Среда, 24 Април 2019   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - VI

Martin TrenevskiМ-р Мартин Треневски, поранешен министер и амбасадор

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - VI

1. Европратеникот и поранешниот висок Југо-дипломат, Словенецот Иво Вајгл, деновиве ни укажа на една грда реалност за која  веќе пишував пред три недели во порталот mn.mk. Имено, според Вајгл, имало "една незгодна работа" кога станува збор за евроинтеграциите на Македонија, а тоа е: дека за неа се зборува во пакет со Албанија!!!

Токму така, многу грда реалност што ја наметна самиот Брисел, односно некои членки во ЕУ кои своите погледи кон состојбите и процесите во нашиов регион, или поточно во поедини земји во регионот, го наметнаа како официјален став на Унијата.

Ставот Македонија да се третира во ист баскет со Албанија е не само необјективен, туку може да се смета  и како навреда за нашата земја. Македонија не е производител и извозник на дроги и криминал за разлика од Албанија, од каде потекнува подземјето кое веке завладеа во повеке европски метрополи!

Од друга страна, во Македонија сепак се случуваат некои позитивни промени (реформи) што секако треба да се препознаат и почитуваат од факторите во Брисел.

Дека третирањето на Македонија со ист аршин со Албанија е баласт што не позиционира да стоиме во место, или да се придвижуваме со чекори од желка укажа еден многу добар британски познавач на приликите во ЕУ кој констатира дека Македонија е "заложник" и "колатерална штета" од ситуацијата во Албанија. Но, за да се корегира оваа невозможна ситуација и да се избориме да не вреднуваат според постигнатото (merits not words) треба и самите да сториме нешто.

За жал, нашиот министер за надворешни работи е преокупиран со забави во диско-клубови и очигледно тоа не му е приоритет. 

2. На линија на претходната цртичка е и иницијативата на група пратеници во Парламентот на Холандија кои го изгласаа барањето за враќање на визите со Албанија, поради „зголемениот албански криминал“, како што е наведено во барањето. Според тиранската телевизија Топ-чанел, оваа одлука и дава право на Владата на Холандија да се обрати до Брисел, бидејќи последниот збор во врска со барањето за враќање на визниот режим за албанските граѓани го има Европска Унија.

Во барање на пратениците за укинување на визите за албанските граѓани е наведено дека тоа е неопходно поради видно зголемување на криминалот од страна на албанската мафија во Холандија и дека албанските криминални организации ја злоупотребувале можноста да патуваат без визи низ Европа и да ја шират нивната мрежа на прекуграничниот криминал. Според прaксата во ЕУ, Владата на Холандија треба да поднесе барање до Европската комисија за започнување на процедурата за итно укинување на визната либерализација за Албанија. Исто така, се тврди дека наводно, голем број Албанци кои пристигнувале во Холандија како турсти се вклучувале во трговија со дроги и шверц на луѓе кон Велка Британија.

3. Од Бугарија ништо ново! Повторно присвојување на нашата историја и значајни личности и настани од нашето славно минато. Дознаваме дека неодамна во Софија била одржана дебата (небаре немаат други проблеми за да се занимаваат) на тема:"Чиј е Гоце Делчев?! Уште за оценките за Илинден 1903., 115 години подоцна", на којашто било едногласно заклучено дека Гоце и Илинден им припаѓале на бугарската историја!?

Улога на воведничар во публикацијата издадена по тој повод бил поранешниот претседател Парванов кој предупредил (!) дека "Во Скопје не можеле премногу долго да градат идентитет врз лажна историја", додавајки при тоа дека "како што Македонците покажаа разбирање за грчката историја, така треба да постапат и во однос на заедничкото минато со Бугарија".

Еурека! Каде лежел зајакот!!! Значи, конечно, Парванов ни ја откри болката на бугарската историографија и политика: aко сме можеле да "покажеме разбирање" за грчката историја, така сме требале да постапиме и, според него, некакво заедничко минато со Бугарија. Како прво, диктатот што ни го наметна грчката страна а се содржи во актот на капитулација потпишан во с. Нивице беше прифатен и верифициран со потписот на еден шарлатан (Никола Димитров) со полициско досие во ЈуКеј (Велика Британија), персона без елементарно чуство за национална припадност. Тој акт од Нивице во никој случај не е нешто што е општо прифатено од македонскиот народ и еден ден секако ке биде предмет на ревизија.

Од друга страна, не знам за какво "заедничко минато со Бугарија" блада Парванов! Не спорам дека во минатото постоеле одредени влијанија, па дури и мешање од бугарска страна во нашите домашни случувања, но таквите дејанија да се квалификуваат како заедничко минато е вистинско безумие кое историчарот пок. Драган Ташковски со право го нарекуваше "културен паразитизам".

Патем, и самите ние им даваме повод на Бугарите како стрвинари да се нафрлаат на нашето славно минато, кога на чело на македонскиот дел од мешовитата меѓувладина комисија за историјата е (според тврдењето на истражувачкиот новинар Блаже Миневски) "авторитетот" Драги Георгиев кој има напишано - замислите: дури САМО ЕДЕН авторски труд!!! Гротескно, зарем не!?

4. Минатиов викенд патот ме водеше кон скопската општина Чаир, а натаму возев по споредниот пат  покрај покрај касарната Илинден. Не дека и порано не сум поминувал покрај касарната и не дека не сум знаел што се има таму, но овој пат навистина се згрозив од сликата што ја видов: покрај коловозот импровизиран канал по кој течат фекалии, купишта секаков отпад на секој чекор, импровизирани тезги на распаднати приколки каде се нуди се и сешто, а старци со вреќа-две пред врата нудат компири или патлиџани!? Но врвот на шокот секако беше небаре урбаната општина Чаир низ која прокрстарив по неколку улици и што да видиш: претрпани со ѓубре контејнери, опкружени со ридови секаков отпад, непрепознатливо зеленило покриено со пластични кеси и хартии, и, и, и......

Не ме чуди што е прогласена епидемија на морбили во земјата, но со овие грди реалности просто не ми се верува како во градов што пледира да е европска метропола до сега не се појавила колера.

Градските татковци најверојатно ќе се правдаат дека (не)хигиената во Чаир (и не само во Чаир) е проблем на самата општина Чаир!? Но господо градски татковци, Чаир е дел од Скопје и вие не можете да бегате од вашиот дел од одговорноста за (не)чистотијата во главниот град во целина!!!

Зарем воопшто помислувате дека Европската Унија ќе ви/ни даде датум за почеток на преговори за членство со нечистотиите на сите страни? Почнете да го чистите сметот, работете нешто за што сте платени, а не само да мислите на тендери и профит!

5. Градоначалничката на Тетово Теута Арифи беше иницијаторка на средбата на колеги градоначалници-Албанци од Црна Гора, Косово, Албанија и Македонија. Во нормални околности, на пример во земјите од Бенелукс, вакви средби би биле нормална и полезна работа, но во околностите какви што се во регионов, иницијативата неодминливо асоцира на поентирање на онаа сулуда идеја за некаква си голема Албанија!? Градоначалничката Арифи важи за интелектуалка, универзитетски професор и редно е конечно да се ангажира за решавање на барем некој од бројните проблеми со коишто се соочуваат житетите на општина Тетово, во прв план (не)хигиената во градот што е под секое ниво!

Претпоставувам дека токму (не)хигиената во Тетово не беше искуството што Теута Арифи го сподели со градоначалниците на албанските општини во регионов!?

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.