Среда, 17 Април 2019   
Заевистите се гробари на некогашната славна Македонија

1 1aСвекрва

Заевистите се гробари на некогашната славна Македонија

Мојот избор e правна и горда Македонија!

Во текот на четири години, откако во февруари 2015 година ја фрлија првата т.н. „бомба“, Заевистите ја уништија Македонија. Со помош на надворешните центри на моќ тие ги поткопаа темелите на македонската држава, направија бинационална држава, му го одзедоа сувереното право на народот да одлучува, му ја одзедоа историјата и му го сменија името и идентитетот на македонскиот народ. Со намалување на економскиот раст, со неотварање на нови работни места, со стагнација на платите и намалувањето на пензиите, ги избркаа младите и луѓето на средна возраст од земјата. Едноставно, во стилот на урбаната мафија, со бркање на луѓето од земјата, ја подготвија територијата на Македонија за распродажба на соседите.

Меѓутоа, Заевистите не успеја целосно да му испорачаат на центрите на моќ конечни резултати. Актуелниот претседател на државата Ѓорѓи Иванов, сеуште не ги има потпишано Законот за јазиците и Спогодбата од Преспа, така да тие не се валидни,

Иритирани, Заевистите сите карти ги фрлија на престојните претседателски избори. Тие се свесни дека ако сега ги изгубат претседателските, ќе ги изгубат и парламентарните и локалните избори. За да истите ги добијат ги ставија македонските патриоти во прангии, ги осудија на двеста и единаесет години робија, „како во пусто турско“ за да го заплашат народот. Меѓутоа, ниту го заплашија, ниту можат да го спречат својот иден пораз, бидејќи народот не простува.

Сепак во борбата за претседателската фотеља и контролата на законодавната, извршната и судската власт, зачудува фактот што избор за претседателски кандидат на СДСМ е Стево Пендаровски кој веќе еднаш ги изгуби претседателските избори во 2014 г. Тој не е добитна комбинација во моментите кога на Заевистите им треба претседател од нивните редови за да се потпишат донесените нелегални закони и спогодби, спротивни на Уставот и законите, со што ќе се стави крај на македонската држава.

Доколку се дозволи да се продолжи со разорни сплетки на Заевистите, името Македонија на светската карта набргу ќе биде избришано и ќе остане во историјата како некаков спомен, а гробиштата на Македонците ќе бидат преорани и ќе се најдат  во земјата на заборавот.

Сегашните власти се најголемо зло кое се има досега појавено и кое прети како цунами да избрише се што е македонско. Во земјата веќе не владее правото, туку силата. Властите прескокнувајќи ги законите, свесно или несвесно работат на нејзино раздробување и погребување. Едноставно тие се гробари на некогашната славна Македонија.

Македонија е тажна и се прашува дали тоа се навистина нејзини деца, кога можат така лесно да се откажат од неа и да прифатат да ја нарекуваат со погрдните имиња, како што порано беше  Поранешна (ПЈРМ) или сега Северна (Република Северна Македонија).

Ние како Македонци, без разлика на етничка, верска или полова припадност, треба сложно, заеднички да го избркаме ова зло кое се надвиснало над Македонија. Затоа е потребно да се обединиме зад еден кандидат за претседател на кого можеме да му веруваме дека  може да го врати правото и достоинството на македонскиот народ, Дајте да го развиориме македонското знаме на победата и да ги фрлиме во заборав од нашата прадедовска земја сите кои со интриги не делат, етнички не караат,

Во иднина предводник и носител на победничкото знаме ќе биде жена.

Ако денес жените се носители на редот во нашите домови зошто да не избереме жена за претседател, која ќе стави ред во државата, односно ќе допринесе одново да се воспостави Уставниот и законодавниот поредок во земјата.

Во изминатите претседателски дебати, кандидатот за претседател поддржан од ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Дафкова покажа дека е за неколку скали над Стево Пендаровски кој трча во претседателската трка. Стево Пендаровски не е човек кој има доволно знаење, а исто така заради своите определби и поддршката која ја има, нема да мож да ги засука ракавите за да се исправат неправдите направени врз македонскиот народ.  

Во минатото синовите и ќерките ја бранеа Македонија од злосторниците со пушка во раката. Денес тоа треба да го направат со гласачко ливче. Потребно е масовно излегување и без страв да се заокружи името на Гордана Силјановска Дафкова која ќе биде мајка на нацијата. Бидејќи досега имавме само татковци, сега е редно да добиеме мајка на нацијата, која ќе знае и умее како да се справи со своите немирни и непослушни деца и меѓународната задница, сочувувајќи ги националните интереси.

Мојот избор e за правна и горда Македонија, што ја нуди единствениот женски кандидат Гордана Силјановска Дафкова.

 

На прво место

News image

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен.

Историја

News image

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Иселеници

News image

Академикот Ферид Мурад – американски нобеловец (10)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Култура и туризам

News image

Триумфални порти (арки) во Битола

Триумфални порти (арки) во БитолТриумфални порти (арки) во Битола

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (22)

ПЛЕМИЊАТА  ЈОНЦИ И МИНОИ ОД МАЛА АЗИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.