|
|
Го прочитав статусот на Љубчо Георгиевски посветен на делот за Драган Богдановски |
Го прочитав статусот на Љубчо Георгиевски посветен на делот за Драган Богдановски и Христијан Мицкоски. Жално е да се гледа како "војводата" се пенави во улога на слуга на Заев. И се знае дека тука суштината е преку груба и неоснована лага, да се додвори на Заев, и тоа врз невистина, врз информација која никогаш Мицкоски не ја изговори. А вистинското прашање е зошто Љубчо сега го напаѓа ВМРО, зошто лепи неосновани етикети на Мицкоски за некаков ген со неговиот претходник,а во исто време е на страната на Заев, во стилот на некој дволичен инфорбировец. Одговорот упатените велат лежи во лукративноста на авторот, но за мене она што е уште попоразително е во исто време да се седи во скутот на Заев и да се говори за историјата на ВМРО-ДПМНЕ! Драган Богдановски не дојде на основачкото Собрание на 17 јуни 1990 г. затоа што немаше патна, тогаш сеуште ЈУ исправа. И, ако таткото на детето не бил во болницата кога се породило, сепак е татко, нели? ПОКОЕН ДРАГАН БОГДАНОВСКИ е ИНИЦИЈАТОРОТ И ИДЕОЛОГОТ НА ВМРО-ДПМНЕ П.С Немој барем ти да говориш за улогата на Драган Богдановски кој ниту сега ниту за сто години нема да можеш да се доближиш ниту до неговата сенка, а не пак повеќе. Драган се декларираше за Македонец, и беше Македонец, од глава до пети, и даде се за нашата партија и кауза. Љубчо не може да се пофали со тоа. Бог да го прости и Вечна му слава на Идеологот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Богдановски Мане Јаковлески |