Среда, 17 Април 2019   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ -V

Martin TrenevskiМр Мартин Треневски, поранешен министер и амбасадор

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ -V

Почитувани читатели на порталот: mn.mk: во рамките на рубриката "Цртички и отровни стрелички" овој пат се одлучив да ви понудам само една, ама вредна (барем така мислам) цртичка и, според мене, многу отровна стреличка.

А за кого би се однесувала, ако не за кандидатот за претседател на државата Стево Пендаровски (Бога ми, ваков редок спесимент би требало да се клонира!!!).

Дознаваме дека гореименуваниот кандидат за претседател во жарот на трката за номинација за позицијата кандидат за претседател на републиката одел на средби со дипломати од висок ранг со папка в'раце полна со исечоци од весници со кои настојувал да го валка ликот и делото на неговиот најсериозен противкандидат за таа позиција (со полициско досие во Велика Британија за поседување на поголемо количество дрога), самобендисаниот Никола Димитров!?

Редакцијата на порталот mn.mk дознава дека дипломатите-соговорници на Стево Пендаровски со запрепастување реагирале на пројавата на новата дисциплина во дипломатијата - "папка дипломатија", со која еден кандидат за одредена висока државна позиција лобира за подршка против својот противкандидат со исечоци од весници и други печатени материјали!?

Ваквото однесуванје на Стево Пендаровски за познавачите на приликите во нашата земја не изненадува бидејки станува збор за самобендисан тип без скрупули кога станува збор за задоволување на неговите болни амбиции, иако самиот нуди лимитирани можности и потенцијали.

Можеби токму и заради тоа Калето него го одбра за консензуален кандидат на СДСМ и ДУИ, а не Никола Димитров, за го заокружи сценариото за разнебитување на Македонија по сите основи, и буквално по сите основи!!!

Дури и помошникот на државниот секретар на САД и поранешен Американски амбасадор во Македонија Филип Рикер се забра од преку океанот лично да им даде на знаење на одредени структури во СДСМ кои негодуваа(т) за изборот нив да ги претставува токму лицето Стево Пендаровски, кој е изборот на Вашингтон!.

Во овие околности на ДУИ само му беше дадено на знаење што и како да прават (во спротивно фајлите, или бомбите од прислушкувањето што се однесуваат за поединци од кај нив ќе испливале на виделина).

А на крилото од СДСМ кое се противи на изборот на Стево Пендаровски за клониран, пардон, за консензуален кандидат не им преостанува ништо друго освем и понатаму да жалат и да протестираат што не е почитувана нивната воља, туку преовлада вољата од Вашингтон. Тие уште повеќе ќе жалат по катастрофата што го очекува Стево Пендаровски на 21ви април и конечно на 5ти мај, кога народот ќе го каже својот збор.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.