|
|
Дали да го критикуваме Реисот или да го пофалиме? |
Александар Џеповски Дали да го критикуваме Реисот или да го пофалиме? Колку и да се навредливи зборовите на Реисот, толку заслужува внимание за самоанализа и самокритика. Една одредена група на луѓе, како најефтини проститутки на улица продаваат име, црква, јазик, идентитет за пусти пари. Ете и Јуда за 40 сребреници го предаде Исус и ништо не создаде освен негово лично самоубиство. Значи, тоа со еден збор се врвот на СДСМ и нивни верни полтрони. Но најповеќе што боли и се однесуваат како поголеми проститутки од комуњарските се сите оние што се фатиле за рака со нив во име на ЕУ и НАТО. Молкот на народот и пасивноста на секој еден Македонец кој замижува и не реагира а воедно ербапски се самозадоволува со некое евро од страна не водејќи сметка за националниот и сопствен геноцид од страна на Западот преку институции како ЕУ и НАТО...ги прави ЗБОРОВИТЕ НА РЕИСОТ ТОЧНИ И ОДМЕРЕНИ, ЗА ЖАЛ. Дали сме див народ? Па гледајте колку сме диви со тоа што на избори ќе добијат кафе, наполитанки,шалче и пенкалце и оп ... се фатија на замка, како дивите племиња кои не виделе надворешен свет илјадници години. Ова го чини скапо народот, сега кога сме можеле и можеме се уште трезвено да се организираме и водиме држава а не да мислиме како да дрпаме и кого даизмајтапиме за да му земеме некое евро. Затоа, нека бидат поука зборовите на Реисот и нека повели во секое време да критикува ама со срце кажано како и последнава критика. Кога МПЦ молчи и се прават поголеми татари од Бугарите, Реисот барем на овој или оној начин нека освестува Македонци без разлика колку тоа боли или не. ЕДНО ЗНАМ ДЕКА САМО ГОСПОД СЕГА МОЖЕ ДА ЈА ЗАЧУВА МАКЕДОНИЈА. АМИН !!! |