Среда, 03 Април 2019   
ЦРТИЧКИ И ОТВОРНИ СТРЕЛИЧКИ III

Martin TrenevskiМ-р Мартин Треневски, поранешен министер и амбасадор

ЦРТИЧКИ И ОТВОРНИ СТРЕЛИЧКИ III

1. После многу лутање за избор на локација, варијанти и подваријанти на проектот, Владата одлучи нов клинички центар да гради во плодните ниви во полето некаде во општината Ѓорче Петров. За тој проект, како што званично беше соопштено, македонските даночни обврзници ќе треба да одвојат 450 милиони евра. А колку пари навистина ќе се потрошат всушност никој не може да предвиди бидејќи бројните згради од несудениот центар ќе треба да се опремат со неопходни помагала и инструменти за третман на пациентите.

Како дојде до изборот на споменатата локација знаат само тие што ја одбрале (ме чуди што не се одлучиле да ја градат во Мала Речица!?), но дали воделе сметка како пациентите ќе стигнат до таму? Дали ќе се воведе хеликоптерска линија од центарот на градот до центарот, или можеби планираат да градат подземна железница?

Пред дефинитивно да ја отпочнат авантурата наречена нов клинички центар би ги посоветувал неколкуте мина од оние што одлучувале за локацијата да појдат до Виена и да го разгледаат Австрискиот клинички центар А Ка Ха (АКH) и можеби ќе се инспирираат со нови, многу попрактични и поевтини решенија како и каде треба да се гради таков здравствен комплекс - многу попрактичен, поекономичен, лесно достапен и пред се и над се во интерес на граѓаните!

Но во нашиов случај, за жал, граѓаните никој не ги ферма туку малкумина одлучуваат наместо нив.

2. Возљубениот во самиот себе (според вокабуларот на МПЦ), со полициско досие во Велика Британија, актуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров продолжува да прави гафови. Дотичниот не најде за сходно ни да одговори, а камо ли да го прифати барањето да прими група новинари од угледни католички списанија од Германија и да ги брифира за актуелните состојби во земјата, во пресрет на скорешната посета на Папата на Македонија!? Тоа што неговиот кабинет не ни одговори на барањата (што не само што е непристојно, туку и манир несвојствен во ЕУ кон која што тежнееме), говори и за недостаток на елементарен почит кон сопствената земја која го плаќа, бидејки е пропуштена неповторлива можност над милијарда и половина католици ширум светот да се запознаат со актуелните случувања во нашата земја.

Папата, за информирање на Н. Димитров, е и државник - шеф на државата Ватикан со која имаме одлични меѓудржавни односи (патем, Македонија моментално  н е м а  амбасадор во Ватикан кој би требало да учествува во пречекот и активностите на Папата) и тој е должен да води сметка за овие аспекти!!!

И неколкумина други македонски државници не најдоа потрба да одговорат на иницијативите за изјави по повод посетата на Папата. Образот на земјата сепак го осветлија Поглаварот на МПЦ, Неговото Блаженство Архиепископот г.г Стефан и Бискупот на Католичката црква Д-р Киро Стојанов кои на најдостоинствен начин ги примија новинарите и им ги претставија одличните односи и соработка на Република Македонија со Ватикан и на Католичката црква со МПЦ - Охридска Архиепископија!

3. Порталот СУДСТВО.мк објави неодамна дека убијците на четирите деца и рибарот кај Смилковското езеро, Демири и Исмаиловиќ според тврдењето на косовските власти "не биле достапни"!? Па ќе се обидам да им помогнам: нека проверат во американската база на Косово, Бонстил, да не ќе да се подзаскриени таму, ако не се веќе заминати со променет идентитет во некоја трета земја? Злосторот кај Смилковското езеро премногу укажува на таква можност!?

Впрочем, Зоран Заев и Рамуш Харадинај се очигледно големи пајташи, па З.З. може да провери и по таа - пајташката линија каде се овие двајца убијци!

4. Иако коџамити затопли во земјава, Јавното обвинителство сеуште како да е во длабок зимски сон! Никако да реагира по допрен глас за расправијата меѓу професорот Фрчковски и лицето Стојан Андов во која на површина испливаа три имиња како можни нарачатели на атентатот на пок. прет. Киро Глигоров: Стојан Андов, Љубомир Фрчкоски и Бранко црвенковски. Јавно ги прашувам обвинителите: се плашите нарачател на атентатот да не ќе да е некој од именуваните??? А дали сте свесни дека со игнорирањето на овој случај по службена должност станувате и соучесници!: Да си знаете, немам намера да престанам да ве потсетувам за овој случај, се додека не реагирате како што треба!

Нема да престанам да ги потсетувам дамите и господата јавни обвинители и за сознанијата изнесени во декласифицираната службената комуникација на амбасадата на САД во Скопје со нивните претпоставени во Стејтдепартментот објавена во порталот Викиликс дека Зоран Заев непосредно пред терористичкиот напад во Кумановското Диво насеље (наводно) имал средба во Приштина со Рамуш Харадинај каде што (повторно: наводно) била договорена операцијата. Дами и господо обвинители, дали сте свесни што значи да ви убијат осум полицајци и тоа во службени униформи??? Еден ден ќе мора да се соочите и со овој случај, сакали или не!

5. Тројката кандидати на изборите за претседател потпишаа кодекс за фер и демократски избори. Се прашувам дали и Калето и Сорос ќе се придржуваат на тој кодекс, бидејки она што во пракса го видовме и доживеавме во последните неколку круга избори во нашата земја ни дава сосема за право да се сомневаме дека Калето и Соросоидната братија во земјава ни овој пат нема да се откажат од нивните подземни и нелегални активности. Впрочем тие дури и си имаат свој "консензуален" кандидат за претседател (Стево Пендаровски)!

6. Шефот на македонскиот дел од во мешовитата македонско-грчка експертската комисија за образование, историја и археологија Виктор Габер во неколку наврати изјави дека небулозите од актот на капитулација од Нивице (никогаш нема да го именувам како некаков Договор од Преспа): археолошките наоди на територијата од нашата земја ќе биле преставени како дел од грчката цивилизација. Бидејки г. Габер не е ниту археолог, а ниту историчар, пред да се изјаснува за овие прашања би му препорачал да ја прочита книгата "Црната Атина" (Black Athena), преведена на македонски, од познатиот и Британски експерт за историја и археологија Мартин Бернал (Martin Bernal) кој тврди дека во суштина грчката цивилизација се состои од позајмици (т.е. присвојување) на вредности и достигнувања на многу постари цивилизации (Месопотамија, Вавилон, Египет...).

7. 1тв на гламурозен и досега кај нас невиден начин на 1 април (не е шега!) јa прослави првата годишнина од своето постоење во големата сала на "Националната", но не повеке Македонската филхармонија.

Нека им е честито!

Телевизиите се многу скап медиум, а 1тв влезе на голема врата во македонскиот етер со сета потребна техника, максимално опремени студија, загарантирани фреквенции.... Од таму логично се поставува прашањето: Од каде пари на газдата на 1тв Бојан Јовановски за ваков многу скап потфат? Од Сорос, ЈуЕсЕид, или некои трети извори? Финтата што ја пласира самиот Бојан Јовановски дека го дарувале француските масони е приказна за мали деца. Добро е да каже кој е вистинскиот финансиер бидејки јавноста треба да знае!

Патем, Бојан Јовановски треба да плати царина за 15те пара брендирани чевли што си ги купил во Виена, а сакаше да ги прошверцува на скопскиот аеродром без да ги пријави за царинење. Цариниците му ги најдоа и конфискуваа, но утредента проработија телефоните и Бојан си ги доби назад. Тој сепак еден ден ќе мора да плати царина - според законот. А законот, како што би рекол Заев, важи за сите, зарем не!?

8. Охриѓани и сите ние, се соочуваме со невидено насилие што ни го приредува Исламската верска заедница (ИВЗ), силно подржана од некој невидлив фактор во врска со минарето од Алипашината џамија. Поглаварот на ИВЗ толку многу е осилен што си дозволи да ја уценува власта упатувајќи соопштение за јавноста со категорички, уценувачки закани дека изградбата на 32 метарско минаре е "свршен чин" и заканувајки се дека во "700 џамии ширум Македонија ке соопштел на верниците некаква порака пред изборите"!? Што треба да значи сето ова? Дали во Македонија е во напредната фаза на исламизација, или...?

Никој не е против верските слободи во нашава земја!!! Дури и во Отоманската империја постоела верска толеранција (Крст џамија во Охрид, црквата Света пречиста Кичевска каде под еден кров истовремено се молеле и Христијани и Муслимани....), но на лудилото со минарето на Алипашината џамија во Охрид треба да му се застане на пат.

Ги охрабрувам Охриѓани ако треба со жив ѕид да го спречат ова дивеење и беззаконие, додека не профункционира правната држава. Ако воопшто профункционира, се прашувам!?

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.