Среда, 08 Мај 2019   
Македонскиот народ уште еднаш му даде црвен картон на политиката на Заевистите

svekrva-novaСвекрва

Државната изборна комисија (ДИК) излезе со првичните  резултати од вториот круг на претседателските избори, Од вкупно запишаните 1.808.131 избирач, на гласање излегле 844.360 граѓани, или 46,7 отсто. Од нив за Пендаровски гласале 436.212 граѓани, а за Сиљановска Давкова 377.713.

Согласно член 121 од Изборниот законик за претседател на Републиката нов претседател е Стево Пендаровски. Со неговиот избор, народот наместо правда, ќе добие полтрон кој ќе ги исполнува желбите на Заевистите и ДУИ.

Заедничкиот кандидат на СДСМ, ДУИ и коалицијата Стево Пендаровски победи во вториот круг на претседателските избори во Македонија. Тој ја победи Гордана Сиљановска-Давкова, кандидатката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со 58.499 гласови разлика.

Најголемата разлика во гласовите Пендаровски ја доби во албанските средини Сарај, Чаир, Боговиње, Желино, Врапчиште, Дебар... По инцидентите во ИВЗ, во изборниот процес имаа влијание не само албанските партии, туку и исламската верска заедница, што му донесе на Пендаровски стотина илјади гласови на Албанците.

Стево Пендаровски на должноста претседател на Македонија треба да стапи на 12 мај, кога му истекува вториот мандат на актуелниот шеф на државата Ѓорге Иванов. Првата работа, како што самиот најави ќе биде да ги потпише указите на необјавените законски решенија кои беа повторно вратени во собраниска процедура од страна на актуелниот претседател Ѓорге Иванов.

Таа ќе биде плаќање на првата фактура која ДУИ му ја испорачаа на Стево Пендаровски и неговиот поддржувач Зоран Заев. За добиените 100.000 гласови од ДУИ, со кои  победи на овие избори, Пендаровски ќе треба да потпише низа договори кои се во интерес на Албанците (на пр. Законот за употребата на јазиците и др). Пратеникот Артан Груби отворено го потсети Заев и Пендаровски дека за победата им должат на ДУИ. Тој веднаш по вториот изборен круг на својот фејсбук-профил напиша дека „Али Ахмети и ДУИ прават Претседатели на Собрание, Али Ахмети и ДУИ прават Премиери, и Али Ахмети и ДУИ прават Претседатели на државата. Без Али Ахмети и ДУИ не ја бива работата...“

Меѓутоа, тоа ќе биде само прва фактура од трговската зделка меѓу лидерите на СДСМ и ДУИ, која новиот претседател треба да ја плати. Од сето ова, очигледно е дека Пендаровски нема кичма да ги заштити националните интереси на државата за разлика од досегашниот претседател Ѓорги Иванов. Инаку, во текот на својот мандат. Иванов имаше доблест да се спротистави на низа притисоци и отворено да ја каже вистината за македонското прашање. Сепак, на крај од својот мандат, доколку не сака Иванов да има темна дамка за време на своето претседателствување, треба да им помогне на жртвите на специјалната (хибридна) војна која центрите на моќ со домашните колаборационисти ја спроведоа во земјата во текот на изминатите години со цел да се смени името на земјата и идентитетот на македонскиот народ.

Иако претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова изгуби на овие избори, таа е вистински победник.

Тоа го потврдуваат освоените 377.713 гласови и победите во голем број на Скопските општини и поголемите македонски градови. Овие гласови на поддржка на Силјановска и ВМРО ДПМНЕ покажаа дека македонскиот народ не се сложува со политиката на Зоран Заев и СДСМ. Да не беа гласовите во албанските општини, Пендаровски никогаш не би победил.

По референдумот, на овие претседателски избори македонскиот народ уште еднаш му даде црвен картон на политиката на Заевистите.

И покрај сите опструкции од актуелната власт (уцени, притисоци, прогон на членството, замрзнување на имотот), со оглед на освоените гласови на овие претседателски избори, ВМРО ДПМНЕ покажа дека се консолидира и дека сериозно се враќа на политчката сцена. Партијата заедно со Гордана повторно ја вратија довербата на народот кој бара враќање на правдата.

Претседателските избори ветуваат дека СДСМ катастрофално ќе ги изгуби следните избори. Затоа не треба овој пораз трагично да се сфати, туку да биде мотив повеќе, Гордана и ВМРО ДПМНЕ заедно да работаат за да се победи на следните избори и македонскиот народ да се ослободи од оваа социјалдемократска не народна власт.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.