Среда, 03 Април 2019   
Малку правда, многу прашања, премногу политика

Vesna Atanasovska-Manevska 2Весна Атанасовска, Дипл. Политиколог

Малку правда, многу прашања, премногу политика

Професори, политичари, аналитичари,новинари, студенти, граѓани, еден куп интелектуална клапа постојано ги решават проблемите во Македонија. Прв и основен е проблемот со веќе променетото уставно име. Милион загодочни прашања, кој има право да преговара за нешто што е со устав загаранитирано. Дали некој кој го погази уставот денес бара истиот највисок правен акт да биде почитуван од граѓаните е смешно и нелогично.

Од каде преговарачите или заговарачите црпат легитимитет и си дозволија да преговараат за име на држава односно да го променат? Нели ова се повреди на човековите права на еден народ, на една нација, нели правото на самоопределување го гарантира меѓународното право, еден куп деклараци, спогодби итн. Јас велам : За решавања на национални прашања треба национален консензус, во спротивно ќе биде оспоруван од сите оние кои не биле вклучени во целиот тој процес. Правен или политички спор? Малку правда,многу прашања,премногу политика. Ми се чини повеќе политика во мојата татковина отколку реална вистина.

Сите коалиции го носат предзнакот За Македонија, За подобра Македонија, сите на избори се ЗА европска Македонија, прават се за да државата да станела дел од големата Европска унија, да била интегрирана. Прават мостови од зборови, но никако да изградат мостови од дела, со чесни исклучоци на политичари кои оставија белег во своето владеење. Но кога власта е преслатка, а апетитот станува преголем. Политичарите треба едно да знаат дека тие им служат на граѓаните, тие служат да ги спроведуваат политичките програми за кои се избрани, нивните ветувања пред граѓаните, и нормално додека се занимаваме со најголемата болка Промената на нашето уставно и Претседателските избори кои се во тек а веќе ни стана секојдневна тема, економијата е занемарена, јавниот долг во 2018 е зголемен за плус 415 милиони евра наспроти долгот за 2017. Водењето на ваквата погубна политика резултира со зголемување на иселувањето на се поголем број наши сограѓани.

Рамковниот договор. Една од темите во Албанскиот блок која постојано се третира е токму тоа, Рамковниот договор. За меѓународниот фактор Охридскиот договор е столб за Демократските процеси, но не ја спомнуваат никогаш постапката како тој договор е потпишан.Дали е под принуда и сила или можеби како договор постигнат со терор и притисок. Никој од овие меѓународни преставници кои ни наметнуваат услови за реформи во судството, почитувањето и владеењето на правото не се запрашал: Дали овој рамковен договор подлежи на ратификација од Собранието-претсавничко тело и дали со таа ратификација би требало да стане составен дел од правниот поредок на државата. Дали подлежел на редовна собраниска процедура? Дали Рамковниот договор е уставен? Малку правда,многу прашања,премногу политика , најмалку почитување на правото и од домашните и од меѓународните политичари кон Македонија. Сите навидум загрижени за правото на граѓанинот, непочитување на меѓународнте норми и стандарди во сферата на слободите и правата на граѓанинот. Едно говорат декларативните сосем спротивно во практичните заложби.

Се научивме дека пред правото е политиката, таа го трасира патот на секоја држава. Сите се повикуваат на демократијата, но немаат ни Д од демократија. Народот не треба да дозволи да биде манипулиран, треба свесно и објективно да размислува. Демократија е власт на народот.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.