|
|
СЕ’ Е ПРЕОДНО, СЕ’ СЕ МЕНУВА, САМО МАКЕДОНИЈА Е ВЕЧНА |
Александар Џеповски СЕ’ Е ПРЕОДНО, СЕ’ СЕ МЕНУВА, САМО МАКЕДОНИЈА Е ВЕЧНА На П ни била судбината - Пендарко и Папата. Некои велат пу да ти се плукнам на среќата, некои велат двајцата да се гонат во пи на квадрат, прашање е колку проценти во Македонија се среќни од овој избор со П? Прво, дали бојкотирачите за ПИ се освестија дека тие се клучот за поразот ? Почитувани мои Македонци, без договор меѓусебен и почит на одлуката, омаловажување на желбите на оние што скапуваат во затвори за Македонија и арогантниот однос на секој еден да изиграва поголем Господ од Исус, со еден збор ПРОПАЃАМЕ како народ. Среќа ќе биде ако останеме Северна, за Македонци како име ќе сонуваме и на крај ќе останеме ветрушки изгубени со виорот. Дозволивме еден предавник кој не се качи во авион со Трајковски и не најде за сходно да му каже нему и на останатите да не се качува во авионот, занемарувајќи колку деца сираци ќе останат. Сега тој е Председател, но никогаш мој, прав или Македонски Председател за мене лично. Папата треба да размисли и да оди кај неговите свештеници кој со својата педофилија имаат најлош имиџ во цел свет. Прво тоа нека го реши, па после да дојде и да каже кои се Кирил и Методи, дали да прифатиме и еден имигрант и што е најважно да признае дека Грција постои само од 1831, Бугарија и Србија од 1878 и Албанија од 1913. Тогаш ќе речеме нема проблем. Пендарко и Папата треба да знаат зошто М е поголема буква од П. Македонија ја уништи Персија па овие двајца се ситна риба. СЕ’ Е ПРЕОДНО, СЕ’ СЕ МЕНУВА, САМО МАКЕДОНИЈА Е ВЕЧНА. АМИН!!! |