Среда, 17 Април 2019   
Гостивар денес: град на духови

kolumna-gostivar

Гостивар денес: град на духови

Последниов период сѐ повеќе време поминувам помеѓу моите гостиварци. Ова е град познат по соживотот на повеќе етноси, религии, нации. Соживотот никогаш не бил доведен во прашање, тој траел, трае и ќе трае. Проблемот на сите гостиварци е првенствено иселувањето, масовна чума која го празни градот

Заборавајќи на сите добра што ни ги нуди нашата цивилизација, со нагла потрошувачка на духовните, за сметка на материјалните, преплавени од информации како резултат на современието, современите процеси, заглавивме во културен мрак, дехуманизација. Оттргнувањето од традицијата, политизирајќи ги сите апарати што се во функција на институциите, полека но сигурно нè води кон смрт, умираме во беда, културна беда, економска.

Дали нашата локал-патриот гордост не ни дозволува да си дадеме простор да се самокритикуваме? Или можеби тоа е резултат на политиката која е навлезена длабоко во сите обрасци на дејствување? Силно ги нагласивме тенденциите кон профит, присвојување, моќ и доминација, а заборавивме на примарниот интерес, ориентиран кон заемна соработка и силен напредок, независно од која било политичка организација, институција и сл.

Последниов период сѐ повеќе време поминувам помеѓу моите гостиварци. Ова е град познат по соживотот на повеќе етноси, религии, нации. Соживотот никогаш не бил доведен во прашање, тој траел, трае и ќе трае. Проблемот на сите гостиварци е првенствено иселувањето, масовна чума која го празни градот. Тоа, од друга страна, е предизвикано од невработеноста, која ги демне сите делови на републикава, па и Гостивар.

Ако се навратам 30-40 години наназад, градот ги уживал сите добра што ги поседувал, материјални, духовни. Ако општината во 1948 година имала околу 7.900 жители, во 1981 имала околу 30.000 жители. Наглиот економски развој придонел градското јадро да се зголеми за речиси 22.000 жители, тренд на раст, кој спротивно од денес, уживал во магијата на многустраноста, креативноста, интуицијата, успеси, култура. Магијата на убавите времиња сега е минато, сегашноста нѐ води кон рационалност, бариери, бирократија, непотизам, омраза. Дали нашите обиди да се приспособиме на информациите што непрекинато доаѓаат до нас нè водат кон самоуништување?

Сложениот и динамичен систем кој е реалност во развиените земји нè насочува на туѓи вредности, начин на живот, кој полека, но сигурно нѐ води во лавиринт во кој се губиме, во и онака безмилосниот современ свет, кој ни наложува нови, непознати вредности. Гостивар во 1981 година имал околу 30.000 жители, денес едвај има 18.000. Истата таа 1981 година економијата ја базирал на гиганти како што се: Силика, Жито Шар, Готекс, Декон, Мермери, Стаклара, Горни Полог, многубројни угостителски и услужни – трговски фирми и сл. Денес? Денес во градот единствено на големата невработеност ѝ се спротивставуваат фирми кои можеме да ги наброиме на двете раце.

Периодот од 70-тите до 90-тите години бил културен рај за гостиварци. Културни збиднувања имало за сите: млади, стари, традиционални и современи групи на жители. Кога ќе се присетам дека во 1993 година гостувала култната група ,,Екатерина Велика“, функционирал ракометниот клуб ,,Агро Производ“, кој се натпреварувал во Втората југословенска лига, фудбалски и кошаркарски клуб кој ги полнел салите, гостиварци дури биле принудени на ,,слатки“ маки.

Музиката и спортот се сеприсутни, ги имаме на улица, на слушалките од нашите мобилни телефони, насекаде каде што има бучава, тие се дел од нашето секојдневие, дел од нашиот мозок и перцепција, често резултат на позитивни, некогаш и негативни искуства. Тоа се предности кои ги носи современието, постмодерната доба, но дали ние сме спремни да ја следиме?

Денес во градот едвај да живее културата - спортот, музиката. Сведена на маргините на општеството, бедата навлегува во сите клетки, институции. Во и онака малкуте музички настани, турбофолкот е втемелен во сите аспекти на секојдневието. Горд сум на КК ГОСТИВАР, како и секој друг гостиварец, клубот е еден од ретките борци што ја заживуваат културата денес. Тоа, пак, од друга страна ни укажува колку воопшто нема никакви збиднувања, па гостиварци едвај чекаат да дојде викенд и да почувствуваат нешто поинакво, ново, кое со години го немаше. Меѓу другото, со културната беда се бори и младинскиот клуб, театарот ,,Дунек“, на кој мора да му се оддаде почест, тука се и спелеолошкиот клуб ,,Кораби“, КУД ,,Браќа Гиновски“, легендарната рок-група ,,Ареа“, експерименталната рок-група ,,Протагонист“, која едвај и да настапува ДОМА. Дали тоа е доволно? Пресудете сами!

Соочено со молох од информации и глобални проблеми, човештвото станува безначајно, немоќно и дезориентирано. Архаичните структури на човечките суштества доаѓаат на површината и во одредени околности можат да се манифестираат со неочекувана бруталност. Дали ситуацијата, која толку ги деформира учењето и искуството на човекот, неговата ориентација и вредности, сѐ уште е култура? Зар не е повеќе „псевдокултура“, која станува мотор на инволуција наместо на оригиналниот механизам кој ја обезбедува еволуцијата на човекот?

Автор: Даниел Ѓорѓевски, археолог

https://www.fakulteti.mk/news/14042019/kolumna-gostivar-denes---grad-na-duhovi?

 

На прво место

News image

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен.

Историја

News image

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Иселеници

News image

Академикот Ферид Мурад – американски нобеловец (10)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Култура и туризам

News image

Триумфални порти (арки) во Битола

Триумфални порти (арки) во БитолТриумфални порти (арки) во Битола

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (22)

ПЛЕМИЊАТА  ЈОНЦИ И МИНОИ ОД МАЛА АЗИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.