од нив. Епа, драги мои, во патетичното вадење од гафот невиден во кој кажа дека за Евреите холокаустот е традиција?! Зоки наш правдајќи се напиша„… наместо зборот „трагедија“, ненамерно го искажав изразот „традиција.“ Кх, кх, кх, абе Зоки, „традиција“ не е израз, туку збор исто како „трагедија“, именка од женски род. Само со „малку“ поинакво значење, за твоја жал. Башка го „искажал“ изразот?! Де бе дечки, милион сте во пи-ар тимот му, ај земете работете нешто, башка што и не “коштате“ милиони, колку тоа и вам да ви чини за џебовите ненаситни.

И сето ова ве тера да се запрашате „Ало! Има ли пилот во владиниот авион?“

Но не мачете се бадијала. Да си беше арен чоекот, немаше да ги иницира, направи и потпише сите преспански, бугарски и двојазични глупоштини кои му ги сервираа пред него. Башка, дефинитивно, немаше да се гордее со нив и притоа да исправа министри и новинари за Северна, смеејќи се притоа ко билмез на сопствената „промуќурност.“

Кога ќе помислам на Зокија и на неговата „премиерска“ ролја, веднаш ми текнува на муабетот на еден криминоген газда на една позната македонска фирма, чиј директор е невидена дилајла. За степенот на неговиот дилајлизам, многу добро знае и газдата му, кој на честото прашање: „Аман, бе чоек, што го чуваш, гледаш дека ама ич не го бива за директор, од авион се гледа бе друже!“, насмеан до уши им одговара на загрижените душички: „Знам бе чоече, ама немаш појма колку овој мој директор, без да праша, знае и може да потпише. Цел ден ќе потпишуе, 25 часа у денот, шо и да му даеш. Немаш појма колку е добар во тоа…“

Бил цреп, мање важно, врши работа, нели…

ДЕНЕШЕН.МК

https://media24.mk/2019/03/12/

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.