Среда, 10 Април 2019   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ IV

Martin Trenevski

М-Р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

     1. Немарност, или свесно подметнување? На 7ми мај годинава нашата земја ќе биде почестена со посетата на Неговата Светост (НС) Папата Франсис, која посета според мое мислење е од огромно значење. Станува збор за посета на духовниот татко на една милијарда и половина Католици ширум светот и шеф на државата Ватикан.

     Посета на НС Папата Франсис е медиумски настан на денот во глобални рамки - Македонија kе биде главна тема на денот ширум светот(!!!), бидејки вообичаено неговите патешествија ги следат стотици новинари од сите можни медиуми (весници, списанија, радио и ТВ куќи, новински агенции....).

     Подготовките за посетата се во полн ек под превезот на максимална тајност (од безбедносни причини, се разбира)! И се ќе беше во ред доколку не се појавеше една фалинка од организаторот на посетата - македонското МНР: На веб страницата за посетата: poseta.papa.mk, во графата за акредитација  на странски новинари, текстот и прашалникот се напишани на англиски и  б у г а р с к и  јазик!?

     Иако на македонското МНР, кое е носител на активностите за подготовка на посетата на Папата, им е укажано на овој гаф, досега ништо не е превземено тоа да се променени!!! Небаре во нашата земја званичен јазик е бугарскиот, а не м а к е д о н с к и о т!? Случајност или немарност, не знаеме, но одговорот треба да го даде хаотичното и крајно непрофесионално МНР!

     2. Исламската верска заедница (ИВЗ) била бесна на Владата на РМ заради одолговлекувањето на процесот за враќање на имотите што, наводно, нејзе и припаѓале!? И замислите, во подолгата листа на имоти што ИВЗ ги побарува се Сули ан и Капан Ан во старата скопска чаршија!? А да ги праша човек дотичните од ИВЗ: по кој основ ги бара овие објекти кои немаат никаква допирна точка со религијата, туку се недвојбено од световен карактер - а н о в и, т.е. некогашни гостилници (служеле како караван-сараи за одмор на трговците на маршрутата од Стамбол до Дубровник...), не знам дали ке можат да дадат некој логичен одговор!

     Работата се сведува на она класичното: Грабај - ако се може!?

     3. Дилемата: Ќе добиеме ли конкретен датум годинава за почеток на преговорите за членство во ЕУ доминира во кампањите за претседателските избори. Власта е категорична дека тоа е сосема извесно, а опозицијата вели дека нема да добиеме.

     Според мој извор, многу добро упатен во случувањата внатре во ЕУ, тоа НЕМА да се случи и тоа главно заради фактот што Македонија како земја-кандидат е ставена во група со Албанија!? Повторно според мојот извор: Франција како земја-основач на Европската заедница, денес Европска Унија, во догледна иднина  н е м а  да дозволи влез на Албанија во ЕУ. Со други зборови, Македонија е "колатерална штета" на ваквата ситуација и доколку сака да оди напред  м о р а  да се избори да биде одвоена од Албанија и да биде вреднувана индивидуално што, впрочем е и едно од основните правила за од кои се раководи ЕУ оценување на кандидатите за членство во Унијата.

     Ова сознание треба да допре до надлежните во актуелната влада, но дали ќе биде прифатено е неизвесно поради факот КОЈА личност во Владата на РМ е задолжена за започнување на преговорите за членство во ЕУ!?

     4. Некојси поранешен премиер на Косово лансираше неодамна пробен балон со идејата за формирање конфедерација помеѓу Косово, Албанија, Црна Гора и Македонија!? Идејава ми звучи во стилот (како што би рекле соседите од северот): Што је баби мило - то јој се снило.

     Не знам дали ова е автентична идеја на предлагачот од Косово, или некој друг преку него ни порачува свои политички концепции и видувања, во секој случај истата тврдам дека е нереална! Пред се заради преголемата недоверба меѓу некои од споменатите субјекти. А за надминување на надовербата потребни се цврсти докази, дела и однесување, а не зборови.

     5. Кланот Заеви си регистрирале фирми во Бугарија. Но кога медиумите ја провалија работава, следеше објаснување дека тоа го барале нивните партнери за експлоатација на рудникот за злато Иловица, и тоа наводно според правилата на ЕУ. Дали е тоа така или не, едноставно не знам!? Но прашувам: Ало, Заеви, имате ли насит? Колку уште фирми ви се доволно? Триесет, четириесет...? Или ви фали во семејниот клан само уште рудник за злато и да бидете задоволни? Дали ви е познат терминот етика и конфликт на интереси? Очигледно не!

     6. На повидок е уште еден голем скандал поради злоупотреби на поединци високо позиционирани во власта, со уцени на деловни субјекти и други беззаконија на деловни субјекти во државата. Станува збор за следното: Грција најави дека намерава да инвестира 500 милиони евра во енергетскиот сектор во РМ за изградба и проширување на мрежа на компримиран природен гас (Compressed Natural Gas - CNG). Всушност се работи за кредит/заем што минатата година ЕУ и го вети на Грција за изградба и проширување на нивната мрежа за дистрибуција на компримиран природен гас штп Грција намерава да го инвестира и од него да профитира во Македонија!? Тоа е глобален тренд за автомобилската индустрија што користи гас како гориво а што е за две третини поветин од бензинот и почист за околината. Значи, очигледно тие средства Грција сака да ги уновчи преку Македонија.

     Некои персони, високо позиционирани во актуелната влада (нивните имиња се познати на редакцијата), виделе добра можност да се заработи преку овој проект со парите на ЕУ (демек: бонбона бизнис) и за таа цел советник на Премиерот за енергетика отвара своја фирма (CNG Systems) која издејствувала ексклузивен договор со бразилската фирма Галилео што произведува опрема за дистрибуција на CNG I LNG (течен природен гас). Македонската фирма, наводно, веке има договор за купување опрема од бразилскиот партнер за пет милиони евра наменета за македонскиот пазар и тоа преку посредничката чешка фирма ТЕДОМ (има гласини дека бразилците добро потплатиле поединци во Владата на РМ да купуваат опрема исклучиво од нивната фирма).

    Спорно во сета оваа операција е што владини службеници ги условувале заинтересираните македонски компании да купуваат и с к л у ч и в о  бразилска опрама, во спротивно ке имаат проблем за добивање лиценца, т.е. дозвола за инсталирање опрема и продавање на компримиран природен гас!!! Друг проблем е што најголемиот дистрибутер за горива во земјата Макпетрол веќе набавил и инсталирал опрема за CNG (компромиран природен гас) во неколку бензински пумпи во Скопје и Куманово, од фирма од Италија, што произведува иста таква, но многу поквалитетна и далеку поевтина опрема по лиценца од американскиот гигант Џенерал Eлектрик.

И повторно да нагласиме: Според познавачите на оваа материја, американско-италијанските производители на опремата за CNG се неспоредливо поквалитетни, далеку поевтини од бразилските и гарантираат квалитетен сервис, т.е одржување на опремата за разлика од бразилците!?

     Како и да е, ни преостанува будно да го следиме и овој криминален и коруптивен гешефт на актуелните властодршци, а очекувам и реакција по допрен глас и од Антикорупциската комисија.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.