Четврток, 14 Март 2019   
Скелетот на еден заробен правосуден систем

1 1aСвекрва

Скелетот на еден заробен правосуден систем

Актуелната состојба со правосудството нема никаква врска со било каква постоечка суштинска реформа. Формално делумно се усвоени некакви европски и меѓународни норми, но суштински форматот на правосудниот систем е од времето на кралството СХС.

Од каде ова тврдење?

Прво, во Македонија опозицијата, исто како во СХС, се третира како антидржавен елемент.

Второ, како во времето на Никола Пашиќ така и денес, нашиот премиер се става во улога на апсолутен контролор на сите процеси во државата во која речиси и да нема живот за НЕчленовите на неговата партија.

Ерата на комунизмот во Македонија суштински само го надгради вака поставениот правосуден систем. Она што почна од 2015 и сеуште трае е само копија на истата фаза од 1948 до 1953 кога на тогашната исто како и на сегашната власт и беа потребни судии кои ќе испратат на Голи Оток, односно Шутка, луѓе без ниеден суштински доказ. Во тоа време, се појави и тајната полиција наречена ОЗНА и УДБА, чиј горд наследник ако ја отворите веб страната на МВР денес е УБК. Оваа институција беше и остана инструмент за мултиплицирање на заканите и уцените од власта.

Неслучајно постојат паралели и миксови меѓу временскиве фази бидејќи не постојат разлики во делот на начинот како, за жал, денес функционира правосудството. Звучи неверојатно, но досега не постоела ваква систематска политика на прогон преку Заев и СЈО врз членовите на ВМРО дури ни кога во 20тите во СХС била формирана Комунистичката партија на Југославија на чело со Филип Филиповиќ.

Од каде е оваа манијакална желба за прогон на Заев? Има тука од се по нешто.

Прво е желбата за одмазда врз оние кои го открија неговиот криминал со случајот ГЛОБАЛ за кој мораше да биде аболиран.

Второ е неговата улога во презентацијата на бомбите во 2015 година.

Трето и најважното е неговото опкружување.

Негово друштво се луѓе кои целиот работен век го злоупотребувале полицискиот и правосудниост систем по неколку генерации во семејството и поради тоа добива порив и енергија истото да го прави и самиот.

Наместо раст, инвестиции и развој, клучни зборови на половината од неговиот мандат се: рочишта, притвори, случаи.

Луѓето кои денес на Заев му ја сервираат оваа агенда ќе бидат истите кои него ќе го однесат на рочишта. На овие судии, обвинители, инспектори и полицајци оваква Македонија им е идеално место за живеење бидејќи само во ваква држава тие се владеачка каста. Ним не им требаат инвестиции, нови технологии или развојни проекти, напротив им сметаат. Ним, раководни кадри од странство во успешни македонски компании им се проблем оти ќе нема како да ги уценуваат.

За жал, дел од претставниците на медиумите се вовлекоа во оваа филозофија и со тоа ја создадоа најфункционалната спрега во Македонија која преку обвинителски брифинзи со подобни новинари предвреме ги осуди неподобните во ерата на Заевизмот.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.