Среда, 20 Март 2019   
Кој тоа " собира " пари од дијаспората во свој џеб?

DzeposkiАлександар Џеповски

Кој тоа " собира " пари од дијаспората во свој џеб?

Тоа се истите луѓе што последниве 30 години го прават истото. 

Јас лично можам да зборам за Австралија, затоа што живеам во Сиднеј, гледам, анализирам и кажувам само вистина. 

Истите луѓе, кои ги испокрадоа црквите, го сатанизираа Владиката Петар, па здружени со екуменистите ватиканисти како владиците Наум, Пимен и Тимотеј се надмудруваат кој од кого повеќе да ограби од ветените колачи, преку еден цивилен "владика" подржан од грците и ГПЦ, како и неизбежната учителка поетеса што не знае песничка да состави...е тоа е таа багра што не дава Македонецот да диши и уништува се' Македонско, само за интерес на својот ненаситен џеб. 

Истата багра собра пола милион долари  за фамилиите на паднатите борци во 2001 и направија еден видео за мали деца, приказки и морбидни лаги, им дадоа само по 100 до 150 марки на неколку фамилии што им беа статисти  и се знае...490 илјадарки завршија во нивни џебови. 

Ова е причината што Македонците гледаат и не сакаат приватните џебови на овие мизерни индивидуалци да ги полни иако сакаат да помогнат од се срце во Македонија и за Македонците. 

Последново со собирање пари од учителката е капак на нивната мизерија. Таа е позната по собирање на фондови, како и исплата на Македонските учители по најминимална плата, додека кајмакот го собира лично таа. Ете ова се тие заевисти, ѓаволска секта во црквата и ненаситни профитери кои собираат пари, се преставуваат како законски регистрирани тела, организации, цркви со тапија поголеми од самиот Господ, да собирает и да пикнат пари наменети за Македонија едноставно кај самите себе. Неколкумина се, ама ајде де, трагедија македонска. 

Затоа драги Македонци, треба промени од корен. Ќе дојдете пак на моето кога реков многу одамна  а тоа е без некој јавно да се заколне да се сноси одговорност за најмало париче и дека нема да тера судски процеси доколку се покаже со прст, нема да има мир и нема да одиме напред, ќе тапкаме во место.

БОЖЕ ПОМОГНИ И ЧУВАЈ ЈА МАКЕДОНИЈА. 

АМИН !!! 

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.