Среда, 10 Април 2019   
Со Гордана, горди Македонци!

1 1aСвекрва

Со Гордана, горди Македонци!

Менувањето на називот на таблата на Владата, потоа отсуството на гардата и избегнувањето да се интонира македонската химна за време на пречекот на грчкиот  премиер Алексис Ципрас, покажува дека со Заевистите, Македонија повеќе не е суверена држава. Тоа го потврдуваат и најавите дека Грција ќе го штити македонски воздушен простор.

Овие настани, како и настаните кои се случуваат во земјата и соседството, непосредно пред и на самиот почеток на претседателската кампања во земјата, укажуваат дека овие претседателски избори се многу важни за опстанокот на македонскиот народ и држава.

Со Стево Пендаровски зад кој стојат Заевистите и ДУИ, иднината на Македонецот не му е розова. Од друга страна, со изборот на Гордана Силјановска, зад која стои ВМРО ДПМНЕ, Македонецот може да ги зачува виталните државни и интересите на македонскиот народ.

Поради важноста од резултатите на овие избори. центрите на моќ, преку своите инсталации во СДСМ и албанските партии, спротивно на вољата на народот, ќе се залагаат за победа на конзесуалиот кандидат Пендаровски или изборите да пропаднат. За да се извлечат од црното сценарио кое му се припрема, Македонците треба масовно да излезат на избори и да гласаат за Силјановска. Нејзиониот избор може да го спречи потпалувањето на огнот на Балканот.

Имено, Западот си игра со оган во регионот. Во Грција ги потикнува мигрантите на Балканската рута, а на Косово решавање на прашањето со српските општини на северот на земјата. Така, не долго по објавувањето насоки од страна на  Фондацијата УСАИД за Македонија и мигрантите кои ќе транзитираат по т.н. Балканска рута за полесно да се интегрираат во земјава, со опција за започнување на подобар живот, во Солунско поле почнаа да се собираат мигрантите за да тргнат кон грчко-македонската граница. Првичните судири и спречување од страна на грчката полиција, не значи дека наскоро нема да има наплив на мигрантите на јужната граница.

Додека некој подготвува повторно да се отвори т.н. Балканска рута за мигрантите, тензиите се зголемуваат и во Северно Косово. Во втората половина на месец март Британија, САД и Германија, преку соопштение ги предупредија своите државјани да не патуваат во Северно Косово, односно поради нивната безбедност да не патуваат во Звечан, Зубин Поток, Лепосавич и северниот дел на Косовска Митровица.

Предупредувањата на Лондон и Вашингтон, случајно или не, се поклопуваат со одржувањето на заеничката вежба на специјалните полициски сили на Македонија, Албанија и Косово под името  „Вестерн Балкан флеш” или „Блесок на Западен Балкан“, во скопската касарна „Ѓорче Петров“. Ова име многу посетува на името на акцијата на хрватската армија „Блесок“ со кој во минатото беа протерани Србите од Хрватска.

Ако имаме во предвид дека албанската војска со косовската војска веќе двапати имаа војни вежби на Косово, а албански офицери ја посетија Косовска Митровица и Северно Косово, со цел за да се запознаат со теренот, тогаш се поставува прашањето дали Западот подготвува нешто. Со оглед дека не му се гледа крајот на преговорите меѓу Приштина и Белград, дали ќе има некаква акција која ќе го заплаши српското население да си замине од општините или ќе го запали регионот.

Мирисот на барутот се чуствува во воздух, но дали навистина и кога ќе се случи, зависи од однесувањето на другите чинители. На подготвувачите на сценариото многу им се важни претседателските избори во Македонија. Нив во Македонија не им одговара претседател кој ќе се грижи за националните интереси, за македонскиот народ и мирот во земјата. Нив на тоа место им требаат полтрони од типот на Заевистите, кои ќе ги спроведат нивните замисли за регионот, без разлика на жртвата која треба да ја поднесат Македонците.

Меѓутоа, центрите на моќ од каде се влечат конците на балканските игри, забораваат дека овде живеаат Балканци и дека во еден момент може да им се извлече се од контрола, па огнот да го зафати и нивниот дебел задник сместен во фотоља. Сите како да забораваат дека Првата светска војна започна на Балканот, па потоа продолжи со Втората, а ако продолжат вака да си играат со огнот на Балканот, ќе се истребиме сите со Третата светска војна.

За да не се случи тоа, не смее да се дозволи Македонија да биде монета за поткусурување и не смее да има претседател кој ќе прифати се што му се сервира од белосветските дипломати кои тука сакаат да градат кариера не водејќи сметка за животите на овдешното население.

Македонија мора да има преседател кој како и во минатото ќе знае да каже НЕ и кој ќе ги брани интересите на македонскиот народ. Македонците мора повторно, по срамот кој го претрпеа со Преспанскиот договор да си ја вратат гордоста и да му кажат НЕ на кандидат на Социјалдемократите Стево Пендаровски. Ако сакаат да станат горди Македонци тогаш нека излезат масовно и нека гласаат за Гордана Силјановска Давкова.

Со Гордана ќе си ја вратат не само гордоста, туку и мирот и просперитетот во земјата зошто таа како жена и правничка ќе знае да го среди нашиот дом, но и правно да се спреви со сите зулумќари.

Според досега покажаното, Гордана е вистинскиот избор за шеф на државата. Дека е така покажа и првата дебатна емисија, во која се преставија кандидатите за претседател на Македонија.

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ и ДУИ беше не само под нивото на Блерим Река, кандидат на албанските партии Алијанса за Албанците и Беса, туку спрема Гордана Силјановска беше како ученик. Тој суште не ги научил основните лекции за да може достојно да ја води државата.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.