Среда, 22 Мај 2019   
Дојде време да се спасува Македонија од Македонски изроди

1 1aСвекрва

Дојде време да се спасува Македонија од Македонски изроди

По осамостојувањето на Македонија во 1991 година, Македонците од сите делови на поделената македонска земја, високо го кренаа знамето против балканските влади коишто го тероризираа и угнетуваа македонскиот народ. Овие власти, особено Атина, беа во тревога бидејќи самостојната македонска држава можеше да стане пиемонт за обединување на поделениот македонски народ. Соочени со предизвикот да го вратат она што неправедно му го одзедоа на Македонците, тие изработија план за уништување на македонскиот народ и држава.

Но, за жал планот беше изработет и со Македонци, предавници на делото на својот народ.

Повеќе од две и пол децении овие предавници на македонското дело од внатре ја уништуваат својата земја.

Сегашната власт, дојдена со помош на центрите на моќ, се спрема да го зададе последниот удар врз сопствениот македонски народ. Со предвидените уставни измени тие ќе го сменат името и идентитетот на Македонците, а со корекциите во македонската историја ќе ги уништат корените на постоењето на македонскиот народ.

За да се расчисти патот кон оваа цел, актуелната власт со помош од надвор ја активираше законодавната власт, целата полициска сила, судството и други капацитети. Денес не ги убиваат Македонците како во минатото, но лесно властите ги острануваат македонистите кои пречат.

Едноставно под разни изговори денес се апсат Македонци само затоа што гласно изјавуваат дека си ја сакаат земјата, дека се дел од македонскиот народ и дека ќе го следат аманетот на своте претци кои својот живот и коски ги вградиле во темелите на македонската држава.

Но тука не престанува политичкиот прогон, Оваа денешна власт некои пак ги остранува од земјата за да може потоа да ги етикетира дека се кукавици, дека не се интересираат за своите соборци и дека ги оставиле луѓето на цедило!

Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров со своето делување, како што се: прифаќањето на Тиранската платформа, Договорот со Софија и Преспанската спогодба со Грција, успеаја да му нанесат удар на македонскиот народ и македонското движење. Ударот е голем бидејќи се остранети некои од македонските водачи.

Бесмислено е да се прогонуваат македонските дејци, зошто со секое остранување на еден се раѓаат нови два. 

Оттука, делото на Заев и Димитров против македонскиот народ наиде на отпор, на кој му се придружуваат нови сили. Тие го превзедоа паднатото знаме и сега со сонцето од Кутлеш повторно маршираат низ улиците.

Нема лидери, нема имиња, сите се едно, сите станаа војводи и комити, сите се за Македонија и се против променетото уставното име.

Засега овие сили не носат жолти елеци, но искуството не учи дека набрзо случувањата од Париз и Брисел можат да се пресликаат или прелеат на македонските улици.

Светлиот спомен за пролеаната крв на македонските револуционери во минатото ги повикува сите Македонци денес да ја продолжат борбата за Македонија.

Дојде време да се спасува Македонија од Македонски изроди и да се спасува од побрканите сметки на балканските соседи. 

Алармот е вклучен. Македонците се на нозе!

Македонскиот народ не смее да дозволи група изроди, грандомани и среброљупци, да ја претворат Македонија во пепелиште при што ќе страдаат два милиони народ само заради соседните земји.

Никој не може да ги уништи Македонците!

 

На прво место

News image

Епа среќна нова 49та. Заеви управуваат со милијардите на граѓаните

Ане Лашкоска: Зоран Заев вчера се устоличи во Султан

Историја

News image

Грчка пропаганда во Македонија

Грчка пропаганда во Македонија

Иселеници

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (28)

ОВЕКОВЕЧЕНИ УСПЕСИ НА ЕСМА СО НАГРАДИ, ПЛАКЕТИ, ПРИЗНАНИЈА...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (14)

ЕОЛСКОТО ПЛЕМЕ МИНИЈЦИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.